Студирање во странство

Член од
11 април 2012
Мислења
4.710
Поени од реакции
5.456
Ај уште две follow-up прашања, откако исчитав доста за Euroweb.

Рокот што е до 31ви Јануари е за од септември? Гледам дека не е за еден семестар, туку се спомнуваат 10 месеци, така да цела четврта година би ми ја сметале.

Колку всушност е тешко да влезеш? Дали имаш некоја претстава од тоа колку Македонци имало пријавено според резултатите што си ги добил? Зашто гледам дека така се ограничени според држави, 24 места имаше за Македонци. Ми спомна и некои успеси погоре, на страна од просекот, ти имаше приложено добиени натпревари и слични такви успеси или не се разбравме добро? :)

Поздрав и фала многу за одговорите. Да не прашав, ќе немав појма дека сега е последниот рок да фатам вакво нешто, со оглед на тоа што имам уште една година студии.
Не ти е последна шанса бе ама ако ти се учи повеке имаш и мастер студии :). Информации колку примаат па до сеа сите што ги знам што аплицирале се прифатени. ОК знам и 2ца што се одбиени ама едниот си преправаше и си допишување предмети во фотошоп а другиот аплицираше со 48 кредита а минимум вика 60.
Пробај си срека нема што да изгубиш и немој да мислиш дека ке идеш баш шведска или дека финки ке ти признае се. Еве на пример мене ми признаа само 3 предмети. Значи со идењето може и да ти се продолжат студиите а не да ти се скратат.
Шведска баш пред недела дена ги затвори апликациите за мастерс студии. И да, најефтина е таму. :)

Studyinsweden.se е страницата, за некој од погоре што прашуваше. Имаш навистина обемни информации.
Каде што се регистрираш за да аплицираш https://www.universityadmissions.se/intl/start .
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Колку пари кошта копија од диплома за завршено средно образование (превод на англиски во оригинал, со нотарска заверка) ? Треба прво на судски преведувач па нотар или како оди постапката за ова?
 
Имаш оригинал бе не ти треба заверка на нотар. Идеш кај судски преведувач со оригиналот. Таму ти го преведуваат и на преведеното ти удираат печат тоа ти е валидно исто како и оригиналот. Немаш потреба од ништо е сеа ако ти треба и на македонски копија тоа е веќе друго.
Судски преведувач, имаш разни цени ама под 250 денари страна тешко се наоѓа (ако е за англиски), а заверка на нотар обично е 150 денари.
 
Memento Mori

Yeah science, bitch!
Член од
24 август 2009
Мислења
1.132
Поени од реакции
1.562
Јас аплицирав за Франција, колку одприлика стипендија даваат anyone?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.710
Поени од реакции
5.456
Јас аплицирав за Франција, колку одприлика стипендија даваат anyone?
За жал ова ти е лош потег франција се во економска криза и намалени се стипендиите сега кај нив.
Шала на страна ти сериозен беше со ова што го напиша или само не тролаш тука. Како бе ти кажеме колку стипендија даваат во Франција мислиш ајде ке им ја пишам државата и готово мора да знаат, а тоа што има 168546684652186418666 фондови кој нудат стипендии не го зимаш во предвид. Од кај да знаеме ние ти на која програма/фонд си аплицирал и колку тие доделуваат. Ќе дадеш прво повеќе информации за тоа кај што како преку која програма си аплицирал па можеби некој ке може да ти помогне.

ПС Ако се надеваше да гледаме на гравче си го промашил денот вторник е денес, а и сам знаеш дека македонската традиција вели грав има во петок.
 
Не бе братче не се заебавам, Ерасмус +, ме тепа некоја еуфорија помешана со страв па викам да си прашам можда се знае нешто. Се извинувам ако изгледа арогантно :)
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
а тоа што има 168546684652186418666 фондови кој нудат стипендии не го зимаш во предвид.
Наброј ми најмалку 5 најмногу 10 такви чим ги има толку многу.. ми треба мене за во Америка нешто..
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.710
Поени од реакции
5.456
Не бе братче не се заебавам, Ерасмус +, ме тепа некоја еуфорија помешана со страв па викам да си прашам можда се знае нешто. Се извинувам ако изгледа арогантно :)
Не бе другар само требало да го стесниш изборот бар да се знае на која програма си аплицирал.
Ја разгледав страната на Ерасмус+ како што кажа ти и никаде немаше податок колку изнесува стипдендијата. Вообичаено ерасмус дава 400 евра месечно за студентите, а од тие пари треба да си платиш сместување и да се прехрануваш. Трошок од кој си ослободен е школарина која не се плаќа кога одиш преку ерасмус.
Наброј ми најмалку 5 најмногу 10 такви чим ги има толку многу.. ми треба мене за во Америка нешто..
Бидејки гоогле очигледно не ти помага незнам зашто се обидуваш да аплицираш, ама сепак еве ти некој фондови кој нудат стипендии за студенти во УСА:
1. The Franklin Furnance Fund
2. Fulbright
3. Boren Fellowships Grants
4. Winterthur research fellowship program
5. Hubert Humphrey fellowship program
Ако ти требаат повеќе употреби го гоогле, верувај знае да одговори со добар одговор бар на овие прашања. Да ти напоменам ова се само еден мал дел од оние кој даваат некаква поддршка на студенти во америка, можеби македонија не добива од сите нив но важно постојат. Па чим си решил да аплицираш ке прочитај и ќе си ја најдеш соодветната.
ПС може звучи арогантно ама таков одговор и заслужи на така арогантно поставено прашање, јас кога аплицирав за стипендија никој не ми пребаруваше место мене сам барав и собирав информации 2 години пред да аплицирам. Сега за мастер пак сам си барам, така да не очекувај дека некој одвека ќе ти изџвака се а ти на крај само да кликнес субмит и готово аплицирано да ти биде.
 
Уживај,благодарам :D и не нервирај толку.. штетно е за нервите :)
 
Член од
22 мај 2012
Мислења
109
Поени од реакции
34
За студирање во Бугарија мора ли да се знае совршено бугарски или македонскиот јазик и писмо го признаваат и на испити?
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
За студирање во Бугарија мора ли да се знае совршено бугарски или македонскиот јазик и писмо го признаваат и на испити?

Значи ако учиш на Бугарски мораш да знаеш Бугарски јазик пишување/говорење ако си пишуваш на Македонски се ќе ти е невалидно на испитите.
Така да без Бугарски не се надевај многу, затоа и првата година имаш најчесто интезивни курсеви кои се за странските студенти.
Ако несакаш на Бугарски можеш да учиш на Англиски, но исто така треба да имаш соодветнон ниво на Англиски.

Моментално Бугарија има многу помалку студенти од Македонија, поради што ем што е поскапо за студирање од кај нас но и не се минува на испити како на времето со едно шише виски. :)
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
72
Поени од реакции
4
Некој што знае повеќе за CEEPUS, за познавање на јазици, имаш само да селектираш колку го знаеш јазикот, малце средно или многу, нема место за да напишеш дали имаш диплома некоја и сл..и ако те одберат, ке ти побараат ли после тоа доказ за познавање на јазикот..?или ке видат си излажал дека си добар, немаш доказ и те одбиваат :3
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
1. The Franklin Furnance Fund
2. Fulbright
3. Boren Fellowships Grants
4. Winterthur research fellowship program
5. Hubert Humphrey fellowship program

Инаку не знам дали си запознаен,знаеш колку од овие 5 финансираат странски студенти ? да ти помогнам.. никој.. не знам од каде ти се информациите дека овие финансираат странски студенти..
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Инаку не знам дали си запознаен,знаеш колку од овие 5 финансираат странски студенти ? да ти помогнам.. никој.. не знам од каде ти се информациите дека овие финансираат странски студенти..
Прв обид да побарам на нет, вика Фулбрајт поддржува интернационални студенти во САД. Ете ти демант веднаш.
Не се прашува толку генерално прашање од типот "колку е стипендијата во САД?", од принцип што има стотици и стотици фондови и нема конкретен одговор на тоа прашање поради обемноста на предметот. Верувајте, има многу начини да се дојде до стипендија за студирање во странство, но до ниедна не се доаѓа лесно и никогаш нема да дојдете до стипендија ако прашате на форум "е ај наброј ми 5 или 10 фондови што даваат стипендии."
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Прв обид да побарам на нет, вика Фулбрајт поддржува интернационални студенти во САД. Ете ти демант веднаш.
Не се прашува толку генерално прашање од типот "колку е стипендијата во САД?", од принцип што има стотици и стотици фондови и нема конкретен одговор на тоа прашање поради обемноста на предметот. Верувајте, има многу начини да се дојде до стипендија за студирање во странство, но до ниедна не се доаѓа лесно и никогаш нема да дојдете до стипендија ако прашате на форум "е ај наброј ми 5 или 10 фондови што даваат стипендии."
Кога ќе ти даде некој од овие 5 тебе стипендија дојди и ќе те частам вечера.. вака фулбрајт стипендира ?

Thank you for contacting the Institute of International Education (IIE) with your questions about the Boren Scholarship (undergraduate) and Fellowship (graduate). The Boren Awards offer assistance to U.S. citizens enrolled in regionally accredited U.S. institutions of higher learning to study overseas less commonly taught languages in world regions critical to U.S. national security excluding Western Europe, Canada, Australia and New Zealand.

If you are not a U.S. citizen and if you are interested in studying in the United States, then you would not be eligible for this award.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom