Да увезе граор, детелина и луцерка е исто нелогично и не знам со која цел. Таа храна е кабаста. Не се исплати ниту е физички логично да се увезе толкава количина кабаста храна. Ако е и случајно можно во догледни години, литар млеко ќе го чини многу. Од друга страна пуштав претходно пресметки за храна, простор и вода. Потребна е површина од неколку стадиони за сместување и вода со цистерни оти овчеполието е сушно. Самиот напис погоре дава сомнеж дека се работи за измамници од причина што нема доволно вода за посевите, допрва ќе се прават испитувања дали и колку има подземна вода, а читаме изјави за веќе набавка на 20.000 крави. Ова се надуени изјави, а со која цел?А што ако има други подобри начини на одгледување храна на пример или ако планира да увезе? Од кај па ти знаеш што он планира. Цела наука е тоа која да бидеме реални кај нас во МКД никад не била ни разработена. Еве ти едно добро интервју. Типот планира да направи вегас од охрид и да ја има најголемата сточна империја во свет со 2,5 мил грла. Ова во МКД исто и со туризмот му е само стратешка инвестиција, он цели да извезува кон Дубаи и арапскиот свет каде има огоромен пазар со индијци... Не е глуп.
http://www.business-standard.com/ar...ey-re-welcome-subrata-roy-112081400021_1.html
Без разлика на тоа, тој е криминалец кој ветувал многу и во својата земја, но им ги собрал парите на луѓето. Се изнавидовме вакви бизнисмени од типот дојди собери оди си ...впрочем каде се 60-те милиони споменати во договорот за првите годинаипол