MARNet - уназадени со години!

Член од
14 мај 2010
Мислења
113
Поени од реакции
20
Како да дознаам кои документи ќе треба да ги приложам? Истите ли се доколку се регистрира на име на некоја фирма?
 
Член од
15 мај 2010
Мислења
540
Поени од реакции
72
Имаш се тука, за тоа организација незнам точно. пошто имам 15 год и не сум запознаен толку со овие работи, владини невладини..
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Имаш се тука, за тоа организација незнам точно. пошто имам 15 год и не сум запознаен толку со овие работи, владини невладини..
поглупа страна немам видено ..
како не им е срам незнам ...
се занимаваат со домејни а преставителност НУЛА, услужност НУЛА .. КАТАСТРОФА ... ц ц ц

--- надополнето ---

поарно би немал .мк одколку на глупиве кои не инвестирале ни Денар во нивните услужни дејности да им платам .. а калапат пари на големо ..
 
Член од
11 јули 2005
Мислења
66
Поени од реакции
2
Еве сега само што се јавив, имам проблеми со префрлање од еден на друг хостинг.

Дали проблемот е до мене (не верувам) или до нив проценете:
- До сега имам регистрирано неколку домејни на истиот хостинг (реселер)
- со некои од нив имаше проблеми, и незнам како, мистериозно се решија.
- Како може .com домејн да го подесам толку лесно како 1,2,3 а .ком.мк да мора со 10 јавувања.

Дај кажете дали јас грешам, или овие од марнет се тотално неспособни. По стотти пат прегледувам сетапот на ДНС зоната, се е исто како и на други .ком.мк домејни, ама овде не ме наоѓа.

Што треба да исполнам од моја страна за тој нивен „софтвер“ кој не може да ме пронајде?

еве пост од мејлот:
3. Proverka na IP adresi na imenski opsluzzuvacci ...
3.1 >>>NS1: ns1.embedlab.com. VON domenot, !!! Nema A zapisi !!!
3.2 >>>NS2: ns2.embedlab.com. VON domenot, !!! Nema A zapisi !!!

4. Proverka na imenski opsluzzuvacci ...
4.1 >>>NS1: ns1.embedlab.com., !!! Nema IP adresa !!!
4.2 >>>NS2: ns2.embedlab.com., !!! Nema IP adresa !!!

5. Analiza na rezultati
5.1 SOA zapisi -> NE E VO red
5.2 NS zapisi -> NE E VO red


Дали има нешто што треба специјално за марнет да го направам да можат да најдат кога додавам хостинг на .ком.мк домејн?
Истиот проблем го имам и јас. Инаку претходно сајтот беше хгостиран на малина али сигурно знајте дека малина јок појке, ја јаде мечката, па сега пријателиве поднесоја барање за промена на NS па наводно овие нашиве заебаните ја извршија, иако претходно имаа подесено некој несмислени NS нешто вака имаја подесено колку да видите само: ns1 , serverot.com и ns2.com офмори зошто се!!!!

Е сега проблемот е секогаш кога ќе пробам да направам assign(да го додам) на домејнот на серверот и од како ќе направи проверка за домејнот се уште покажува на старите NS. Треба да се чека одреден период додека да се прифатат промените и да бидат активни новите NS или треба нешто плус јас да направам???
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.926
Поени од реакции
839
Еве некои новости кои во 2011 ќе се случат
МАРнет ќе се либерализира за подетално тука
 
P

Princ

Гостин
Леле, ова е најглупото нешто што било кога го имам чуено.

- МАРНЕТ работи до 16 часот. Доколку јас отидам во таа фирма која работи до 17 часот и го поднесам барањето со DNS сервери подесени, дали јас би можел... (прашањето на новинарот е дали ќе може истиот ден да му е регистриран доменот)
- Јас ќе ви кажам. Тие однапред си купуваат домени.

Госпоѓо заменик-министерке на факен информатичко општество, слабо.

И ова не гледам да е некоја либерализација. МАРНЕТ повторно ќе е регистрант на мк домени, МАРНЕТ повторно ќе работи од 8 до 16 часот (со тоа што барања ќе примаат од 13 до 16 часот, кврц, а во тек на еден работен ден ќе регистрираат мизерни 20 домени (останатите повеќе среќа утре), нешто што можам да го направам за 20 минути), МАРНЕТ пак изгледа ќе бараат писмено да им се поднесуваат барањата или во друго поле ќе ја отежнат работата за полесно имање на домен со .мк наставка.
 

login.php

404 Error on index.php
Член од
5 јуни 2009
Мислења
696
Поени од реакции
28
Ехе видете што му направија овие од марнет на
Бени од Чаир против Google

Беџет Муслија од Чаир, познат како Бени, ќе го тужи Google пред Европскиот суд за човекови права во Стразбург поради www.google.com.mk доменот. Тој го регистрирал доменот преку МАРнет во 2004 год. Google веднаш реагирал и г-дин. Муслија е казнет со 1.000 евра поради „повреда на трговски бренд“ како што вели адвокатот Валентин Пепељугоски, кој ги застапува Google во Македонија.
„Обвинетиот при регистрацијата го користел брендот „Гугл“, која е светска позната фирма на веб-страниците, со цел да ги измами корисниците. Луѓето што сакаат преку ноќ да се збогатат не читаат дека во меѓувреме се менуваат прописите и се заоструваат санкциите за ваквите кривични дела. Оваа област е подложна на промени и сите нови конвенции се задолжителни за Македонија“ изјави г-дин. Пепељуговски за Дневник.

За Беџет Муслија ова е нефер. Тој преку МАРнет си го регистрирал доменот:

„Ги почитувавме сите права, односно немаше нарушување на индустриската сопственост, плаќавме даноци и се' беше законски. Одеднаш испаднавме виновни. Нашиот сајт беше целосно одделен од „Гугл“. Ние не користевме жиг ниту пак ги користевме нивните услуги и бази на податоци за пребарување. Платформата не беше на „Гугл“ туку наша, а земено беше само името.“ објаснува г-дин. Муслија.

Целата историја на сајтот која е забележана од интернет архивата можете да ја погледнете тука.

Но има еден проблем со проектот на г-дин. Муслија.

Сајтот Google.com.mk во 2007
Како што можете да видите, г-дин. Муслија го продава доменот. Ова на интернет е познато како cybersquatting, т.е. заземање домени на компании или познати личности и брендови и потоа нивно продавањe. Проблемот тука е заземање домен со име на бренд и негово искористување, при тоа немора да се спомене дека додека Google.com.mk е во изработка, се вели дека овој проект е во „кооперација со интернет пребарувачи“. Можеби Google не е еден од тие пребарувачи, но името на доменот имплицира на Google кој е интернет пребарувач.

Втор проблем е што според правилата на МАРнет домените не смееат да се закупуваат и продаваат.

Одлука на МАРнет во врска со Google.com.mk

Ова важи и за www.yahoo.com.mk, сајтот на Инфопроект. Тие си го имаат регистрирано доменот, но иако си рекламираат своја фирма, сепак може да се види (лево на менито) дека и тие го продаваат доменот што е искористување на бренд.

Покрај продавањата, според правилата на на МАРнет „Називот на доменот не смее да биде еднаков со заштитен жиг, име и слично, освен ако подносителот на барањето за регистрација - корисникот на доменот е сопственик на заштитниот жиг, име и сл.“


Член 20 од правилникот на МАРнет
За Дневник, г-дин. Муслију изјави дека „самиот Пепељуговски има напишано во својата книга дека домените не спаѓаат во казниви дела за кражба на интелектуална сопственост“.

Од друга страна г-дин Пепељугоски одговори дека правилата не важат кога е во прашање светски познат бренд и име, и дека ова е кражба на интелектуална сопственост.

Совет до г-дин. Муслија - прочитај за примерот на домените на Џенифер Лопез која си презеде 2 домени на нејзино име бидејќи нејзиното име т.е бренд беше искористен за комерцијални цели.

За повеќе информации само напишете на www.google.com
Бени од Чаир против Google

Извор: it.com.mk

Беџет Муслија поднесе жалба пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур дека е неправедно осуден, без можност за спогодбено решение за да се заштитат интересите на големата мултинационална корпорација
Беџет Муслија-Бени, кого „Гугл“ го тужеше за кражба на трговската марка, верува дека е невин, па продолжи да ја бара правдата пред Европскиот суд за човекови права. Тој поднесе жалба пред Судот во Стразбур во која тврди дека македонските судови неправедно го осудиле, а како надомест бара да му го вратат доменот google.com.mk и да му платат оштета од 100.000 евра плус камата.

Неговата адвокатка Мирјана Марковска во жалбата до Европскиот суд за човекови права наведува дека при судската постапка и пресудата во македонските судови постои повреда на членот 6 од Европската конвенција за човекови права и слободи, кој го предвидува правото на правично судење. Муслија беше осуден во 2007 година за неовластена употреба на трговската марка „Гугл“ за регистрација на интернет-домен, за што требаше да плати глоба од 1.000 евра.

- Мојот случај е преседан. Судот не ни дозволи да направиме вештачење на страницата, ниту прифати повеќе клучни докази. Има многу примери кога се регистрирани познати домени во повеќе земји, каде што потоа се продаваат. Не ми е јасно зошто таквите правила важат за другите земји во светот, а во Македонија не. Затоа сум неправедно осуден, а како компанија сме оштетени за да се заштитат интересите на поголема странска фирма - вели Муслија, додавајќи дека во светот постојат брокерски куќи што продаваат домени, а еден достигнува цена и до 300.000 евра.

Правниот застапник на „Гугл“ во Македонија, Валентин Пепељугоски, му порача на Муслија прво да ја плати глобата од 1.000 евра, а потоа да поднесува жалби до Судот за човекови права во Стразбур.

- Тој го загуби спорот во македонските судови уште пред три години, а се' уште ги нема платено трошоците. За каков човек станува збор, зборува самиот тој факт - изјави Пепељугоски.

Муслија на тоа одговара дека тој го регистрирал доменот за кој е осуден уште во 2004 година, а тогаш „Гугл“ се' уште немал регистрирано трговска марка во Македонија.

- Доменот не е дел од индустриска сопственост. Битно е што не ја користевме платформата на „Гугл“, односно не бевме пребарувач, туку само го регистриравме доменот. Ако ја користевме платформата, тогаш ќе беше измама - посочува тој.

Пепељугоски потенцира дека во процесите поведени пред Судот во Стразбур врз основа на Конвенцијата за човекови права се предвидува човечката совесност и чесност.

- Во случајот, Муслија ниту е совесен ниту чесен, бидејќи на несовесен начин сака да дојде до нешто што не му припаѓа, ниту му припаѓало. Убеден сум дека ќе му биде одбиена жалбата исто како и во македонските судски инстанци. Неговата цел е лукративна. Тој само сака да дојде до пари - изјави Пепељуговски.

Според него, веќе десетина години наназад Европскиот суд за човекови права ги одбива ваквите жалби за спорови слични на овој на Беџет Муслија.

Основниот суд Скопје 1 во 2007 година ја поништи регистрацијата на google.com.mk во сопственост на „Ардхмедиа нет интернет солушнс“, чиј сопственик и управител е Муслија, а на компанијата и' забрани регистрација на нов домен во период од три години. Веднаш потоа Пепељуговски го регистрира истиот домен во името на „Гугл“. Ова решение на судот е донесено според Правилникот за користење на врвниот поддомен „.мк“ на македонскиот регистратор на поддомени МАРНет. Во Правилникот се вели дека корисникот на доменот не смее да го продава или „да презема какви било работи поврзани за домените ако тоа го прави за да се стекне со финансиска, материјална или друга корист“. Бени бил осуден врз основа на овој член бидејќи сакал да му го продаде доменот на „Гугл“. Неофицијално, станувало збор за 50.000 евра.

Во адвокатската канцеларија „Марковска и Адревски“, која го застапува Муслија, сметаат дека во овој случај се повредени двата основни принципа во спорови од областа на индустриската сопственост.

- Основните принципи што функционираат во правото на индустриска сопственост се „прв дојден, прв услужен“ и принципот секогаш страните од спорот да се обидат прво да дојдат до спогодбено решение пред да почне судската постапка. Компанијата на Беџет Муслија „Ардхмедиа нет интернет солушнс“ прва го регистрира доменот google.com.mk, а правниот застапник на „Гугл“ одби обид за спогодбено решение - велат адвокатите на Муслија.

- Јас законски го регистрирав доменот кај МАРНет, според сите правила и прописи, платив за тоа и ја одржував страницата. Ако „Гугл“ е вистински бренд, тогаш требаше да дојдат и да разговараат со мене за да се договориме. Но, неправедно сум осуден - вели Муслија.
 
Член од
14 мај 2010
Мислења
113
Поени од реакции
20
Може ли некој малку да ми помогне со тоа што ќе ми објасни подобро што значат поимиве: SOA запис, NS запис А запис?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.443
Марнет одби да го регистрира wikileaks.mk со образложение - не може :)

Алал вера мајстори! :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.443
Поднеси тужба против нив, пријави на медиуми :)
Нема потреба, не сум јас регистрант :)
http://it.com.mk/marnet-ne-dozvoli-registracija-na-wikileaks-mk/

„Ние како министерство немаме надлежност над МарНет. Заради вакви и слични проблеми со коишто се соочува приватниот сектор во Македонија, Министерството за информатичко општество предложи до Владата на Република Македонија да се оформи нова институција која што ќе раководи со македонските домени и академската мрежа. Таа институција ќе започне со работа од почетокот на наредната година.”, вели ИТ министерот Иво Ивановски.

Извор: IT.com.mkhttp://it.com.mk/marnet-ne-dozvoli-registracija-na-wikileaks-mk/#ixzz18gtqyhKS
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.926
Поени од реакции
839
тоа е кога сме под влијание на запад на кој секако не му одоговара викиликс...
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Марнет одби да го регистрира wikileaks.mk со образложение - не може :)

Алал вера мајстори! :)
Можеби затоа што е „бренд“, ама не верувам дека тоа ќе е објаснувањето бидејќи ги има многу други WikiLeaks кои се регистрирани од некоја трета личност. И мене ми одбијаа WordPress.mk, али во ред тука се работи веќе за нешто друго.
Друго... можеби им забраниле регистрирање на тој домеин или ако го регистрират мислат дека ќе тргне нешто наопаку.

Си терат они по свое, ама барем да кажаа причина ради тоа и тоа не може да се регистрира тој домеин и да си знаеме сите.
 
P

Princ

Гостин
МАРНЕТ треба да го регнат доменот, не се они тело да одлучуваат дали одреден збор е нечиј бренд.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom