--- надополнето: 15 февруари 2014 во 03:21 ---
Уште подолга е приказнава но ќе гледам да ја скратам.Прво бевме многу добри пријатели и кога и да ме видеше и светнуваа очите незнам дали имате приметено тоа е ефект кога на некој му е мило шо те гледа.Знаев да ја насмеам и расположам и кога и да идеме на кафе и да праиме муабет се чувствуваше како само јас и таа да постоиме и никој друг,но тоа не беше многу често пошо имаше дечко во тоа време а кога и да ја видев знаев дека не е среќна со него,но сепак таа многу го сакаше.Раскинаа по некое време типот отиде со друга и нејзе и беше многу тешко падна во депресија и се тргна од сите се затвори во себе.Јас цело тоа време бев заљубен во неа но никојпат не и кажав и ми беше тешко што пати но никако не можев да допрам до неа поради што се повлеков.Ја немав видено 5 месеци(не прашувајте како е можно)незнаев ништо за неа и си терав животот и не очекував да ја видам никојпат повеќе.После 5 месеци ми пиша порака како си,што има кај тебе,дека ме сонувала и сака да се видиме.И јас викам ок нема проблем не очекував ништо да се случи.Бевме на кафе и после кафето ме викна кај неа дома сама била во станот па да и правам друштво што беше неочекувано од моја страна пошо ја знам дека не е таква.Отидов кај неа во станот,она почна да збори без престан ништо не можев да кажам од неа,така никојпат ја неам видено тремосана
и кога и да и кажев касно е да си идам таа ми викаше остани уше малце.Знаев дека очекува од мене да преземам нешто.Тоа не го направив,не сакав да се осети евтино.Си отидов се поздравивме при што ја бакнав во уста.Ајде да скратам малце.Почнавме да се гледаме заедно,ни беше убаво но сепак немаше емоции кај неа.После некое време и ги открив моите чувства дека сум заљубен во неа веќе долго време(што мислам дека беше лош потег но емоциите ме преовладоа) при што ми рече мило ми е но мене ми треба време,пошо заклучив дека или уште е вљубена во бившиот и неможе да го заборави или пак има страв од врзување.После ова се тргна наопаку.Почна да ми зборува за него,демек неможеш да го имаш секојпат тоа што го сакаш во животот ке свртела нова страница и почна полека да ме одалечува од себе, а знам дека почна да ме засакува го осетив тоа и некојпат си мислам дека тоа ја исплаши.Почна да не ми крева на телефон,и пишав порака што е проблемот извини ако ти згрешив нешто,при што ми врати не е до тебе до мене е не си ти ништо крив јас сум за никаде сакам да бидеш среќен тоа е тоа,се најдобро и тоа ми го пиша на денот на нова година 31.не и вратив ништо.Ова ме скрши пошо веќе бев премногу заљубен во неа.Почна да ми станува опсесија ништо немаше смисла без неа паднав во депресија.Сеуште секој ден мислам на неа а веќе 2 месеци поминаа од кога ја немам видено.И пишав пред некој ден порака ништо ми нема вратено.Се би дал да бидам со неа но не знам што и се дешава во главата и што мисли и дали има шанси за тоа.Дајте ве молам објективни мислења за ситуацијава и дали мислите дека можеме да бидеме пак заедно,знам дека нема да ми помогнат но барем ке утешат.