Процедура за отворање на веб сајт

  • Креатор на темата Креатор на темата thebuddhatet
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 септември 2013
Мислења
86
Поени од реакции
19
Здраво дечки :)
Го разгледав форумов, меѓутоа не најдов никаква информација на оваа тема. Ме интересира која е процедурата за отворање на веб сајт во смисла дали треба да се регистрира ко фирма, треба ли да се консултирам со правник, дали постои данок и сл? Можеби прашањава некому ќе изгледаат смешни, но затоа сме тука :)
 
Брат какви фирми, правници, најди и контактирај некој веб хостинг сервис и готово...
 
Името на сајтот не се заштитува?

Се купува домеин т.е име на сајтот ако е слободен си плаќаш 1000 +- годишно и твој е. Ако не е можеш да го купиш од некој ама тоа вообичаено многу чини.

Втора работа ти треба хостинг и тоа е тоа.

Ако имаш уште прашања слободно прашувај.
 
Значи автоматски оди со домеинот..одлично, не знаев за тоа, фала многу :)
 
Значи автоматски оди со домеинот..одлично, не знаев за тоа, фала многу :)

Да ако сакаш мк домен треба во марнет да регистрираш(вообичаено ова оној што нуди хостинг ќе ти го направи беспари)

Ако е com можеш и преку интернет.(Не знам што се деси и кај нас требаше да направат се преку нет да иде ама ми се чини се уште не е имплементирано тоа)
 
Прво кажи дали сакаш да бидеш за МК подрачје или таргет ти се странци.

Според тоа најубаво ќе ти кажеме што ти се исплаќа највеќе. Јас на пример имам домејн на hostgator, ама таргетот ми е исклучиво странци. И башка hostgator имаат 24/7 live chat ...проверено најдобри.
 
Имаш право, требаше да напоменам на почеток. За у Македонија станува збор :)
 
Абе за domain e лесна работа godaddy се по 3$ .com па што мора да е .мк 1000 денари годишно не се нормални ....
 
Имаш право, требаше да напоменам на почеток. За у Македонија станува збор :)

Тогаш земи си од нашиве локални хостови,преку нив мислам дека ти нудат и домејни...и тоа у пакет мислам дека е за солидна цена.

Разгледај си ги цените на хостовите и не се штеди ...оти утре ако ти падне страната ќе нема кој да ти ја крене, гледај барем дали нудат live chat или нешто слично.
 
.com.mk i .mk domenite se 620 denari za prvata godina, a po 310 denari sekoja naredba godina. Preku MarNet.
 
Имаш право, требаше да напоменам на почеток. За у Македонија станува збор :)
Ќе си идеш на uhost.mk да речеме ќе си одбереш хостинг план според потребите, домен ќе си одбереш. После му ја мислиш дали ќе си WordPress или Joomla гарант ти треба за портал и затоа овие ти ги кажувам. Ќе си симнеш едно од тие идеш на themeforest.net бараш темплејт и после или го плаќаш или го бараш ако го има фри. Вака најчесто се функционира.

Иначе ако сакаш да заработуваш од порталот да ќе ти треба фирма да регистрираш околу 5-6000 е за ДООЕЛ ако имаш и пари да инвестираш си наоѓаш дизајнер/девелопер ти средува и фураш.
 
Годишно тоа? :O Инаку има негде некој документ ова каде што може да се испрочита и сл. ?
--- надополнето: 31 јануари 2014 во 18:42 ---
Годишно тоа? :O Инаку има негде некој документ ова каде што може да се испрочита и сл. ?

Исто, дали ценава од 5-6000 евра се плаќа дури и ако си на сам почеток? Планирав да се занимавам со рекламирање инаку. Само многу скапо ми изгледа за почетник. Ептен топ треба да е сајтот и сите кај него да огласуваат, па да му се исплати со оваа висина на паричен износ...
 
Да, 5000 евра ти е паричниот влог кој мораш да го имаш како ДОО или ДООЕЛ. Ако е ДОО фирма, влогот можете повеќе души да го инвестирате. Ако е ДООЕЛ, само ти.

За сите обврски одговараш до висината на оснивачкиот влог.

Е сега, овие 5000 евра можеш да ги внесеш парично или непарично, преку проценител (како опрема, бироа, компјутер и слично).

Има и опција според која регистрираш фирма со 0 денари, со тоа што се обврзуваш дека во рок од 1 година ќе заработиш 5000 евра кои ќе ги ставиш на сметка како оснивачки влог.

Значи, имаш 3 опции:

- со паричен влог
- со непаричен влог
- со 0 денари, рок за заработка на 5000 евра за 1 година
 
Лошо се изразив со прашањето. Сакав да прашам следно: ако сакам да рекламирам, во старт треба да е сигурно дека ќе се исплати рекламирањето бидејќи треба да го плаќам тој износ. Тоа подразбира дека не постои опција да се почне со рекламирање и ако лошо оди да се плати помала сума или тоа да се разгледа на крајот од годината, па според тоа колкав приход е остварен, да и се плати на државата? Тоа ме интересираше :))
--- надополнето: 31 јануари 2014 во 19:40 ---
И уште нешто. Дали игра некаква улога каде ќе биде сајтот, во смисла, ако е направен и одржуван во Хрватска или го поседува странец на пример, дали има некакви олеснувања? Пак ќе кажам ако постои некаков правилник, закон со кој се регулира ова и каде ги пишува овие детали, подобро би било да ми оставите линк, па нема постојано да ве заморувам :/ Јас барав, ама ништо не најдов...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom