Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво. Ми треба совет.. имам мали кученца од по 2 месеца, едното има проблем со коските (неможе да стои на нозе) му се виткаат, му зедов витамински апчиња кафортан и му ги давам редовно + пие кравјо млеко по 200мл, цица од мајката, и јаде варен ориз, но после 4 дена терапија, ситуацијата е иста, го масирам и пробувам да го застанам на нозе, но тешко :(
Дали некој знае, или да ми препорача некои други апчиња.. Молам за помош
Да, знае ветеринарот. Не му давај кафортан, однеси го кај ветот и прашај го за калциум да ти препорача и прашај го и за глукозамин. Или ако можеш да си дозволиш да купиш GAG таблети што ги произведува Canina.

Напоменувам, НИШТО ОД ОВА НА СВОЈА РАКА!!!
 
ZDRAVO NA SITE IMAM PROBLEM SO KUCETO VCERA KOGA GO SETAV JA PUSTIV I DA POTRCA MALCE I POTOA KOGA STIGNAVME DOMA VIDOV DEKA GO IMA SKRSENO NOKTOT OD LEVATA PREDNA NOGA SHO MU E GORE! MU TECESE KRV AMA NISTO PRETERANO I MU JA IZMIV SO VODA NOGATA SEGA DENES PAK KO SETAFME MU SE RASKRVAJ DALI E NESTO OZBILNO I DALI DA JA ODNESAM NA VETERINAR?
 
Последно уредено:
Здраво. Ми треба совет.. имам мали кученца од по 2 месеца, едното има проблем со коските (неможе да стои на нозе) му се виткаат, му зедов витамински апчиња кафортан и му ги давам редовно + пие кравјо млеко по 200мл, цица од мајката, и јаде варен ориз, но после 4 дена терапија, ситуацијата е иста, го масирам и пробувам да го застанам на нозе, но тешко :(
Дали некој знае, или да ми препорача некои други апчиња.. Молам за помош
Кафортан давај му откако ќе наполни 3 месеци.
Сега за овој период не ти треба Кафортан, туку ти треба чист Калциум.
Еден од најквалитетно избалансираните калциуми што можеш да го најдеш во Македонија е Калциум Мултивит, го има во Пет-Шоповите, и има пакувања од 50 и 30 таблети, дозата е 1 таблета на 10 кг. телесна тежина.

calcii-multivit.JPG

И нормално најважниот елемент е квалитетната исхрана.
Во овој момент е портебно да му даваш квалитетен дехидрат, Puppy формула.
 
ZDRAVO NA SITE IMAM PROBLEM SO KUCETO VCERA KOGA GO SETAV JA PUSTIV I DA POTRCA MALCE I POTOA KOGA STIGNAVME DOMA VIDOV DEKA GO IMA SKRSENO NOKTOT OD LEVATA PREDNA NOGA SHO MU E GORE! MU TECESE KRV AMA NISTO PRETERANO I MU JA IZMIV SO VODA NOGATA SEGA DENES PAK KO SETAFME MU SE RASKRVAJ DALI E NESTO OZBILNO I DALI DA JA ODNESAM NA VETERINAR?
Ќе и пројде како на куче. Али во секој случај, можеш да ја истретираш локално со бетадине за надворешна употреба или бивацин спреј.

За во иднина да немаш вакви инциденти, доколку кучето не довива редовни и долги прошетки на бетон (за да може да ги потроши сама ноктите, ма да и тогаш знаат да не се тршат, особено кај ротвајлериве), можеш да и ги кратиш ноктите. Доколку не можеш сам и немаш грицкалка за кучиња, однесија на вет, они мора да имаат. Некогаш знаат да ти наплатат 100 денари, некогаш ништо.
 
Колку пати годишно треба да се пари машко куче?
Не сум чила за правило колку треба, али знам дека може секојдневно да се пари ако му се дозволи (и тоа по неколку пати дневно)... и зависи колку е спремен малиот ;)
 
Сепак не е убаво,се истоштува приплодникот,спермата паѓа на квалитет и тн....
За кучиња не сум запознаен толку многу,ама на биковите што се во Институтот за репродукција во Автокоманда(кој btw се по 1600кг минимум тешки) им се зима само два пати неделно сперма,за да се зачува квалитетот.
Ok, факт е тоа, но прашањето беше годишно, затоа одговорив дека нема правило, нели на годишно ниво, затоа што спремни се на тоа секојдневно. Квалитет е друга работа.
 
Нека дојдат во парк да видат Ото колку пати ја спарува Астра :D
 
E да, он е веќе спремен младич- кога станува збор за згодната и сексипилна Астра:love: he can do it all day and all night long :pos:
 
Не сум чила за правило колку треба, али знам дека може секојдневно да се пари ако му се дозволи (и тоа по неколку пати дневно)... и зависи колку е спремен малиот ;)
И како се решава тој проблем, да му земеме и невеста на малиов изгледа ќе мора ќе си пие контрацепција таа, пошто кастрација не иде у обзир:cool:
 
Е па ако му земеш и невеста, ондак ќе си имаш проблем ако не го кастрираш. Ако живее заедно со женка, која ќе може да ја пари секојдневно, а веќе е спарен и знае што е тоа, душа ќе и вади, а воедно и на вас. Ќе откаже секаква послушност и само таму ќе му биде паметот. А за шо раса праиме муабет конкретно?
А иначе, ако му се погоди некоја подоминантна од него, може и да го оштети, да го здави, што значи пак проблем.
 
Па не знам, а иначе станува збор за многу мило мало малтезерче, мали раси се тие, и многу е весело и позитивно ептен е социјално и сака луѓе, и затоа кастрирање не иде у обзир, такво мило кутре никој не би имал срце да кастрира :love:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom