Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Пепа, Лу, најдобар калциум за кутрак од 2 и пол кила? :vozbud:
Не сум некој од овие кој ги прозиваш, ама ќе ти одговорам што мене ми велеа ветеринари порано. Стално ми ја препорачуваа од Canina да зимам, таков и користев за возрасното. Сега за малово се убив тражејки од нив и едвај најдов калциум во еден petshop во лептокарија, ќе ти речев да идеш во Пет-Ленд во Ченто, ама не верувам дека сеуште работат, знам дека дечките рекоа ќе се селат во Австралија кон крајот на 2013 година.

ПС. ако веќе го бараш него пробај во Sorex увозниците од Тетово се, ама може да ти помогнат да ти кажат каде последно носеле во Скопје, или па да ти донесат ако имаат на залиха кај нив.
ППС. мене за малечкото (пред 2 дена наполни 6 месеци :)) луѓето од одгледувачницата кои ми го подарија инсистираа да му давам Canhydrax GAG исто производ на Canina кој освен калциум има и некој други додатоци кој се одлични за вилицата, коски и рскавици (истиве се давале и како лек за дисплазија или како и да беше таа болест, но и за работни кучиња).

Без лутење Лу, незнам зашто многу од ветеринарите ми велат да го одбегнувам Cafortan (ова и не е нели некој чист калциум, него има повеке работи) ете ти си имала одлични резултати, јас не сум го пробал неможам да кажам, ама 3ца ветеринари ми рекоа да не го давам.

едит: пишувало 2,5 кила, а јас тоа кила го пропуштив и мислев дека се месеци :(
 
Исто и јас имам слушнато позитивни критики за калциумот од Canina, но досега никогаш не сум го користела, така што неможам да дадам мислење од мое искуство.
Ако можеш прати ми линк од калциумот на Canina, за да го споредам составот со Калциум Мултивит.
Досега сум ги споредувала составите на калциумите од повеќе производители, и Калциум Мултивит имаше убедливо најквалитетен и најдобро избалансиран состав.

Canhydrax GAG од Canina е одличен мултивитамински препарат ... но кога веќе би давала мултивитамински препарат од типот на Canhydrax GAG ... јас попрво би давала TOP 10 од Beaphar ... со сигурност знам и лично се имам уверено дека кај Доберманите и Ротвајлерите дава фантастични резултати.

beaphar-top-10.jpg

А кога сме веќе кај Кафортанот, искрено јас не ги слушам препораките на ветеринарите, бидејќи ветеринарите имаат знаење општо за кучињата, а не за поедини раси ;)
Така да јас ги слушав препораките од одгледувачите на Добермани, секој најдобро знае како влијае некој препарат на расата што долгогодишно ја чува и одгледува, затоа и ги послушав препораките на Доберманџиите, и според резултатите што ги добив, се покажа дека воопшто не згрешив :)

Самоједите не се мускулести кучиња, и можеби нема толкава потреба од Кафортан, но кај Доберманите и те како се гледаат резултатите од Кафортанот.
Ако се искомбинира Кафортанот со физички тренинзи ... се зголемува мускулната маса, и се добива чиста дефиниција на мускулите :)
 
пишувало 2,5 кила, а јас тоа кила го пропуштив и мислев дека се месеци :(

2, 5 кила, а и 2.5 месеци, така да ништо не си утнал :) Не сум чула за овие, али ќе разлистам по нетов да видам што е и како е.
@Lu Исто као за доберман да те прашувам, само у најминијатурната верзија. Уствари, си зедов второ куче за да надокнадам за пресечениот опаш на Мила:pos: .
Шала на страна, колку сум ги потценила пинчериве тоа е страшно. За 10 ротвајлери по дома ми вреди, не е застанат, со 200 на саат е цело време, а некако и предизвикувачки се за да воспоставиш авторитет. Среќа Милка ја имам, па она го воспитува кога мене ми е скурца. И очигледно нејзе подобро и иде него ли мене:mad:.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
@Lu Исто као за доберман да те прашувам, само у најминијатурната верзија. Уствари, си зедов второ куче за да надокнадам за пресечениот опаш на Мила:pos: .
Шала на страна, колку сум ги потценила пинчериве тоа е страшно. За 10 ротвајлери по дома ми вреди, не е застанат, со 200 на саат е цело време, а некако и предизвикувачки се за да воспоставиш авторитет.
Исто како да ја опиша Астра :pos:
Ионака Доберманите се страшно темпераментна раса, али мојава е 10 пати потемпераментна од просечно темпераментен Доберман :D
 
Исто како да ја опиша Астра :pos:
Ионака Доберманите се страшно темпераментна раса, али мојава е 10 пати потемпераментна од просечно темпераментен Доберман :D

Абе ај за Доберман ќе разберам, си ја има градбата за да го носи тој карактер, ама Пинч да ми се курчи:vozbud: Сите методи што сум ги користела за Мила, на овој не финкционираат. Све обратно треба да правиш. Сега сфаќам зашто секој пинч што сум го видела по улица се понашал како тешка психоза, али за овој се надевам дека ќе успеам да го воспитам, ако не ја, Мила сигурно ќе го воспита:) Претходно навикната да имам куче по дома само кога ја сакам да имам, пошо реално Мила е крпа по дома, не знаеш дека ја има се до моментот кога треба да ги чистиш влакната. Овој го има цело време и на сите страни. Се надевам ќе се смири троа од троа кога ќе се кастрира.
 
На кучево нешто му кркорат цревата денес, што може да му е?
 
ајде честито глувче ново :D И верувај,ако некогаш некаде те сретнам,ќе се плашам повеќе од тоа неголи од Мила :D

И со право! Злоба у движење :) Почна да ми ја брка Мила од нејзиното креветче! А не сфаќа дека колку шапата и е! :pos:
100_6497 (Medium).JPG
 
Мила пустата не си ја знае големината,па да го кркне на еден залак :D

Си ја знае, веруј, затоа само шамари летаат а не пробува да го касне а овој драми... го гледа копиљ, шо да му праи:X3:
 
Дали некој од вас знае кој има одгледувачница за Белгиски овчар (не Малиноа туку долгодлак терверен)?
 
Дали некој од вас знае кој има одгледувачница за Белгиски овчар (не Малиноа туку долгодлак терверен)?
Знам јас дека има во Србија, кај нас ги нема кучињава.
 
Знам јас дека има во Србија, кај нас ги нема кучињава.

Сестра ми видела во Прилеп дечко што го шетал кучево и и кажал дека од кај нас го купил а смотаната не побарала број. Така да, легло сигурно има, само чиво е... може не е регистриран како одгледувачница... али во секој случај, ако раберете нешто, пишете.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom