Македонија е првата земја во Европа со мрежа целосно базирана на интернет протокол

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.845
Поени од реакции
23.246
Македонски Телеком стана првата компанија во Групацијата Дојче Телеком со мрежа целосно базирана на интернет протокол (АЛЛ ИП), префрлајќи го и последниот корисник на новата ИП мрежа.
kaludija500.jpg

Со инвестиција од 13 милиони евра, во тек на изминатите 25 месеци, се овозможи мигрирање во новата мрежа на 290.000 линии.
- Резултатот е значително намалено време на пласирање на производите од една до две години, на две недели, некогаш и неколку дена, а исто така и значително намалување на трошоците. Во Македонија заштедуваме 10 евра по корисник годишно. Главната заштеда всушност произлегува од енергетските заштеди бидејќи ги елиминиравме сите подвижни елементи, исто така намалено плаќање кон нашите добавувачи, а исто така заштедуваме и трошоци за персонал за одредени технички услиги, рече Клаудија Немат, член на Одборот на Дојче Телеком за Европа и технологија.
telekom500.jpg

Тој наведе и дека нивната инвестиција била во подобрување на корисничкото искуство.
- Станува збор за подобро корисничко искуство. Во овој случај, потребни се дури и дополнителни инвстиции во информатичката технологија и за креирање нови процеси кои што ќе овозможат беспрекорно функционирање на мрежата, рече Немат.
telekom-klaudija500.jpg

Придобивката за деловните корисници, појасни, е тоа што со ИП трансформацијата може да се нарача широкопојасен интернет на барање со брз и лесен пристап до него.
Главниот и извршен директор на Македонски Телеком Андреас Маиерхофер, истакна дека преку новата ИП платформа, буквално секој нивен корисник ќе може да ги користи услугите на новата генерација, брзо, квалитетно и ефикасно.
-Тоа е и нашата цел, преку вложување во новите технологии, да овозможиме најдобро корисничко искуство. ИП ги брише географските граници и е основа за сите идни услуги, а Македонски Телеком е многу напред, не само во регионот, туку и во рамките на Европа, и горди сме заради тоа, подвлече Маиерхофер.
ИП технологијата користи интернет протокол за пренос на говор, што овозможува користење услуги од новата генерација. ИП мрежната технологија овозможи воведување интернет по потреба, целосно нов концепт кој им овозможува на корисниците онлајн да нарачаат пристап на интернет со голема брзина секогаш кога им е потребен со само еден клик.

Ајде бидејќи сум нестручен да зборувам на оваа тема, нека каже некој на кој му е познато ова, дали е ова точно, дали навистина сме први во Европа?
Бидејќи веста е од курир, не ми е баш веродостојна.
 
И да е вистина, никаква полза од тоа за крајниот корисник само ќе избркаат вработени за досегашното оддржување на мрежите со тоа ќе намалат трошоците а цените за крајните корисници ќе останат исти.

Обична реклама за телеком ништо повеќе.
Од мојата листа за користење, телеком избришан уште пред 10 години.
 
Ајде бидејќи сум нестручен да зборувам на оваа тема, нека каже некој на кој му е познато ова, дали е ова точно, дали навистина сме први во Европа?
Бидејќи веста е од курир, не ми е баш веродостојна.

Да, вистина е дека сме меѓу водечките земји кога станува збор за примената на IP во телевизија(IPTV) и телефонијата (VoIP)
 
Заштеда за нив, за корисниците ништо.

Уште повеќе опции на новите рутери (за телефонија) на кои се овозможува активирање на нови прескапи услуги со еден клик за да излажат што повеќе деца и старци.
 
Би рекол прва на Балканот :) а не во Европа, :) како и да е не е изненадувачко со фактот на колку корисници има и колкава е мрежата.
 
Deutsche Telekom: Macedonia is first European country with pure All IP network

Deutsche Telekom announced today that Makedonski Telekom is the first company within the Group with a network fully based on Internet protocol (All IP).

Болдираното е клучниот збор. Значи од брендот Телеком, Македонија е првата земја во Европа со All IP.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom