Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
@zocc заборавив да додадам еликсир, мислев на Elixir 5 Hydraulic Disc Brake.
Одлични кочници, не гледам зошто би ги менувал. Мој другар ги вози веќе некое време и одлично кочат.:)[DOUBLEPOST=1392844356][/DOUBLEPOST]
Кој носи FOCUS кај нас?
Мастерспорт
 
Последно уредено:
Дечки ме интересира ваше мислење околу проблем шо иам.
Ми се свиѓа еден точак али работава е шо има рамка XL и 29ки а ја сум висок 178цм, па ме интересира дали е голем или нема да смета. Нормално уште го неам пробано така да кој ќе пробаш најубоо е немора да пишувате.
Поздрав
 
4bpm.jpg

Украден е деновиве во центар на Скопје, ако некој случајно го види нека пише.
 
Дечки ме интересира ваше мислење околу проблем шо иам.
Ми се свиѓа еден точак али работава е шо има рамка XL и 29ки а ја сум висок 178цм, па ме интересира дали е голем или нема да смета. Нормално уште го неам пробано така да кој ќе пробаш најубоо е немора да пишувате.
Поздрав
Jaс мислам дека си М, можеби евентуално меѓу М и L.
XL не си никако, ама баш никако. ОК освен ако не си светски рекордер во должина и на ноги и на раце. ;)
pic101.png

Пробај извози пар пати по 20 километри и ако не чуствуваш дека сакаш трансплантaција на кичма, значи добар ти е точакот. :)

Одлични кочници, не гледам зошто би ги менувал. Мој другар ги вози веќе некое време и одлично кочат.:)
Наводно, многу одржавање барале Авид кочниците, као им паднал квалитетот последниве години. Наспроти нив кочниците на Шимано ги фалат многу, наводно (и практично) maintenance free.
 
Нема врска тоа, кој ти кажа ?? Сигурно некој што сака да ти продаде Shimano. Одржувањето е исто, разликата е само што Shimano користат минерално масло, а Avid - от глицерин. Ништо повеќе. Менуваш плочки и правиш блидинг. Тоа е тоа. Ти кажав и пред тоа, мој добар другар ги вози, немал никакви проблеми и кочат многу јако. Нови такви со ротори во комплет чинат околу 200 ЕУР (предна + задна) Инаку јас возам хидраулика Shimano Deore. Така да знам како се одржуваат и однесуваат и тие и тие. Ич да не се грижиш, ако се одржувани нормално и исправни, ќе ги возиш долго време. :)
 
Не бе, нормално дека не им верувам на продавачите! ;)

http://forums.mtbr.com/forum.php
http://www.bikeforums.net/forum.php
По форуми зборуваат така, можам пак да ги пребарам темите ако те интересира. Но во главно тоа е консензус на повеќе теми во повеќе форуми. Не дека Авид ич не ги бива, туку дека Шимано во последниве години имаат направено голем пробив, за иста или поевтина цена работат постабилно со многу помала потреба од интервениции.

Туку кажи како научи да ги одржаваш кочниците, што алат треба?
Глицеринот што го употребуваат Авид, лесно се набавува? Такви работи ме интресираат, и сакам да си набавам некој основен поевтин алат и да научам некои работи да си ги правам сам.
Кажи нешто за ова, дај некој совет од што да се почне... :)
 
батки некој да не знае кај може да се најде пластичниот диск на средната осовина кај педалата што е фактички штит за ланецот да не паѓа?
 
Фактички не е штит за ланецот да не паѓа туку да не се праиш бербат и да не кинеш панталони. Ако ти паѓа ланецот треба да се ограничи предниот мењач. А кај да најдеш незнам не се универзални и мислам дека не се продаваат посебно.[DOUBLEPOST=1392896766][/DOUBLEPOST]
Не бе, нормално дека не им верувам на продавачите! ;)

http://forums.mtbr.com/forum.php
http://www.bikeforums.net/forum.php
По форуми зборуваат така, можам пак да ги пребарам темите ако те интересира. Но во главно тоа е консензус на повеќе теми во повеќе форуми. Не дека Авид ич не ги бива, туку дека Шимано во последниве години имаат направено голем пробив, за иста или поевтина цена работат постабилно со многу помала потреба од интервениции.

Туку кажи како научи да ги одржаваш кочниците, што алат треба?
Глицеринот што го употребуваат Авид, лесно се набавува? Такви работи ме интресираат, и сакам да си набавам некој основен поевтин алат и да научам некои работи да си ги правам сам.
Кажи нешто за ова, дај некој совет од што да се почне... :)
Што сакаш bleed да им правиш или пакни да им менуваш и да ги штелуваш?
 
Дап, редовно превентивно одржување и штелување (и замена на пакни). Не зборувам за сервисирање на озбилни кварови.
 
Последно уредено:
Дап, такво редовно превентивно одржување и штелување (и замена на пакни). Не зборувам за сервисирање на озбилни кварови.
За замена го вадиш тркалото и со штравцигер ги разделуваш пакните да се вратат клиповите навнатре бидејки со самото трошење на пакните излегуваат надвор и ако не ги вратиш со новите пакни ке блокира. После го одвртуваш горното штравче што ги држи пакните ги извлекуваш нагоре и новите ги ставаш во обратен редослед. А за штелување ме мрзи да пишувам сега :)
 
Фактички не е штит за ланецот да не паѓа туку да не се праиш бербат и да не кинеш панталони. Ако ти паѓа ланецот треба да се ограничи предниот мењач. А кај да најдеш незнам не се универзални и мислам дека не се продаваат посебно.[DOUBLEPOST=1392896766][/DOUBLEPOST]
Што сакаш bleed да им правиш или пакни да им менуваш и да ги штелуваш?

да дe ама и паѓа ланецот а не ми е добар мењачот па да го наштелувам толку прецизно
 
Дап, редовно превентивно одржување и штелување (и замена на пакни). Не зборувам за сервисирање на озбилни кварови.
Ете @B_O_K_I ти објаснил многу добро. За блидинг, најдобро е да дадеш на некој што има искуство, за да не ти влезе воздух во системот и да не ги замастиш дисковите и пакните т.е. се да направиш лом. Не дека е тешко, ама е пипливо.
За штелување тука, има многу за пишување. :D
 
да дe ама и паѓа ланецот а не ми е добар мењачот па да го наштелувам толку прецизно
Ја ти кажав за што служи тој браник и на профи делови не го ни ставаат тоа. Отиди на некој точкар да ти го наштелува нема прецизно не прецизно ограничување е сеа ако ти е крива ѕвездата или некој друг дефект па да паѓа. Како и да е побрзо проблемот ке го средиш него што ке најдеш таква пластика. И што точак имаш пиши и каде го возиш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom