Ауфвидерзен Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojco
  • Време на започнување Време на започнување
Да почнам да одговарам
од кај ги купи розевите очила? сакам и јас да си купам, па можда подобро ќе ми биде
Не се работи за очила, свесен сум како стојат работите.
ти навистина веруваш во ова што го напиша?
Да верувам, еве примери:
1. Диктатурата во Аргентина падна откако ја изгуби мнозинската поддршка
2. Диктатурата во Венецуела се држи затоа што има мнозинска поддршка
3. Диктатурата во Мјанмар паѓа (доброволно) затоа што нема мнозинска поддршка
4. Партијата во Кина страшно многу внимава на мислењето на народот и во секој момент има мнозинска поддршка
5. Диктатурата во Украина се држи заради мнозинска поддршка (во последно време намалена)
6. Путин се држи со мнозинска поддршка
7. Гарнитурата на Тајланд се држи затоа што и покрај сите протести Шинаватра (протеран од генералите во Дубаи) сеуште има страшно мноизнство во неговата држава.
Сето е ова мнозинска поддршка од луѓе од провинција, од село и се работи за купена или удоволена поддршка. Никој во историјата не се задржал долго без таа мнозинска поддршка. Проблемот е што тие го гледаат само мнозинството, а не малцинството интелектуалци кои што знаат што треба за добра иднина. Демократскиот систем има болести, тоа мора да се признае.

а пред да се исселат луѓето, ......... дали таа твоја критична маса беше “удостоена“ со промените кои ги спомнуваш?
Претходно никој не беше задоволен и затоа нонстоп се менуваа влади.
или беше просто изигнорирана и оставена на цедило и за себе и за својата фамилија?
Демократскиот систем со слободен пазар, е БУКВАЛНО цедило во кое што секој ги продава своите способности на пазар. Државата не е должна да прави бизниси, ниту да вработува, освен (по ново) да обезбедува услови во кои што економското цвеќе ќе расте подобро и повисоко, али тоа треба народот да го бара и да е вреден, да сака да работи, а не пола од младите генерации паднаа на сонот за директорски фотељи.
се прашувам зошто тоа докторите си отидоа? а нели да си доктор е една од пореспектабилните работи? и поисплатливи? ама ете, они од пуст мерак за запад си отидоа и не оставија нас овде на милост и немилост. и затоа сега кога малку од малку се освестија почнаа да кукаат дека ќе сме имале дефицит:tapp:
Не се само докторите во лоша позиција, но тие се групно засегнати од лошиот систем. Пр. лек за нивната професија е 100% приватизација на целиот здравствен систем и наместо бесплатно здравство да се обезбедува субвенционирано здравствено осигурување, па после осигурителните нека нудат свои производи (ова осигурување може да се земе без пари и покрива тоа, тоа и тоа, во тие болници, за ова ќе доплатите уште 500 ден. месечно, ама ако ви се случи ова може да Ви покриеме и операција во Словенија). А приватните болници богами има да се загрижат за тоа пациентот која болница ќе ја бира, заради парите од осигурувањето. ОВА е само еден предлог како би функционирал подобро здравствениот систем, а не да се кука и да се БЕГА од дома.
не само јас, него верувам и уште 500 000 луѓе од македонија би реагирале ко мене да можат (читај да се исселат). а тоа е дека ми е доволно 2 часа за да од било кое место да стигнам на аеродром и отидам засекогаш. само 2 пара гаќи и чорапи во ранецот ми се доволни.
Терајте и бегајте, ништо не е вечно, така и условите во државите ќе се променат, наместо дома да ги стварате условите како што мислите, Вие само бегајте, и пошто никој не се цени себеси, не очекувајте дека некој во странство ќе не цени.

Пр. да претпоставиме дека сум бил заангажиран за одреден регион за толку и толку гласови. Одам и го прашувам Петко:

- Петко што сакаш ти за да гласаш за нас?
- Сакам 200 еур. субвенции годишно за кравите.
- Во ред Петко имаш 200 еур. субвенции, но ќе обезбедиш 10 гласа, така?
- Така

По 2 години, Петко доаѓа кај мене:

- Абе ние Ве гласавме ама што е ова болницава на ништо не личи, не сте ја чепнале, децава се болни, уште поболни ги носам дома.
- Петко, јас убаво те прашав што сакаш за да гласаш за нас, ти си побара 200 еур., зошто тогаш не побара држава, болници, школи, безбедност? Што сакаш сега од нас, ти дадовме ли тоа што побара?

Мислам дека направив поента, што нечини.
[DOUBLEPOST=1392635445][/DOUBLEPOST]
не бега, туку е избркан ... некој ќе рече зошто не се бориш и ќе се избориш, ама некои одбиваат да се борат во нефер борба ...

Борбата е секогаш нефер ;) Фер ли е србија да дава дебели субвенции на некој земјоделски производ кој што ќе влегува како увоз во МК по никакви цени, а ние да се натпреваруваме со истиот тој производ без субвенции? Дали е фер што ме третираат ко ѓубре за една Британска виза, и дали ќе биде фер ако јас не напредувам затоа што сум странец некаде.

Неќам да чујам дека некаде се е апсолутно фер, и дека е во ред да се бега од една нефер борба, во друга.
 
Мислам дека направив поента, што нечини. [DOUBLEPOST=1392635445][/DOUBLEPOST]
Не знам дали жителите на Љубљана или Виена на секои избори бараат чисти улици и одржување на болници и школи. Нели е тоа подразбирана функција на државниот апарат и буџетот? Со други зборови граѓаните не знаат што да бараат и што сакаат, затоа Македонија не чини?
Борбата е секогаш нефер ;) Фер ли е србија да дава дебели субвенции на некој земјоделски производ кој што ќе влегува како увоз во МК по никакви цени, а ние да се натпреваруваме со истиот тој производ без субвенции? Дали е фер што ме третираат ко ѓубре за една Британска виза, и дали ќе биде фер ако јас не напредувам затоа што сум странец некаде.

Неќам да чујам дека некаде се е апсолутно фер, и дека е во ред да се бега од една нефер борба, во друга.
Кој е тој производ што се увезува од Србија со субвенции, а за кој земјоделецот овде не добива субвенции?.
 
граѓаните не знаат што да бараат, затоа Македонија не чини?

Кој е тој производ што се увезува од Србија со субвенции, а за кој земјоделецот овде не добива субвенции?.

Тропа зелени за Перо и за кравите. Го заболе Перо за децата на комшиите или на "партизанот" за 200 евра субвенција. Едниот лапа пари, другиот враќа власт. А во олигополска државна структура знаеме каде е центарот на двете. Така да не му држи муабетот. Може Перо и 10-те негови гласа крв да проплакаат, болница нема да има.
 
тхерист, прво научи култура на реплицирање. НЕ се вметнува текст во текст кој го реплицираш. како сега јас да ти реплицирам на тој твој текст? :confused:
потоа, споредуваш диктатури, критични маси со демократија. а згора на тоа, нели во демократијата ако народот е незадоволен, тогаш се менуваат влади? како тогаш не ти чини дека се менувале владите во македонија?
за да потоа преминеш на тоа дека државата не е ништо должна да наоѓа работа за населението :confused: па за кого постои државата? сама за себе или за народот? пак мешаш брзини. за да на крај додадеш дека со менување на системот за здравство (тоа значи државата нели) да се оправи треба ова или она да се направи. а за тоа треба нели закони, кои ...... види чудо, спаѓале во државничка работа;)
баш ме занима како сега ќе пробаш да се вадиш, а другите да ти се посмееме :pos:
 
Не знам дали жителите на Љубљана или Виена на секои избори бараат чисти улици и одржување на болници и школи. Нели е тоа подразбирана функција на државниот апарат и буџетот? Со други зборови граѓаните не знаат што да бараат и што сакаат, затоа Македонија не чини?
Кој е тој производ што се увезува од Србија со субвенции, а за кој земјоделецот овде не добива субвенции?.

Нека проба некој во Виена да не чисти улици, не знам кој е тој маж :)

Со субвенциите спомнав пример, не мора да е баш тој производ, секако има многу такви области на нефер конкуренција меѓу држави.[DOUBLEPOST=1392638329][/DOUBLEPOST]
тхерист, прво научи култура на реплицирање. НЕ се вметнува текст во текст кој го реплицираш. како сега јас да ти реплицирам на тој твој текст? :confused:
потоа, споредуваш диктатури, критични маси со демократија. а згора на тоа, нели во демократијата ако народот е незадоволен, тогаш се менуваат влади? како тогаш не ти чини дека се менувале владите во македонија?
за да потоа преминеш на тоа дека државата не е ништо должна да наоѓа работа за населението :confused: па за кого постои државата? сама за себе или за народот? пак мешаш брзини. за да на крај додадеш дека со менување на системот за здравство (тоа значи државата нели) да се оправи треба ова или она да се направи. а за тоа треба нели закони, кои ...... види чудо, спаѓале во државничка работа;)
баш ме занима како сега ќе пробаш да се вадиш, а другите да ти се посмееме :pos:
Се извинувам за „некултурната“ реплика, има многу култури па не можам да стигнам сите да ги научам, така гледам и тука некои многу внимание посветиле на форумските култури, па не научиле за „културен“ разговор, дебата итн.

Како мислиш не ми чини што се менувале? Ако не ги бива уште 100 нека се сменат.

Државата е должна да обезбеди суверенитет, безбедност од надворешни непријатели и основно образование. Што помалку се меша во нашиот живот толку подобро. ДЕФИНИТИВНО државата не е должна да вработува. Државниот апарат колку е поголем, толку повеќе му тежи на другите луѓе и на бизнисите. Доволно е државата да обезбеди инфраструктура (услови за економско цвеќе да расти). Државата БЕШЕ должна до 1991 да вработува, после тоа, е должна да ги исполни функциите по устав, али НИКАКО да вработува. ДА на владата секогаш треба да и се суди за стапка на вработеност, но никогаш тие вработувања не треба да доаѓаат од државниот сектор.

За здравство предложив пример и решение во замена за бегање и кукање.

Дали бев доволно смешен?
 
Последно уредено:
Нека проба некој во Виена да не чисти улици, не знам кој е тој маж :)

Со субвенциите спомнав пример, не мора да е баш тој производ, секако има многу такви области на нефер конкуренција меѓу држави.[DOUBLEPOST=1392638329][/DOUBLEPOST]
Се извинувам за „некултурната“ реплика, има многу култури па не можам да стигнам сите да ги научам, така гледам и тука некои многу внимание посветиле на форумските култури, па не научиле за „културен“ разговор, дебата итн.

Како мислиш не ми чини што се менувале? Ако не ги бива уште 100 нека се сменат.

Државата е должна да обезбеди суверенитет, безбедност од надворешни непријатели и основно образование. Што помалку се меша во нашиот живот толку подобро. ДЕФИНИТИВНО државата не е должна да вработува. Државниот апарат колку е поголем, толку повеќе му тежи на другите луѓе и на бизнисите. Доволно е државата да обезбеди инфраструктура (услови за економско цвеќе да расти). Државата БЕШЕ должна до 1991 да вработува, после тоа, е должна да ги исполни функциите по устав, али НИКАКО да вработува. ДА на владата секогаш треба да и се суди за стапка на вработеност, но никогаш тие вработувања не треба да доаѓаат од државниот сектор.

За здравство предложив пример и решение во замена за бегање и кукање.

Дали бев доволно смешен?
ДА, задоволително смешен ;)
е сега, зошто го посочи тоа како недостаток дека се менувале владите многу често? а сепак велиш “уште 100 нека се сменат“ не си јасен ич!!!
ако се задржиме на твојата логика за тоа што е должна државата да прави за неродот (а не обратно), тогаш која е поентата на менување влади до сега кога сите ........ почнувајќи од првата со кљусев па до оваа нема никаква разлика во нив. сите нудеа суверенитет, безбедност и основно образование. СО ЦРВЕНИОТ БОЛД КОМПЛЕТНО СЕ СОГЛАСУВАМ!!!;)
како тоа не спаѓа под нејзина обврска? па државата е таа која треба да се стреми да обезбеди и најде начини да се отвараат нови работни места, дали директно или преку инвестиции не е важно. важно е дека со тоа државата станува појака и економски постабилна. и на крај краеви, зошто се плаќаат сите тие силни давачки? ако е само за полиција, војска, политичари и слична ситна риба, тогаш државниот буџет ќе биде 1/100 од она што е сега. али не било така, нели? државата имала обврска и за други работи, нели?
 
Доволно е државата да обезбеди инфраструктура (услови за економско цвеќе да расти).
тоа го обезбедува селективно со што пак се меша кој каде нивни функицонер ќе е омилен или како да пропадне нечиј бизнис.
Со субвенциите спомнав пример, не мора да е баш тој производ, секако има многу такви области на нефер конкуренција меѓу држави.
Ние едноставно не сме конкурентни надвор од разни причини поврзани меѓу себе. Имаме најголем пад на продуктивноста и најниска продуктивност дури и мерено со балканските земји. Приватизација-кражбата, профилот на менаџери со тоа присвојување, недостаток на развој, мали плати и од сето тоа што логично следеше, зголемување на невработените и администрацијата за негде 50%, голем % сива економија и организиран државен криминал. Сето тоа не носи надолу 25 години. Се затекнал "случајно" некој директор или шеф на продавница, истата се приватизира, ја присвојува беспари, ги отпушта вработените, често и самиот не знаејќи што да прави со капиталот и машините. Кога ќе ми текне кој се стана газда и кој се не раководел со јавни и државни фирми, се чудам како Македонија сеуште опстојува. Отпуштени се од работа најмалку 20-25% од работниците (добар дел од нив висококвалификувани и остручени). Банкарскиот систем имаше една од клучните улоги во овој криминал.
Зашто тогаш, ако Македонија нема кормило и правец, не му функционираат државните и јавни институции, ако нема иднина за вработувањето и пристоен живот, приватниците се хорор со змија во новчаникот...зошто тој што може да не си оди оттука?
 
Последно уредено:
ДА, задоволително смешен ;)
е сега, зошто го посочи тоа како недостаток дека се менувале владите многу често? а сепак велиш “уште 100 нека се сменат“ не си јасен ич!!!
ако се задржиме на твојата логика за тоа што е должна државата да прави за неродот (а не обратно), тогаш која е поентата на менување влади до сега кога сите ........ почнувајќи од првата со кљусев па до оваа нема никаква разлика во нив. сите нудеа суверенитет, безбедност и основно образование. СО ЦРВЕНИОТ БОЛД КОМПЛЕТНО СЕ СОГЛАСУВАМ!!!;)
како тоа не спаѓа под нејзина обврска? па државата е таа која треба да се стреми да обезбеди и најде начини да се отвараат нови работни места, дали директно или преку инвестиции не е важно. важно е дека со тоа државата станува појака и економски постабилна. и на крај краеви, зошто се плаќаат сите тие силни давачки? ако е само за полиција, војска, политичари и слична ситна риба, тогаш државниот буџет ќе биде 1/100 од она што е сега. али не било така, нели? државата имала обврска и за други работи, нели?
Има држави кои што се менуваат често влади и пак се економски силни (читај Јапонија) а има држави кај што од самиот почеток ги владее една гарнитура и пак се економски силни (читај Сингапур). Ги претставив двата екстремни краеви на дебатата, а меѓу нив има многу држави со различно темпо на промени, и се наоѓаат во спектарот од пропаднати држави (Бангладеш - со некое средно темпо на промена на влади) до страшно силни економии (Шведска - со слично темпо на промена на влади).

Има уште многу аргументи зошто економската моќ е само делумно зависна од владата и владеењето и е ограничена во делови како поставување на услови за економски раст (инфраструктура и владеење на право). Владеењето на право може да се направи со аутсорсинг (Дубаи има британски судови, кои судат по британски закони и владата ги прифаќа и спроведува сите нивни одлуки), а инфраструктурата МОРА да се изгради.

Но, има држави со силна инфраструктура (Флорида) кои се економски инфериорни во споредба со други држави со далеку послаба инфраструктура (Норвешка).

Сакам да кажам дека развојот на економијата НАЈМНОГУ зависи од самиот народ. Кога Јужна Италија би се отцепила од Северна, би била слично сиромашна како целиот Јужен Балкан заедно. Значи треба да сакаме економски развој и треба да сме спремни да ги засучиме ракавите здраво, а со тоа ќе следува и барање до политичарите за услови. Југославија се изградила со премногу работа, прашај по дедовците ќе ти кажат што правеле во војска и на какви акции иделе.

Државата нема обврска да вработува (читај устав), но успехот и се суди по тоа колку пораснала економијата, паралелно со стапката на вработеност. Колку помала (ја мерам големината на државниот апарат) држава и колку поотворен систем, толку поголем успех (читај Естонија).

Знам дека измешав многу краеви од светот, но економските индикатори се тие, а рецептот за успех е желба за работа и голема жртва.[DOUBLEPOST=1392642833][/DOUBLEPOST]
тоа го обезбедува селективно со што пак се меша кој каде нивни функицонер ќе е омилен или како да пропадне нечиј бизнис.
Ние едноставно не сме конкурентни надвор од разни причини поврзани меѓу себе. Имаме најголем пад на продуктивноста и најниска продуктивност дури и мерено со балканските земји. Приватизација-кражбата, профилот на менаџери со тоа присвојување, недостаток на развој, мали плати и од сето тоа што логично следеше, зголемување на невработените и администрацијата за негде 50%, голем % сива економија и организиран државен криминал. Сето тоа не носи надолу 25 години. Се затекнал "случајно" некој директор или шеф на продавница, истата се приватизира, ја присвојува беспари, ги отпушта вработените, често и самиот не знаејќи што да прави со капиталот и машините. Кога ќе ми текне кој се стана газда и кој се не раководел со јавни и државни фирми, се чудам како Македонија сеуште опстојува. Отпуштени се од работа најмалку 20-25% од работниците (добар дел од нив висококвалификувани и остручени). Банкарскиот систем имаше една од клучните улоги во овој криминал.
Зашто тогаш, ако Македонија нема кормило и правец, не му функционираат државните и јавни институции, ако нема иднина за вработувањето и пристоен живот, приватниците се хорор со змија во новчаникот...зошто тој што може да не си оди оттука?

Македонија има научено досега две добри лекции:
1. Политички вакуум (отприлика до кај 2004)
2. Популизам (оваа лекција во тек)

Изгубив доста време денес од најпродуктивниот дел на денот, се надевам не го изгубив за џабе :)
 
Борбата е секогаш нефер ;) Фер ли е србија да дава дебели субвенции на некој земјоделски производ кој што ќе влегува како увоз во МК по никакви цени, а ние да се натпреваруваме со истиот тој производ без субвенции? Дали е фер што ме третираат ко ѓубре за една Британска виза, и дали ќе биде фер ако јас не напредувам затоа што сум странец некаде.

Неќам да чујам дека некаде се е апсолутно фер, и дека е во ред да се бега од една нефер борба, во друга.

не мислев на фер однос на странци кон нас, туку ние против ние ... фер мислев на тоа да кој го бива и има образование да успее, а не да успее тој што има подебели врски ... а тој што го бива, а нема врски да си седи дома ... ќе речеш ако го бива ќе успее и сам ... епа нема да успее бидејќи не е фер ...
 
Сакам уште нешто да дополнам тука.

Една фирма има одреден сектор на вработени (канцелариски) секој со различна продуктивност и знаење. Ќе истакнам двајца вработени:

1. Страшен професионалец, најпродуктивен човек, работи скоро колку за двајца, и башка најдобро ја знае работата од сите;
2. Просечен работник во секоја смисла, не постигнува надпросечна продуктивност, но има една предност, а тоа е дека е многу внимателен кон сите, кога иде на кафе ги прашува сите колеги да не сакаат кафе, кога иде по хартија или други канцелариски материјали прави список и им носи на сите, кога некој колега заглавува му помага.

Директорот на секторот се пензионира и треба да се стави нов директор. Фирмата го бира вториот човек. Одма тука сите ќе рипнат и ќе речат дека првиот е најдобар во се и дека тој го заслужува местото, НО еве како размислува газдата:

Ако го стави најдобриот работник на директорска позиција, само ќе го изгуби најдобриот работник а тој никогаш не се осврнувал кон другите колеги за помош во работата. Вториот работник е секогаш внимателен и како резултат на неговата внимателност продуктивноста на сите била покачена и сфатил дека природно е вториот да им биде директор на сите, затоа што со своето внимание покрај тоа што им помага и им ги отстранува пречките на другите, исто така ја покачува и мотивацијата кај вработените.

Ова е вистински пример, не ме терајте да копам по меморија која фирма беше :)

Поентата е дека образованието не е СЕ. Има многу образовани луѓе, НЕЛУЃЕ (карактерно). Има друга фирма која што плати екстремно скап консултант (моето претходно искуство во Словенија) да работи со тимот на домашната фирма, тој ти бил топ 10 луѓе во светот. Тој човек толку многу ги исмеваше сите вработени и ги демотивираше, што газдата на крај не собра сите и пред сите понижувачки го отпушти.

Пред се треба да си човек, а образованието не е СЕ. Може да си образован во некоја област, но ти требаат и многу други вештини за да успееш, пред се меѓучовечки вештини, а не само да го дигнеш носот и да чекаш некој да дојде дома и да те моли за на работа.

Концептот за фер е многу различен кај секоја индивидуа, така да најдобро е да се тргне од премисата дека од старт се бориш во нефер околности, како и дома така и настрана, во горните примери некој ќе мисли дека поинаква одлука би била фер, но....

Нешто и за врските (ретко кажувам свое мислење, се надевам нема да биде злоупотребено). Во државите во кои што има слаб правен систем, врските се негова природна замена. Што сакам да кажам? Во држава со добар правен систем можеш да го земеш било кој на работа без страв дека може да те оштети, затоа што има правен систем кој што те штити. Во друга држава кај што не постои тој правен систем или кај што не е доволно силен, природно е за твој бизнис да си бараш човек што го познаваш и на кој што можеш да му веруваш и го ставаш пред оној што има повеќе знаење во случај да не му веруваш на вториот. Тоа е природен механизам на заштита (тука ги исклучувам државните институции, тие не треба да вработуваат според мене). За да ме сфатите што сакам да Ви кажам да Ве потсетам дека сите кога купувате компјутер барате од човек што Ви е познат и во кој што имате доверба, во случај да не се разбирате до детал за технологија. Нека не е компјутер, земете било што, тоа го правите затоа што сте свесни дека не можете, тој што би Ве оштетил, да го дадете на правниот систем да го отстрани од пазарот.
 
Развојот на економијата зависел од народот, и кога човек ќе помисли дека има прочитано се тука :icon_lol:.
 
Развојот на економијата зависел од народот, и кога човек ќе помисли дека има прочитано се тука :icon_lol:.
Спремен сум да чујам различни мислења. Bucio од кого зависи развојот на економијата?
 
Спремен сум да чујам различни мислења. Bucio од кого зависи развојот на економијата?

Од тие што испокрадоа се кај нас тука, па ќе видиш инвестиции кои нема да ги извадат парите и се нелогични, но се прават за да се исперат украдените пари.
 
Украински лекар, кој вози такси во Берлин, хигиеничарка од Бугарија со завршен факултет, докториран хемичар од Романија како чистач на прозорци - да видиме што вика дојче веле...
http://www.dw.de/добро-образовани-лошо-платени/a-17430234?maca=maz-rss-maz-eco_timemk-4723-xml-mrss
Не е проблемот дека се лошо платени! Најголемиот проблем е дека толку биле квалитетни.
Генерално ситуацијата ни е за никаде, што од страна за наоѓање работа, што од страна за квалитетно образование.

Нема да дискутирам за условите за наоѓање работа, ама артиклов ме испровоцира по повод квалитетот на нашето образование. Некои луѓе фаќаат магла од тука и работат што ќе стигнат колку да застанат на нозе, ама има добар дел од нив што и покрај факултетот нема да најдат соодветна работа. За ова веќе скептик сум дека нашиот образовен систем го држи некаквото ниво од порано.

Имаше време кога некој ќе завршеше факултет и со одреден процент за сигурност тој беше добро поткован лекар, инженер, ама во последно време цел образовен систем се распаѓа. Ќе земам за пример медицина. Човек кој завршил медицина тука не ми е никаква гаранција за квалитет. Ако сака не во германија, на марс нека оди тој не можи да биди лекар.

Секоја чест на исклучоците кои вредат, сметам дека со мала проактивност ќе си го најдат чарето, ама поголемиот проблем е што секоја алка на системот станува се потрула и потрула.
 
Прашање е колку од овие Украинци,Романци и Романци го знаат јазикот за да можат да работат во својата професија.Плус и одредени дипломи особено од медицината не се признаваат во поразвиените земји.И уште многу ситни работи кои ја доловуваат целокупната слика за тоа зошто некој е таму каде што е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom