- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.089
- Поени од реакции
- 1.257
sto e so ovoj zakon go nemam procitano?? zasto takov naslov??
Ево слушај до детал па да ти се разјасни некои работи.
--- надополнето: 4 февруари 2014 во 22:47 ---
Додека јас плаќам даноци во Македонија како физичко и правно лице и додека ја ранам администрација со години ќе зборувам. Па и на Марс да се наоѓам, тоа да биде кристално јасно.
Кои љубоморни и неписмени бе? Брат ти го вмеша сам овде, он многу оти беше писмен ли го вработија со партиска книшка? Дај не се губете од релноста ве молам. Ако брат ти и останатите беа писмени и способни никогаш немаше у државно да работат. Ќе си ги пробаа силите во приватен сектор. Да не треба да ги жалам случајно за законов? Ме жали ли брат ти кога идам на суд и неможам да наплатам од фирмите во Македонија, а морам на први да платам даноци на државата за он да земе плата? Не жали ли некој нас кога идат инспекции и за 20 денари во каса ни ставаат 2000 евра казна за да земе плата брат ти? Зошто не отвори тема изминативе години како му е на приватниот сектор да го рани брат ти во државна фотеља? Љубоморни на шо бе брат? На партиска администрација? Као успех е да работиш во државно, па да им љубомори некој? Зошто еден од нив отказ не си даде иако знае дека е превработено за доброто на земјата? Да не го жалат случајно народов што е гладен, а плаќа даноци да земат плата? Кој кого треба да жали во случајов?
Баш ми е гајле сега и мене, сите до еден да ги избркаат. И ТОЕФЕЛ е ефтин, нека им стават некој од 1000 евра за полагање, ич ама ич не ми е гајле за администрација. Иако свесна сум дека ова е еден популистички глуп закон и никад своите нема да ги избркаат, али ужасно многу сакам пола администрација да ја исфрлат на улица. Зошто таа администрација ми има скратено пола живот по тие врати шугави, неписмени.
Леандра навистина ме изненади,добро ајде ќе го избркат брат ми од работа, а ти ќе бидеш ли среќна со тоа? Јас например на никого не пожелувам да му се случи некоја несреќа, или пак некој да остане без леб заради глупостите на владата а јас со тоа да се радувам.. Сега ми е јасно зошто постои една интересна поговорка за нас македонците,а таа поговорка беше нека умре козата на комшијата..