Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    733
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
еее колку револуции имало насекаде низ светот, па и таму.
Oва што се случува во Украина не е револуција, туку квазиреволуција
Квазиреволуциите се дел од специјалната војна
Квазиреволуциите се препознаваат и разликуваат од вистинските револуции, по тоа што немаат програма или суштествени барања - немаат општествена цел.
Ќе појаснам со примери: 1789 во Франција Револуцијата имаше цел да се укине феудализмот и воведе граѓанско општество
Во 1776, Револуцијата во САД имаше за цел: независност, република, човекови права....
Не е револуција ако некој почне да бара и да пука да се симне мурта а да се качи курта - што се случи во Украина
Во моментов се обвинува Русија дека планира воено да интервенира во Украина и дека ММФ и ЕУ ќе дадат пари. Следете како понатаму ќе одвива оваа операција
http://lokalno.mk/sad-stravuvaat-od-putin-za-raspletot-za-ukraina/
http://republika.mk/?p=207393
 
Ф

Флеш

Гостин
Ај шо сорта на народ сме,глупо ми е веќе ... 41 страна за "драмата" во Украина свртевме,Индиска серија се сторивме ... заклучок: Трагикомедија е ...
Уше ќе мелиме за ова ... истото го превртуваме и го збориме цело време ... Украина искрено многу наивни испаднаа,смешни 2 милјарди евра од неУеУ и Сад ... и Тимошенко како утешна награда која им го "бапна" со повлекување од политиката,сигурно поради избегнување на крадењето, шо многумина викаа дека е "невина" ... Нејзината партија веќе не е влијателна доволно,изгуби мнозинство во парламентот,ја напушти ја неколку приврзаници ... Сега и повеќето Украинци со руско потекло уште повеќе ќе ја потопат државата поради "предаството" кон Русија .... Русија има сега иако ќути,полека да гаси вентилот ... Чича мича,Украина е готова приказна ... жал ќе ми биде многу само за Украинскиот фудбал што многу ми се допаѓаше,квалитетен,уникатен со пишани дресови на македонската азбука ... Украина здравејте ...
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Смрт за зони и пајак воз: :pos: Француска револуција со план...појма немаш од историја. Похаотична револуција и со тон фракции од француска револуција нема. За 10 години се смениле монархисти комунисти националисти и воена диктатура. ОК си е украинската револуција барем теоретски. Несакаат да се под руска доминација. Тоа е кристално јасно и тоа е тоа. Сега што има контрареволуционери има секаде тоа.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Благодарам на комплиментот....
Но никаде не напишав план, туку цел.
А квазиреволуцијата во Украина е со план.
Промена на ова беше цел на Француската Револуцуја:



http://en.wikipedia.org/wiki/French_Revolution
 
Последно уредено од модератор:

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
И Украинската револуција има цел. Промена на проевропски курс на државата и излез од руска доминација. Друг проблем со Украина е што е банкротирана земјата. Слично како што била Франција тогаш. Не се зборува многу за ова ама ова со Украина има длабоки економски причини.
 
Последно уредено од модератор:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Е па јас сакам да одговориш :icon_lol: Дај да отвориме нова тема за ова оти некако претеравме на последниве страни
Неврзано на темава постојат веќе неколку дискусии во кои се наоѓаат и одговорите на овие прашања. Се’ што треба да се направи е да се консолидираат во една тема.

Ќе ја отворам како нова тема во форумот Историја па можеме постепено да ја пополнуваме.
 

CrookedYoung93

<3 Echte Liebe <3
Член од
27 април 2013
Мислења
295
Поени од реакции
198
Украина е со големина на Тексас (или колку површината на 23 Македонии), меѓутоа во изминатите три месеци движењето против украинскиот претседател Виктор Јанукович успеа да зафати простор од околу 10 градски блокови. Додека народот се убиваше меѓу себе, од една страна демонстрантите од друга полицијата, Јанукович го напушти главниот град Киев, претседателската палата е празна, Парламентот изгласа негова смена, и нови претседателски избори кои се закажани за 25 мај. Претседателот на украинската Врховна рада (општина) Олександер Турчинов вчера привремено ја презеде должноста претседател на државата. Турчинов, заменик на шефот на пратеничката група на партијата Баткившчина (Татковина), во саботата беше избран за претседател на украинскиот Парламент. - До вторник, 25 февруари, мора да биде постигнат договор за формирање на нова влада на национално единство. Преговорите за новата влада треба веднаш да почнат, истакнал тој. Инаку, Турчинов е близок соработник на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која со смената на законот и враќање на Уставот од 2004 година, беше ослободена од затвор. "Јас ќе бидам ваш гарант дека сите ваши барања ќе бидат исполнети. Сега се враќам на работа. Нема да пропуштам ниту една минута за да се почувствувате среќни во својата земја", му се обрати Тимошенко на насобраниот народ, седејќи во инвалидска количка. И германската канцеларка Ангела Меркел ја поддржува. Како што пренесува Ројтерс, во телефонскиот разговор, Меркел и честитала на Тимошенко што излегла од затвор, и изразила уверување дека нејзиното враќање на политичката сцена ќе биде еден од главните фактори за стабилизирање на ситуацијата во Украина, се наведува во соопштението, пренесува "Блиц". Таа е поранешна премиерка, и по напуштањето на затворот во Харов изјави дека ќе се кандидира за претседател на предвремените претседателски избори, и истакна дека треба да се зачува интегритетот на земјата, откако југоисточните региони со проруска ориентација, од каде е и базата на владејачката Партија на регионите и претседателот Јанукович, поотворено почнаа да го изразуваат незадоволството од развојот на ситуацијата во земјата, бидејќи безредијата и заземањето на државните згради кои доведоа до безредијата во Киев беа предизвикани од демонстранти кои потекнуваат од западните региони. Таа нагласи дека во никој случај не смее земјата да се подели, Украина не смее да си дозволи да се распадне на одделни губернии. Тимошенко на народот му се кажа оти отсега ќе гледаат "нови политичари", таа ќе биде нивни гарант дека никој нема да ги предаде, таа ќе ги запознава со се што се случува зад кулисите. "Како еден од политичарите, коишто не се покајуваат, сакам да ве замолам за прошка, сега сакам да ви се извинам за сите политичари. Сакам за сите нив да ви кажам дека политичарите досега не беа достојни на вас. Сакам да видете други политичари и други официјални претставници, за вашата чест да биде залог за новото раководство на земјата", изјави Тимошенко, и на својот првиот настап пред демонстрантите во Киев побара тие да не се враќаат дома, да останат на протести, бидејќи работата не е завршена. Тоа е обид за држење во тензија на украинскиот запад кој се соочува со отцепување и федерализација на економски моќниот југоисток кој е проруски расположен.

Во меѓувреме, настаните во Украина влегуваат во втора фаза. По внатрешните немири следи интернационализација, и отворено влегување на другите држави, кои имаат интерес од украинската разврска, во разрешницата на украинската криза. САД отворено го поддржаа превратот, воспоставување нова власт надвор од Уставот и спогодбата која ја потпишаа претседателот Јанукович и тројцата опозициони лидери Витали Кличко, Арсениј Јацењук и Олег Тјагнибок. И Европската унија ја призна новонастанатата состојба. Москва најави дека во случај на поделба на државата, тие воено ќе интервенираат во Крим, полуостров во кој имаат своја морска флота и етничка доминација. Белорускиот претседател Александар Лукашенко, сосед на Украина и прв сојузник на Русија, изјави дека ситуацијата во Украина е неодржлива, и дека мора да се врати уставниот поредок во државата на било кој начин. Тој го обвини Јанукович дека не бил способен и одлучен, и дека влегол во корупција заради бизнис интересите на својот син. Москва се откажа од украинскиот претседател, и не го прими на консултации иако тој во саботата барал да дојде во Москва. Наместо него, на консултации се повикани лидерите на регионите од југоистокот на Украина, пред се од Харков и Доњецк, а за нов лидер на југоистокот веќе сега се спомнува Михаил Добкин, од Харков. И полскиот премиер, како и германскиот министер за надворешни работи, изјавија дека решението во Украина е се уште далеку, и побараа формирање влада на помирување, односно влада на национален спас. Инаку, Москва се подготвува за противудар. Путин ни во Сирија не дозволи пораз, а далеку од можно е дека ќе прифати пораз во Украина, која е на неговата граница и каде, со победа на Тимошенко, сосема извесно во блиска иднина би го имал НАТО и западните војски на руските граници.

Како што пишува "Блумберг", рускиот претседател нема да и го сврти грбот на Украина, а првата причина за тоа е - гордоста. Путин во 2005 година кажал дека падот на Советскиот Сојуз е најголемата геополитичка катастрофа на 20 век. Од оваа гледна точка, како што пишува "Блиц.рс", повикувајќи се на "Блумберг", доколку тој дозволи Украина да излезе од руските орбити, тоа би значело дека Путин не е ништо подобар од Михаил Горбачов, кој беше претседател во времето кога се распадна советската империја во 1991 година. Втората причина, според изданието е трговијата. Путин сака Украина да и се придружи на царинската унија во која членки се Русија, Белорусија, Казахстан, а наскоро и Ерменија. Како што пишува српски "Блиц", рускиот претседател не може да и го сврти грбот на Украина и поради историјата.
Инаку, во текот на вчерашниот ден низ улиците на Киев беше мирно. Во центарот на плоштадот имаше неколку илјади демонстранти, а во текот на денот беше издаден налог за апсење на поранешниот министер за финансии Алкесандар Клименка и на поранешниот главен обвинител Виктор Пшонк.

НЕГОВИОТ ДОМ ГО КРАСАТ ОЛДТАЈМЕРИ
Јанукович ги подмитувал граничните служби во Доњецк

Виктор Јанукович во саботата се обидел да ги подмити граничните служби во Доњецк, да му дозволат на неговиот авион да полета, пренесува "Блиц.рс". Портпаролот на граничната полиција, Сергеј Астахов кажал дека приватниот авион кој сакал да полета немал дозвола. Кога надлежните сакале да ги проверат документите, ги пречекале вооружени луѓе, кои се убедувале со нив да го пуштат авионот да полета, а тие ќе им дадат парична награда за тоа. Портпаролот објаснил дека граничната полиција не ја прифатила понудата, а малку подоцна до авионот се паркирале две блиндирани возила, а од едниот автомобил излегол украинскиот претседател, кој го напуштил аеродромот.
Откако тој го напушти Киев на социјалните мрежи, најмногу на Твитер се појавија голем број фотографии од имотот на претседателот и домот во кој живее. Раскош, луксузни автомобили, олдтајмери, глисери се нештата во кои семејството на Јанукович уживал во последниве години. Во неговиот домот имало и мини зоолошка градина.

САД финансиски ќе и помогне на Украина
САД се подготвени да и помогнат на украинската економија, додека Русија најави дека одлуката за новата транша финансиска помош ќе ја донесе откако ќе биде формирана нова влада во Киев, изјавија министрите за финансии на двете земји во Сиднеј, каде се одржува самитот на Г-20. - Навистина во изминатите две недели размислувавме за купување на украински еврообврзници за две милијарди долари, но бидејќи политичката ситуација многу се смени, треба да сфатиме со која влада треба да соработуваме, затоа планираме да почекаме да биде формирана нова влада и да ја видиме нејзината политика, изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов. Тој истакна дека Украина ќе се соочи со плаќање на големите долгови, меѓу кои и долгот кон Меѓународниот монетарен фонд. Американскиот секретар за финансии Џејкоб Лу наведе дека САД се подготвени, заедно со другите земји, вклучително и Русија да и помогнат на Украина во реализацијата на реформите поради обновување на економската стабилност и враќање на демократијата и економскиот раст по тримесечните протести. - Украина е членка на Меѓународниот монетарен фонд. Доколку се обрати за помош, економска или финансиска, подготвени сме да и пружиме, изјави директорката на ММФ Кристин Лагард.

Сатанистите од Вашингтон полека клекнуваат земји кој граничат со Русија,нивниот единствен проблем на планетава,од кога ќе ја соборат секако "ако ја соборат" ќе биде многу другачие.А пак Русиве,ако дозволат да ја изгубат Украина,тогаш треба да ја пише у секоја книга Русија ко нај проста земја.Прашање:Дали според вас Украина ќе си биде со Русиве на новата влада или Америве..или евентуално поделена ?

Извор - http://vecer.com.mk/?ItemID=D84ABA7D87DCD14582ACE057AC8FC828
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Русите отсекогаш биле во Украина, си слушнал за Киевска Русија? И веќе има тема за тоа.
 

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
.... и дека ММФ и ЕУ ќе дадат пари. Следете како понатаму ќе одвива оваа операција
http://lokalno.mk/sad-stravuvaat-od-putin-za-raspletot-za-ukraina/
http://republika.mk/?p=207393
ММФ даваат пари само ако овие кои ги земаат исполнат едни услови нарекувани ''структурни реформи''. ММФ ќе бара, како дел од овие структурни реформи - намалување на пензиите, намалување на државните службеници, приватизација на државните и општинските фирми, намалување на бројот на војската, концесии на природните богатства и целосна либерализација на трговијата (читај да си отворат пазарите за западни стоки и трговски ланци). Овој филм веќе сме го гледале ние бугарите во Бугарија. Ова ќе доведе Украина до масовно намалување на животниот стандард, сиромаштија, емиграција. Сепак бирократите европедери нема да дозволат на украинците да работат слободно во земјите од ЕУ под изговор дека локалното население во Англија, Германија, Франција, Холандија се плаши од емигранти од Источна Европа. Можеш да бидеш сигурен дека ќе стане токму така. Големите земји во ЕУ не сакаат Украина како полноправна членка бидејќи тоа е голема земја со многубројно население а бројот на европратениците се одредува пропорционално на големината на населението. Со тоа голема популација Украина ќе има поголема тежина во Европарламентот. На ЕУ не им треба иден конкурент кој денес треба да спасуваат со многу пари бидејќи во моментов Украина практично е банкротирала држава со голем надворешен долг. На ЕУ им треба голем надворешен пазар кој да колонизираат, требаат им природни ресурси кои да експлоатираат западните фирми давајќи на украинската држава миинимални такси за концесија. Корумпираните политичари без разлика дали се од владејачките или од опозицијата дотераа украинскиот народ до положба од која тешко можат да се најдат решенија кои ќе дадат брзи резултати.

Кој е стигнал до таму да ги исполнува условите на ММФ добро не е видел. Ако украинските политичари исполнат сите услови на ММФ тогаш Украина ќе стане класична банана републик. Ова многу добро го знаат украинските политичари но не сакаат да земаат рускиот заем кој им предложи Путин само заради русофобската Западна Украина. Самите западни украинци наскоро ќе сфатат дека западот ќе ги излаже, тогаш истите тие момци со камуфлажите пак ќе излезат на плоштадите и овој пат ќе палат западните колонизатори. Бирократите во Брисел поим си немаат што значи украински националист. Со децении воено најспособна и опасна паравоена група со воено крило на териториjaта на Европа е украинската УНА УНСО. Тие имаат воено искуство во неколку војни и се многу поопасни од IRA и ETA.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.154
Поени од реакции
30.278
Западов ќе ги користи само една база да си стави САД, после ќе ги шитне како партали. Па и оваа лицемернава кокошка Тимошенко фатила да соли памет. Ќе се каат еден ден ама касно ќе биде, а цената ќе биде платена.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Три моменти се важни сега:

1. Кризата се превфрла Севастопол, седиштето на руската црноморска флота. Андреј Илраионов, поранешниот советник на Путин, ја споредува со кризата во Судетите (пред Втората светска војна) и слiчни историски моменти.

Иларионов тврди дека клучна работа е фактот што Министерот за одбрана на Украина, Лебедев, кој е на Крим, останува на власт до изборот на нов претседател на Украина - 26 мај. Дотогаш се очекува да има аншлус (припојување) на Севастопол кон Русија.

Иларионов вели успехот на планот на Путин за да има разврска на ситуацијата зависи од тоа дали Јанукович, за кого е издаден налог за апсење, ќе може да излезе од Украина или не. А
ко нема разврска, следи операција на силите верни на Лебедев да го ослободат Јанукович за една до три недели. Значи, времето работи против мирна разврска.

http://aillarionov.livejournal.com/622596.html


2. Новата Украиинската влада изјави дека ќе оди по патот на ЕУ, ги ослободи затворените, и сака добри односи со Русија на рамноправни основи:

Ukraine leadership vows to steer toward EU

http://www.dailystar.com.lb/News/Middle-East/2014/Feb-24/248293-ukraine-leadership-vows-to-steer-toward-eu.ashx

3. САД велат поделба на Украина не е прифатлива:

U.S. wants Ukraine to remain unified, cautions Russia

http://news.yahoo.com/u-says-39-grave-mistake-39-russia-send-154700499.html
 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Е па јас сакам да одговориш :icon_lol: Дај да отвориме нова тема за ова оти некако претеравме на последниве страни
Разговараме на субјективна тема. Дали Русија е добар сојузник си знаат молдавците, украинците и србите.

Таа оска Русија-Србија-Грција од секогаш ме загрижувала.

Имам неколку прашања за љубителите на Русија.

1.Како Русија и помогнала на Македонија во минатото?

2.Во 1945 година Тито (Хрват), сакајќи да ја ослабне Србија, од Вардарска Бановина создава СР Македонија.
Во 1947 година Тито, од истата причина, се договара со Георги Димитров од Бугарија, за припојување на Пиринска Македонија кон СР Македонија, признавање на македонскиот јазик и народ и припојување на западните делови од Србија (Ниш и Пирот) кон Бугарија?
Тој договор можеше да ја смени македонската историја.
Кој го запира тој договор пред да се оствари?

2.Која беше таа виша сила што во 1991 не спаси од окупација на Србија и Грција?
Како така лесно добивме независност?
Како плановите на Милошевиќ и Мицотакис за поделба на Македонија, не се остварија?
Која беше таа сила што им рече НЕ?
Отворив тема:

http://forum.kajgana.com/threads/Улогата-на-Русија-во-македонската-историја.72581/
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.311
Поени од реакции
7.045
ако се подели Украина едниот дел засекогаш ќе се зациментира во ЕУ и НАТО,ако остани ваква Русија има поголеми шанси да ја врати ЦЕЛА назад за не повеќе од 10 години кога ќе се види дека сценариото е обична ФАРСА.

знаеме дека Украина ни помагаше за време на конфликтот да добиеме сериозно воорожување,па ме интересира ние што добиваме и што губиме од сево ова.........штета ако губиме ваков сојузник..........
 

Kajgana Shop

На врв Bottom