Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Малце е проблем што за 2 недели се враќа во Скопје, почнува нов семестар нели. Не ми е проблем воопшто што е таму, навикнат сум веќе. Мислам дека шансите за позитивно решавање се намалуваат (што и не мора да значи нели). Скопје не е на другиот крај од светот, туку е 50 минути средно-брзо возење :)
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Дечки, ајде едно советче за мене . Не е љубовен проблем, туку повеќе е како ситуација, за која ми треба совет. Значи на факс поминаа испитите и полагањата, а јас цело време преку е -меил бев во комуникација со една асистентка, мислам не само јас исклучиво, туку цела група,бидејќи ни праќаше матријали за учење, а ние и испраќавме семинарски . И сега претходниот викенд ме покани преку меил ко во стил да сме се виделе, ама она така ми го напиша тоа што јас помислив дека повеќе колеги заедно со неа ќе седнеме негде на кафе да си помуабетиме после испитот. Да напоменам дека јас сум онака социјален тип и покани за дружба ретко одбивам, знаат тие што доаѓаат на кајгана собиранките. А јас сум навикнат со професорки од школо, курс да излегувам онака на дружба без задни намери.Во основно додека одев на курс којзнае колку пати се собиравме со наставничката на кафе и сок . Со старата класна од средно и ден денес си одам на кафе и онака сеуште имам близок однос, иако пред 4 години матурирав.Така помислив дека и со оваа средба ќе биде, ама вечерта каде што бевме договорени да се чекаме јас мислев дека ќе дојдат и други колеги од група,ама бев само јас.

Доаѓа женава и ја гледам облечена во мало деколте и минич. Уште кога видов дека сум сам со неа и како е она облечена, сфатив колку е саат. Ама ајде се правев наудрен, да не испадне ете си правам филмови во глава, донесувам предвремени заклучоци . Кога веќе седнавме таа почна да прави муабет за факултетот, за испитот,бла бла како што всушност беше и целта на средбата. Кон средината на вечерта женава веќе почнува да прави послободни муабети што не доликуваат на однос асистент - студент. Ама ајде ја оставив,а сеуште се правев мутав и онака ладен намерно го задржував оној професионален однос како да сме во амфитеатар или во предавална. При крај на средбата асистентката почна да ми дава знаци меѓу редови , неколку погледи и насмевки, што би рекол Тошо Малерот ишарет ми дава бе батка. И на тоа остана, и се заблагодарив за средбата и поканата, и се разделивме секој кон својот пат до дома. Утре дента станувам од спиење, си мислам во себе, Никола ајде заеби плеткања со асистентки, шефици , директорки ... со таквите на крај може само да го јадеш, а плус реално ни ти не си по таквите. Така беше, таква одлука донесов, се додека денес не видам дека женава пак ми пишала на меил, парафразирам: многу убаво си поминала, прекрасен впечаток сум и оставил, дрн дрн јариња и дали би сакал да ја повториме средбата. Уфффф навистина не очекував дека повторно ќе ме покани. Уште и немам одговорено.

Мене сега што ми е недоумицата. Ситуацијата ми изгледа како да е меч со две острици. Ако одбијам, се плашам од таа моја реакција да не има последици по мојот академски живот, јас сум апсолвент ова ми е последен семестар и сакам да го поминам најлабаво што можам. Се плашам со моето одбивања да не удрам по една болна точка во академскиот свет,егото, па после таа мене да ми го загорчи животот на факултет. А од друга страна доколку направам нешто со нејзе, пак јас ќе бидам тој што ќе го извлече подебелиот крај. Не ми се плетка со асистентки. Искрено да не ми беше асистентка, би ја ебел, и те како. Затоа сум во недоумица и ми треба мала помош како да ја исхендлам целава работа. Доколку ја одбијам може и да не се случи ништо, секој да си продолжи со својот живот. Ама тоа неможам да го знам со сигурност . Многу ми е тешко да проценам, затоа што жените лично на мене ми се многу тешки за пробивање на нивните агенди. Дури неможам ни јас да проценам што всушност она сака од мене, само да ме легне, нешто повеќе или сосема десетто, врска немам .
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Дефинитивно сака да те плесне. :D И јас така би играела да сум асистентка и да ме бендисува некој студент.

Не ги одбивај нејзините покани за да се видите. На средбите биди природен, задржи го досегашниот однос со неа, можеш да флертуваш сосем малку со неа. Биди суптилен во флертот и малку збуни ја за тоа дали сакаш или не со неа. Од кога ќе ти завршат сите предавања и испити кај неа, тогаш плесни ја. :) Пред тоа не, оти и сам знаеш дека се може да ти се искомплицира. Јас мислам дека можеш да играш топло ладно наредните 4-5 месеци.
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Ти завидувам батка,какви асистентки имам на факс,да сум у твоја ситуација би ја ковал па макар и факултет да треба да мењам отпосле.Али па сеа гледам 2 години си постар од мене,па може за 2 години и ја ко тебе зрело ќе размислувам:D.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Или тоа или спротивното... комар е тоа :)
Тоа е тоа, мене спротивното ме плаши . За тоа ми треба совет да се справам со ситуацијава . Никогаш претходно не сум бил во слична ситуација за да можам да компарирам како на крај сум поминал . Затоа и напишав дека е меч со две острици .
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Дефинитивно сака да те плесне. :D И јас така би играела да сум асистентка и да ме бендисува некој студент.

Не ги одбивај нејзините покани за да се видите. На средбите биди природен, задржи го досегашниот однос со неа, можеш да флертуваш сосем малку со неа. Биди суптилен во флертот и малку збуни ја за тоа дали сакаш или не со неа. Од кога ќе ти завршат сите предавања и испити кај неа, тогаш плесни ја. :) Пред тоа не, оти и сам знаеш дека се може да ти се искомплицира. Јас мислам дека можеш да играш топло ладно наредните 4-5 месеци.
Фала бубамарче, ти досега со најконструктивен совет. :love:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Тоа е тоа, мене спротивното ме плаши . За тоа ми треба совет да се справам со ситуацијава . Никогаш претходно не сум бил во слична ситуација за да можам да компарирам како на крај сум поминал . Затоа и напишав дека е меч со две острици .
Пак ќе кажам... да сум како тебе ќе изиграм играта до крај, па што ќе биде нека биде!
Макар шо мислам дека...убаво би излегло на крај.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Hahahahaha jako ! :-D
Druzi se be, eeee kukavica. Big deal, sigurno ne saka nesto seriozno so tebe. Taka da, so i da bide, posle i dvajcata ke se praite deka ne bilo.
Relax, sto se ustrucavas tolku od asistentki, labavo samo treba...
Dobra li e barem?
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Фала бубамарче, ти досега со најконструктивен совет. :love:
Ајде де, нели ти фраер беше. Ако не знаеш една женска неколку месеци да ја занимаваш да остане заинтересирана за тебе, шо фраер си тогаш. :pipi:
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.130
Поени од реакции
8.075
Уф daydream на 99 % од денешната младина. :D
Удри ја друже ич не му ја думај, гледај на тоа како дека и таа е човек и си има свои потреби.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom