Струмички карневал

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
За некој саат ќе појдеме, до сега не сум бил, кажите ми кај е шемата вечер?
 
Ќе има ли директен пренос???
 
Кој беше преги у PR Caffe имаше ного јака шема !! За некој саат ќе се излезе и се очекува страшна журка :vozbud:
 
Браво за Суперхикс, каква журка направија, без глас и нозе останав. (y)

ПС. Слаткарница Еми :vozbud:
 
Браво за Суперхикс, каква журка направија, без глас и нозе останав. (y)

ПС. Слаткарница Еми :vozbud:
Учествуваше во шутките?? :D Свака им част на момците, растур направија :vozbud:
 
Учествуваше во шутките?? :D Свака им част на момците, растур направија :vozbud:
Не не, мислам цело време бевме пред бината се додека не почнаа шутките, па се тргнавме на страна. :)
 
Мал извадок за оние што ја пропуштија забавата :D
 
Оваа година Струмичкиот карневал официјално започнува на 27 февруари (четврток) со концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“ во Центарот за култура „Антон Панов“ со почеток во 20 часот. Наредниот ден (петок) ќе се случи свеченото отворање на карневалот со максенбал и со избор на принц и принцеза на карневалот со почеток од 21 часот.

Во сабота, на први март ќе биде главната карневалска вечер и веќе традиционалната карневалска поворка која ќе парадира преку Булеварот Маршал Тито, ул. „Ленинова“ , ул. „Благој Мучето“ и плоштадот „Гоце Делчев“. Карневалската забава ќе трае цела вечер.

Во недела е традиционалниот детски карневал по повод „Прочка“. Парадата ќе биде на улицата „Благој Мучето“ и плоштадот „Гоце Делчев“ со почеток во 11 часот. Во понеделник програмата продолжува според традициите на чист понеделник и варење на бел грав и организиран ручек на отворено со почеток во 13 часот. Како што беше најавено на овој ден ќе се одржи и изложбата на карикатури посветени на карневалот и доделувањето на наградите во Центарот за култура од 19:30 часот.

1888530_794385850573371_1708532990_n.jpg
 
Последно уредено:
Овој е дефинитивно дешафка на коју барем едн пут у живот морате да отидете!!!
Лудило и урнебес, незабораван експирианс, нешто јако сс кое може да се гордее град Струмица а и Македонија. Мејд ин ЧушкоФренканезбург

Сеќам се како кроз маглу иако не беше маскиран како гуска, дека си гу замени јакну у Селект сс дечка од Куманоо кој има исту јакну и исто име како мене. Која коинциденција
Сеќам се дека маска ми беше кумановац у Струмицу, афтер беше најјак.Сакам па
Овуј годину неможу.Кој и да иде убао да си пројде
 
Ќе гледам на телевизија, немам намера да одам иако живеам во Струмица. И онака ништо не може да се види во живо, многу голема гужва е.
И исто така немам намера да се маскирам.
На крај, тоа е само уште еден пагански обичај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom