Thanks!
Уште неколку прашања ќе ти поставам, се надевам нема да се налутиш, утре сум на контрола, па малку да навлезам во овие работи...
Што мислиш, дали е подобро да ги извадам прво горните умници, па после долните?
Дали да почекам прво да ми ја извадат протезата, зошто исто така имам неколку заби за правење? Немој да настане некоја инфекција на умнциите после?
Дали 2 недели е доволно одмор за мене и секако за забите, помеѓу секое вадење на умник?
Кога ќе ги извадам протезите, дали ќе бирам помеѓу ритејнери и мобилна протеза или ќе ги носам и двете? Јас би ги носел и ритејнерите и мобилната ако може и двете за поголема сигурност.
Додека ги носев протезите, од време на време (за викенди) палев по некое цигарче
дали ќе ми останат многу флеки или со пари и тоа може да се реши?
Доволно ли е да ги носам само 13 месеци? Докторката рече дека забите не биле многу криви, затоа доволно било, немало да биде проблем ако ги извадам. Јас никогаш не напнував да ги извади, само ја прашував.
Фала ти уште еднаш!
Да напоменам, твоите мислења ми беа многу корисни. На форумов не сум активен со објави, ама да не беа твоите мислења за протеза пред 1 година, немаше да ставам цел живот. Благорадение на твоите мислења, собрав храброст и ставив протези, порано мислев дека тоа е нешто многу грдо и дека луѓето со протези се глупи, но откако ставив протези, имам голема почит кон луѓето кои се осмелиле да стават протези и знам дека сигурно водат добра хигиена и внимаваат на забите 3 пати повеќе отколку другите луѓе.