Владика Петар: Жените се виновни за големата стапка разводи во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата white_eagle
  • Време на започнување Време на започнување
Они себе си не се чувствуваат како лихвари. Оди во религија е видиш Мики што ќе ти рече. Демек за 50 денари ли си бе? Тоа е тој стил.
Тогаш таа девиза важи и разните гатачки, бајачки и Иван Исцелителот, или тука е поразлично, тука се официјално признати од државата и Господ, а овие се илегалци?

Мислам имам пишано на форумов, вака една жена плаќала нешто комуналии ли којзнае што било со голема сума и утредента задушница било и на гробишта кај маж и си зела лебот, пресекла со ножот, истурила црвено вино, промрморила памја, амин, мир, хмммм брмммм амммм, светост, рај, ѕвезди (оти тоа го кажуваат поповиве, 3 реченици се, ќе ги научиш за 2-3 помени) и си заминала. Што е попов, овластен агент да не е ? Поповиве по 500 денари бараат најмалце за помен/задушница, барем во ЃП на гробишта е така.
Па право да ти кажам, за 500 денари ќе научам книга да пејам, оти има неколку такви во годината 50 Евра ќе отидат годишно.
А има постари луѓе нема на внуците пари да им дадат
 
Мислам имам пишано на форумов, вака една жена плаќала нешто комуналии ли којзнае што било со голема сума и утредента задушница било и на гробишта кај маж и си зела лебот, пресекла со ножот, истурила црвено вино, промрморила памја, амин, мир, хмммм брмммм амммм, светост, рај, ѕвезди (оти тоа го кажуваат поповиве, 3 реченици се, ќе ги научиш за 2-3 помени) и си заминала. Што е попов, овластен агент да не е ? Поповиве по 500 денари бараат најмалце за помен/задушница, барем во ЃП на гробишта е така.
Абе за слава ти кажував да ми отвори дома ми зема 1000 денари. Плус трошок вино, брашно, зејтин, свеќи, икона пеена во црква и незнам какви додатоци. За да испее дома прво мине клисар на список те пишува, после мине Господинот да испее и тоа мора да платиш иначе јок пеење. 7 дена, 14 дена,3 месеци,6 месеци, година, на мртов човек пари прават. Еден погре е над 500 евра кај го има тоа. Кај е крштевка, венчавка, шо нема да земаат 5000 евра плата. Овие нашиве у пекол ќе вријат поголеми апаши само во Влада.
 
Абе каки поп ајде кој планира да се венчава за 50 евра ќе го испеам да им бутнам цена :D
Тооо Цеецооо, овај не бре, како чантаа попојне?:D
 
Абе за слава ти кажував да ми отвори дома ми зема 1000 денари. Плус трошок вино, брашно, зејтин, свеќи, икона пеена во црква и незнам какви додатоци. За да испее дома прво мине клисар на список те пишува, после мине Господинот да испее и тоа мора да платиш иначе јок пеење. 7 дена, 14 дена,3 месеци,6 месеци, година, на мртов човек пари прават. Еден погре е над 500 евра кај го има тоа. Кај е крштевка, венчавка, шо нема да земаат 5000 евра плата. Овие нашиве у пекол ќе вријат поголеми апаши само во Влада.
И за Велигден пеење дома, 200 денари. Еднаш му викам абе попе нели кој колку има нека даде? И баба ми се умеша тука, стандард стариве демек јаките верници :facepalm:Добро изанализирал авторов колку пари ти треба за свадба, сега чекам некој да обелодени за погреб колку ти треба во тандем со Бутел како игра црквава наша. 3000 евра најефтиното гробно место :pos: Сум и рекла на мајка ми, таа ме поддржува и за неа, ќе им речам и на децата мои, ако извадат нешто како крематoриyм, таму нека ме носат. Абе ајде, за таква блесава работа толку пари на апашиве и уште ќе ми проповеда попот на денот на Велигден литургијата трето дете и инвестиции.
 
Јас па со душа чекам поп или овие што ќе го фанат крстот што питачат по куќи да дојдат дома кај мене и најкултурно да ги отерам и попот и питачите во три лепе. Е сега штета цела фамилија тешка комуњара сме па поп нема припарено кај нас никогаш. Секогаш ми биле одвратни лицемерни створења, се сеќавам баба ми додека беше жива си веруваше и се и редовно викаше попови кај неа, а јас како мала се најдов во тој момент кога попот баеше / пееше / ја вајскреснуваше куќата или што и да прават крвопијци низ дома кога ти шетаат и оп keine ситно и му дава илјадарка fresh from the пензија а кусур е фешн но но... пара е тоа бе. :confused: Море и вие сте за ќутек ко што би рекол Амди Бајрам :D
 
А ти ќе и побараш пари за нешто, немам внучко.
 
Да се надоврзам на темата-е криви ќе се жените за разводите, мажите убаво може да си тераат и со жена и со швалерка, жениве нешто изведуваат... :icon_lol:. Јас на пример знам поп (мислам беше од Свети Димитрија црквата, после Камени), тој убаво женет, две деца, си имаше швалерка, мажена, исто две деца,-и тоа со години! Јас го запознав кога случајно отидов кај швалеркава нешто по работа, си беше кај неа на работа, си тераа кафе-муабет. Другаркава со којашто бев вика „Ма веќе не се ни кријат“. Што да речам, попска работа... :) А бе кај швалерката отиден беше во мантија, да има смајли што се крсти ептен добро би ми дошло сега. Важно не се разведуваат ни тој, ни таа, сѐ е според ПС.
Или велешаните си го знаат поп Ристески (мислам така се презива), газда, не поп :). Сум била и кај него, кога требаше да платам, демек, парите не ги зема со рака „Остави ги на маса, оти за црквата се“ :pos:Да не редам сега за становите во Скопје, куќата во Велес, колите и сл... од плата, на кредит ;).
И уште една слика ми е останата, на погреб, завршува со пеење и човеков му вика Колку треба, попе? и овој Му одговара Колку ќе дадеш... и стои со раката испружена, и не ја трга додека не му се види доволно. И на крај со торбичето дава да му се наполни од она „за душа“ (знам зашто мене ми дадоа да му наполнам) и уште ми вика „од конзервите и од кутиите стави“... таква горчина ми остана, аман ко ненајадени и ненапиени да се. Парите во џеб, торбата во рака и онака на брзање „Ај па вие да сте здрави и живи“ и гитла.
Да не зборам кога се испотепаа поповите на гробиштата во Бутел зашто едниот пеел „тезга“ на реон на другиов... ептен духовни луѓе, од далеку се гледа. Голем дел од нив се срам за верата (чест на некои чесни исклучоци).
 
И за Велигден пеење дома, 200 денари. Еднаш му викам абе попе нели кој колку има нека даде? И баба ми се умеша тука, стандард стариве демек јаките верници :facepalm:Добро изанализирал авторов колку пари ти треба за свадба, сега чекам некој да обелодени за погреб колку ти треба во тандем со Бутел како игра црквава наша. 3000 евра најефтиното гробно место :pos: Сум и рекла на мајка ми, таа ме поддржува и за неа, ќе им речам и на децата мои, ако извадат нешто како крематoриyм, таму нека ме носат. Абе ајде, за таква блесава работа толку пари на апашиве и уште ќе ми проповеда попот на денот на Велигден литургијата трето дете и инвестиции.

На близок другар мајка му почина пред пола година одприлика и со него бев цело време, за се’ буквално...зошто беше у делириум. 2500 беше пеењето на погреб. Попот подзакасни, дента пред тоа кога го закажувавме беше нацуцан до даска (а беше празник, знам дека имаа литургија некоја во црквата во Ѓорче). Свеки 1000 денари (цело купче ти даваат), гробно место 1200 евра мислам, па се тепаа од гробишта Ѓорче Петров (они се врзани со Бутел) и погребалното друштво, кој да ја прави плочата. Дечково во делириум, не знае каде се наоѓа а овие се мкљаат, кој да ја прави...па полиција ќе викнат едните, другиве се закануваат со телевизии....

Јасно ми е дека некој и тоа мора да го работи секој ден ама мора да разберат дека (фала богу) не ни умира секој ден по еден човек па и ние да се навикнуваме на тие ненормални работи.

Малку избегав од тема ама и сега ми се јавува фрустрација што не ги заклав таму....

П.С. Попот каснеше....и на крај кога испеа се’, другаров немаше ситно и му даде 3000 овој не му врати 500ка....
 
ајде ќе речеш потребно е одржување на црквите, плата за поповите бла бла – ама 100 евра бре за 15 мин ??? чист рекет

Епа да де, што не е јасно. Плата од 5 000 евра, ко што зема господин*2 Стефан.
 
Петар арно ви зборува, туку вие сте заспани и ви треба рендање. Жената е грешна и затоа е виновна за разводите, таа за нечестивиот работи и прва го грицна проклетото јаболко :mad:
 
И така додека не се дознало за нашите, да споделиме за комшиските попови како ја одржуваат религијата:
Бугарскиот епископ Борис сменет поради оргија со четири жени
Текст: Макфакс
Свет | 21 февруари 2014
bugarskiot-episkop-boris-smenet-poradi-orgija-so-chetiri-zheni-172840.jpg
Епископот на бугарската православна црква Борис, кој беше на чело на еден манастир во земјата, е сменет откако беше откриено дека оргијал со четири жени.

Епископот Борис, кој го предводеше вториот најголем манастир во Бугарија, е разрешен од должноста откако беше прогласен за виновен за вршење дела недостојни за неговата позиција, се наведува во соопштението од Светиот синод.

Снимката на која епископот е во сексуален однос со четири жени неодамна се појави на интернет, а делови беа објавени и во бугарските медиуми.
http://kajgana.com/bugarskiot-episkop-boris-smenet-poradi-orgija-so-chetiri-zheni

И вие манијачишта, апашишта и педофилишта гадни закони ќе кажувате:facepalm:

Кај бугарките нема лабаво, не една, не две туку четири наеднаш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom