Шо се случува со Субрата Рој и Сахара груп?

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Му бараа да ги врати парите ги врати. Им даде и докази. Не му ги признавеле... После беше колку требал да врати. Ајде и тоа помина, им даде гаранции девижнини итн итн... Сега ајде покажи ни од каде се парите. Се само да се продолжи случајот и да се уништи Сахара. Па која фирма сака да покаже од каде и како се финансира и зошто? Убаво им одговориле Сахара, не се потребни такви информации, бурјум кажете на кој не му е вратено пари па да расчистиме. Ако јас ти должам пари и ти ги вратам што има да ти е тебе или на државата гајле како и од каде јас тоа сум го средил?[DOUBLEPOST=1393382012][/DOUBLEPOST]


Ма мене ми е гајле за Рој, само неќам кога се напаѓа без врска. Го отекоа човекот и ваму и таму а типот има толку многу направено за Индија да се ова е смешно. Најтрагично е на сите им е јасно што е и како е, и како се ова ќе заврши ама ете си тераат циркус.

За она чудово во езеро што треба да се гради веќе има детални планови и макати во влада. Јас сум убеден дека тоа има да се гради и дека Рој ќе ги изгради, али ај ќе видиме. Мене тоа баш не ми е по ќеф требаше во преспа или на друго место ама што да правиш beggars can't be choosers
Ти стварно не сфаќаш што се дешава?
Сахара Груп не ги врати парите на инвеститорите, затоа што инвеститорите не постојат.
Субрата ги има парите за враќање, ама ги нема инвеститорите.
Го фатија во лага, целиот судски процес е за да се покаже дека парите на Сахара Груп се црни пари, неиспрани.
Субрата пере пари за политичари и моќни луѓе во Индија, сите бомбастични инвестиции се фиктивни, правени во држави кои ги немаат доволно добро регулирано инвеститорските закони или намерно не ги регулираат мислејќи дека тоа ќе им олесни на инвеститорите, за да не може да биде он или Сахара Груп кривично гонети.

Субрата е во ќорсокак, ги има парите за враќање, ама луѓето на кои што мора да ги врати не постојат. Има црни пари кои не смее да ги покаже.

Најверојатно и затоа последново време почна да инвестира во хотели и недвижнини во Англија и Америка, ги префрлува парите на запад затоа што нема кај да бега во Индија.
 
Ма мене ми е гајле за Рој, само неќам кога се напаѓа без врска. Го отекоа човекот и ваму и таму а типот има толку многу направено за Индија да се ова е смешно.

Јако друже :D

Во македонски превод му доаѓа како да го браниш Минчо на железара. Или Штерјо.


Добро, да речеме нема услови за 20.000 крави има само за 5.000, што е проблемот тука ? Сфаќате ли дека и 100 крави да донесе пак е мрдање од мртва точка.

Мацко а он сам како приватно лице ќе функционира во МКД? Нема да му требаат договори со други фирми, да речеме струја, вода, транспорт, телефон, откуп, набавка, продажба? Или сам со 5000 крави ќе си функционира, сам со себе.
 
Грешка си. Законски никој нема право да ми каже како јас ќе си ги чувам парите дали во банка дали под перница или во сеф. Пари како кеш се legal tender значи можам со нив да плаќам и да бидам платен без да користам банки ако сакам. Вршам наплата и одплата на начин кој мене ми одговара а на државата за даночни потреби јас треба да и приложам сметка а не банкарски извештај.

Да потсеќа на мафија. Тука се перат пари на големо и тоа е јасно. Само што за тоа не го гонат (има поголеми риби умешано ако тоа клопче почне да се одмотува отидоа сите јабана) него го гонат за невратени пари кој неможат да докажат дека се собрани, ниту пак вратени. Што е уште посмешно неможат НИШТО да докажат освен дека се е во кеш направено за што имаат 40 камиони информации. За парите дека е лесно да се вратат лесно е. Сахара има 4600 експозитури што значи секоја треба да врати по некој пола милјон за 2 месеци или помалку од 10 000 долари на ден. Не треба ни да ги вади списоците, збориме за места како кратово, за еден ден сите ќе се нацртаат пред шалтер ко ТАТ во БТ на времето. Да не барам по нет има и слики од ова.
Штом случајот стигнал до врховен суд и од таму има пресуда - појќе враќање нема. тој е осуден и никој веќе таа пресуда не може да ја оспори. Ние до утре можеме да правиме прикаски како е тешко да си индиец, неписмен, без банкарска сметка а да си инвеститор кој од некое планинско село слегува со рака ориз и грутка сирење за по пат до градот да вложи во некои инвестициски проекти .......
Јас си сакам факти. Има пресуда во која јасно е нагласено дека мора да врати точно одредена сума пари ии то преку СЕБИ. Писмени се во Сахара? имаат адвокати? прочитаа пресуда? Тие ќе кажуваат дали пресудаа на врховен суд требала или не да се почитува и следи. И ние имаме врховен суд и пониски судови и закони и правила. И овде би оправдал така некој да прави?
 
Мацко а он сам како приватно лице ќе функционира во МКД? Нема да му требаат договори со други фирми, да речеме струја, вода, транспорт, телефон, откуп, набавка, продажба? Или сам со 5000 крави ќе си функционира, сам со себе.

Ќе функционира како и сите други бизниси во МК, ништо помалку, ништо повеќе. Телефон, струја и вода, бар мислам дека ќе може да си плати.
 
По правило, би требало да имаме почит кон сите заинтересирани инвеститотри, нели?
Ама инвеститор со реална издржана програма.
Добро, не ви се сомнителни сите вакви, имаше некој глумец за рудникот Бучин, преку некој каубоец од Тексас, после Моше со Сведмилк, па Субрата...
Све сомнителни фаци, кои се јавуваат со голема помпа и накрај ги нема

Без да навлегувам во колку пари има и колку е поштен, знам дека прикаската за фармата со 20,000 крави е ЛАГА. Едноставно немоѓуче...
Секој што е малку поупатен во таков бизнис или има основно познавање ќе го потврди тоа.Џумајлија нема теоретски основи да го овозможи тоа.
Еве што значат тие бројки:
BUILDING THE LARGEST DAIRY FARM IN EUROPE
4,000 milking cows
8,700 ha of farmland cultivated

Кога ќе се стави на оваа прикаска колку закуп треба да плати за земјата, а колку субвенции треба да земе од државата, ќе се дојде до интересна математика.
И експресно давање на државјанство.... :facepalm:[DOUBLEPOST=1393407717][/DOUBLEPOST]
.. Сведмилк беше утка но такви работи се случуваат, нормално имаше оштетени земјоделци на кои не им беше исплатено млекото но после тоа остана готов објект кој сега повторно функционира како млекарница. ...
Сведмилк не беше утка. Далеку од тоа. Сведмилк беше класичен криминал, долга и широка е ама, тие земјоделци на кои не им беше исплатено млекото беа помал проблем.
 
Последно уредено:
Субрата не се појавил во Врховен Суд до зададениот рок и потерница е крената за негово апсење (без кауција).

http://www.thehindu.com/business/In...-subrata-roy/article5729071.ece?homepage=true
http://profit.ndtv.com/news/corpora...arrest-warrant-against-sahara-chief-372865?fb

Може ќе ни дојде у азил у Македонија.
дај боже да го приберат.
 
Шит,навистина не се појавил ?! Фаранг и ја мора некако да ковимо неки планови да го одбранимо од ти лаги ... :D
 
Врховниот суд на Индија денеска издаде налог за апсење (без можност за кауција) на Субрата Рој, шеф на компанијата „Сахара“, јавуваат индиските медиуми. Контроверзниот бизнисмен, кој најавува големи инвестиции во Македонија, не се појавил на важното рочиште во Врховниот суд поврзано со враќањето на 4 милијарди долари на стотина милиони измамени мали инвеститори.

Сите портокалови преродбеници што го бранеа овој 27 страни да се извинат дури и на интернет и затварај тема.Останаа охриѓани без Дубаи.
 
Добро, да речеме нема услови за 20.000 крави има само за 5.000, што е проблемот тука ? Сфаќате ли дека и 100 крави да донесе пак е мрдање од мртва точка.
Ќе функционира како и сите други бизниси во МК, ништо помалку, ништо повеќе. Телефон, струја и вода, бар мислам дека ќе може да си плати.

Мацко имаш ли ти вака своја фирма да му ја понудиме на инвеститоров за соработка?
 
Ќе функционира како и сите други бизниси во МК, ништо помалку, ништо повеќе. Телефон, струја и вода, бар мислам дека ќе може да си плати.
Еден предходник на овој Субрата, ја заглави Тутунска банка и илјадници млекопроизводители. Односно вкупен долг спрема разни субјекти од 32 милиони евра...
Сега со овој Субрата можеби ќе имаме повеќе среќа, ама чисто сумњам. :rolleyes: Вака поштено делува човеков. :)
 
Еден предходник на овој Субрата, ја заглави Тутунска банка и илјадници млекопроизводители. Односно вкупен долг спрема разни субјекти од 32 милиони евра...
Сега со овој Субрата можеби ќе имаме повеќе среќа, ама чисто сумњам. :rolleyes: Вака поштено делува човеков. :)
32 милиони евра оштетени стотици приватни и правни субјекти, благодарејќи на мрдањето од место на стоте крави. Плати ли Сведмилк за струја, вода и телефон? Или немаше ни за нив?
 
Што мислите вие за вој Субрата Рој?Нели викаа нешто ке градел казина на вода и незнам шо уште во Охрид,од друга пак страна викаат должел пари го барале мултимилјардер ово оно.Шо е точно сеа кој знае.Еве последно шо видов за него е ова:
http://www.telegraf.mk/aktuelno/111499-indija-raspisana-poternica-za-subrata-roj

Вие шо мислите за него дали ке гради тоа шо викаше дали ке го апсат делете мислења.
 
Ja мислам се заебава дечково, не ми изглеа ко озбилна особа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom