Новата Одлука за комунален ред на Град Скопје , во врска на шетањето на домашните миленици на улица или во паркови, предвивдува покрај тоа што мора да се водат со поводник, мора да носат и заштитна маска, за оние кучиња „кои според своите физички и други предиспозиции или агресивност би можеле да ја загрозат безбедноста на луѓето или на другите животни“.
Од Градот го регулирале и времето кога домашен миленик би можел да трча слободно или да се шета без поводник, пишува Дневник.
- Kуче може да се пушти од поводник и да се движи слободно, во парк и на друга јавна зелена површина, во временски период од 22 навечер до 8 часот наутро, во период на летно сметање на времето, односно од 22 до 9 часот зиме. Се забранува да се пушти куче од поводник и да се движи слободно на јавна сообраќајна површина, во непосредна близина на училишта, во парк или друга јавна површина каде што има уредено детско игралиште, во дел под цветен засад, како и во парк - се вели во одлуката.
Ова не важи за парковите за миленици, каде што е дозволено неограничено движење на кучињата. Забрането е внесување кучиња, мачки и други животни во јавни установи, како органи на државна управа, општини, болници, амбуланти, и други здравствени организации, училишта, погони за производство на прехранбени производи и во верски објекти.
- Ако сопствениците на домашните миленици не се придржуваат на одредбите од оваа одлука, домашните миленици ќе се третираат како животни скитници или нерегистрирани кучиња и кон нив ќе се примени постапката за заловување - предвиделе надлежните.
Ако некој, пак, сака да чува куче во колективни објекти, поточно во стан, на тераса, итн, правилата ќе ги определат сопствениците на становите. Оние граѓани што чуваат или хранат маалски кучиња во заедничкиот двор, за тоа ќе мора да имаат писмена согласност од мнозинството сопственици и корисници на дворот.
За кучиња кои се чуваат во куќи и во приватни дворови, градските власти предвиделе дека куќата на животното мора да е оддалечена најмалку 3 метри од најблискиот станбен или деловен објект на соседната парцела, како и од регулационата линија на јавната површина.
Во однос на она што постојано може да се види на скопските улици, а тоа се прекопите од јавни и приватни компании за вода, струја, телефон, кабелски сообраќај, во новата одлука за комунален ред е уреден периодот за вршење на тие активности - од 15 март до 15 ноември. Притоа изведувачите мора да исполнат одредени безбедносни стандарди.
Извор-http://
www.skopjeinfo.mk/gradot/1051976879/slobodno-setanje-kucinja-cela-nok
Епа ете кога може да се шетаат кучиња без поводник и маска! А воедно, не станува повторно збор за сите раси, туку за омилената група на Ванлок. Епа сега, ако имате куче кои и малку наликува на таа група, а притоа не користите опрема за истото, може да го јадете со казна од 20 евра
