MARNet - уназадени со години!

  • Креатор на темата Креатор на темата Gandalf
  • Време на започнување Време на започнување
Кој има поголемо искуство со купување на банери, нека го сподели тука. Ме интересираат неколку работи поврзани со оваа тема:
-дали мора доменот да го регистрираш на името на некоја фирма;
-како оди постапката за регистрирање: колку што знам јас, треба прво барањето да испечатиш и да им го испратиш по пошта, па потоа треба да отидеш лично за да се доврши целата процедура.
доменот е личен ко што знам, не мора да имаш фирма
а постапката не ја знам искрено, нека се јави некој што знае :)
 
абе баталете таму каков Марнет .. шо се замарате ..
 
абе баталете таму каков Марнет .. шо се замарате ..
Како ќе регниш .мк домејн? Тие се единствени... сакал нејќел мораш да се расправаш.

п.с. јак беше одговорот кога се јавив да прашам што се дешава со домејнот кој не ми го имаа регистрирано 20 дена. Јас се бунев дека плаќам и сакам услуга побрзо, а типот од другата страна ми рече дека волонтирал. Како бре волонтира? Која е таа несериозност волонтер (шо можи да е полуписмен) да ми поддесува домејн систем? Затоа и се е така како што е. Јас само му нагласив дека зема плата од корисниците и дека сум еден од многуте незадоволни... па ја средија работата за 2 дена.
 
доменот е личен ко што знам, не мора да имаш фирма
а постапката не ја знам искрено, нека се јави некој што знае :)

Мора да имаш фирма.

Постапката е едноставна, го симнуваш, шаблонот и го пополнуваш, па го праќаш по пошта.

Ако нешто не му јасно, нека праша ќе му одговорам, секоја недела пополнувам барем еден таков.
 
Грешка! Не се БАНЕРИ, туку се ДОМЕНИ. :)

Кои информации треба да ги превземам од сопственикот на фирмата на чиешто име ќе ја регистрирам страната? Доколку би стапил во контакт со некој таков, веднаш би сакал да му посочам што точно ќе ми треба од него.
 
Кратко име на фирмата, тоа од тркалезниот печат.
Долго име на фирмата од штембилот, од правоаголниот печат.
Телефон , факс, адреса и то.

А ти спреми хостинг унапред со внесени ДНС рекорди.
 
И даночен број, најбитното го заборавив.
 
Thanks!

--- надополнето ---

Овие податоци од фирма кога ќе ми требаат? Прво треба ли да го испратам по пошта она барање што го имаат на страната? Па потоа ќе ми требаат овие информации? Оние што се технички податоци за серверот кај треба да ги внесам? Колку отприлика се чека за регистрацијата?
 
Каге е точно сместен „Марнет“? Нечто имам слушано дека е во кругот на УКИМ, но каде поточно знае некој да каже? Како можам точно да го најдам?
 
Лесно ли се наоѓа? Има ли некој показател? Пред врата што пишува?
 
Лесно ли се наоѓа? Има ли некој показател? Пред врата што пишува?
Пишува РЕКТОРАТ.

Кога ќе влезеш, одма лево имаш приемно... Прашај таму кај се оставаат формуларите за Марнет. Ќе ти речат четврта врата од десно :)
 
Може ли да се регистрира интернет страна на име на невладина организација?
 
Може ли да се регистрира интернет страна на име на невладина организација?

Може, ама мора да имаш регистрирано организација, со сите потребни документи, затоа што и тие ги бараат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom