Најверојатно составот на Пелистер за со Работнички: Пашовски - Брдаровски, Ковачев, Мојсов, Миленковски - Анастасов, Христов - Елмазовски, Љубенов, Љамчевски - Воденичаров...
Ко ќе видам вака и не е толку лош составот, најверојатно нема ни да играат бункер според последните тренинзи. Драгарот со ситна потврда, ништо страшно сепак ризикот е голем да не настапи следната недела со Вардар ако игра сега и недајбоже ја обнови. Деновиве односно утре-другиден најавена му е нова опрема (дресови и се останато шо треба по ПЉАЧКАТА шо се случи по натпреварот со Напредок, нови топки, опрема за тренинг, маркери,сталки итн. и се то од засега "непознатиот" германец, тој ќе ги пуштел наводно). Горан негде спомна дека џабе општината не го дава на продажба, то му е нож со две оштрици или ќе биди или не, ако не биди губат многу, па така мислам дека и има големи или најголеми шанси германецот (за шо праев муабет онака и со чоек од клубот поточно од стручниот штаб) сепак да не креваме џабе фама германци, италијанци итн... Од искуство некогаш и самите си претерваме, то ти е Битола, јас тука да спомнам некој од Катар, помини сабајле кај 11 часот ќе слушниш како сите го прат тој муабет
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
7ми паѓа во петок, 8ми сабота (не ми се верва да има нешто) недела ич, понеделник велат дека не се прај ништо со бизнис, тек дури вторник можи значи од 11 до 15 изгледа ќе се знај... Арно вели Горан, сме чекале години, децении па сега уште за малце... ама недајбоже, НЕДАЈБОЖЕ да не биди ништо е па тогаш има мамата да му се расплачи
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)