- Член од
- 29 септември 2008
- Мислења
- 101
- Поени од реакции
- 12
Да не знае некој дали се прави лапароскопска операција на препонска херниа некаде во МКД.
Ова сум го пишал пред скоро три години...Kилата се оперира во секоја хируршка болница, и е рутинска операција... мислам дека трае неполн час. И да...треба да одам да ме закрпат, ама не ми се лежи 3 дена во болница.
jas se pravev od kila i kolku sto mi kaza doktorot deka ne smeam da da rabotam so tezina 5/6 meseci a ranata celosno zarasnuva edna godina taka da ne bi ti rekol da vezbas vednas nego da pocekas 5 meseciПрво нека ти заздрави раната. После почни да правиш вежби за истегнување(не стомачни) и почни да трчаш. После неколку недели (1-2) почни да вежбаш пак. Секако почни полека, со помали тежини и усоврши ја правилната форма на изведување на вежбите. Со тек на време, можеш пак да се вратиш на големите килажи. Стомачни обавезно како би ги зацврстил абдоминалните мускули.
Јас не сум се оперирал од хернија така да доколку си во можност советувај се со хирургот кој те оперирал. Корисни инфорнации ти се достапни и на нет
здраво јас сум нов на форумов да ве прашам
што ке се случи ако не се оперираш од кила?,сум слушал ако не се оперираш ке не можеш да имаш деца можеби се ова глупости,што ке кажете вие?
а ако дојде до уклештување, дали со операција може да се среди? јас незнам дали имам кила немам никакви болки , а сум слушал ако си искилаен ке имаш болки.Шансите за стерилност се големи кога доаѓа до уклештување на хернија (кила), т.е ако се занемари килата големи се шансите за уклештување на истата.
А зошто да не се оперираш ?
Уклештувањето(инканцерација) на кила е индикација за хитна операција,до максимум 12 часа, во спротивно станува опасна по живот.Тоа е и нај сериозната компликација на килата, тука болките се големи за разлика од неуклештената и сакал нејќел мора да се побара лекарска помош. Обично ако е оперирана во рамки на овие 12 часа нема последици.а ако дојде до уклештување, дали со операција може да се среди? јас незнам дали имам кила немам никакви болки , а сум слушал ако си искилаен ке имаш болки.
Кратка операција е околу час. Рутинска работа е немај страв, но задолжително на лекар да се вииди прво дали е хернија, потоа каква е....Ве молам помагајте!! Вчера и денес како да имам болки во препоните и околу пенисот. Исто така, како и да забележувам оток во левиот препон, а сеуште не сум отишол на доктор. Ве молам кажете ми, дали операцијата од кила е страшна? Како е, што е? Многу ми е страв.. верувајте ми многу се плашам! Споделете искуства со мене... :'(
Со кој метод те правеа операција, лапароскопски или класично (со рез)?Само што си дојдов од оваа операција, ме пуштија сабајлево дома да одмарам. Инаку бев примен неделата вечерта, ништо не јадев само лежев до сабајлето (понеделникот), па потоа еден систем и една инекција за мало опуштање. Анестезијата беше спинална (во 'рбетот) по што бев свесен цело време во текот на операцијата, само што не чувствував ништо од половината надолу се беше здрвено. Инаку целата операција траеше еден час и беше доста забавно проследено со муабет со анестезиолозите и хирургот, доста се шегувавме. Откако заврши тоа, 2 часа бев во шок соба и повторно системи, а подоцна преместен во нормална соба каде што лежев без да се помрднам околу 24 часа (во меѓувреме гледав филмови на лап топ). Потоа системи стандард и почнав да движам, се нормално беше и со системите нормално лекарства против болки и денеска само преврска и дома си сум, каде лежам по малку движам, јадам се и пијам многу течности. Ако иам болки по некое апче за намалување на болките и тоа е тоа. Нареден понеделник сум на преглед па ќе видиме што ќе биде. Инаку докторот кажа дека се е супер, само малку пауза од легнување со женски околу 2 месеци .
Кој и да го има овај проблем слободно нека си го среди, безболно е се средува за брзо време
Јас се оперирав пред нова година во градска исто класичен рез со мрежа за спорт ми рекоа после месец ипол што сакаш можеш да правишКласик рез, пошо и мрежа ми ставија и супер, денеска одам да ги вадам конците, макар шо не глеам конци, има само линија една, а на крајот подврзано е со мало конче. Движам шетам, шпартам то е, ме интересира сеа колку време пазуа треба да правам од билокакви спортски активности (пливање и велоспиед) да видиме што ќе каже докторот.