Мачка дефинитивно.Кучињата не се никаков предизвик и се премногу лесни за воспитување.А да,и неморам да станувам порано од петлите за да го мочам и да ми е страв да го оставам само дома повеќе од пола ден за да не си го најдам станот во руинирана состојба.
Се гледа дека никогаш не си чувал куче.
Не е така лесно да го издресираш како што мислиш зошто кучињата инстинктивно се чувствуваат како да се дел од глутница, во случајов семејството каде што живее и многу често им е дозволено да бидат тие алфите што е многу погрешно. Потребно е трпение но и умеење да постигнеш ти самиот да си алфа за потоа кучето да биде послушно.
И баш резултат на такви ,,лесно'' издресирани кучиња луѓето дома го наоѓаат станот превртен, од неумеење и не доволно посветено внимание.
Да не споменувам дека треба да го научиш да оди поред, да пушта храна или друг премет од уста на твоја наредба што е задолжително во денешно време бидејќи постојано секаде се остава отруена храна и да знаеш како да го смириш ако се вознемири и плус, кучињата природно се по активни и живи па треба да знаеш како да им поставиш гранци и да направиш да ги почитуваат.
Како што гледаш и не е така лесно да се воспита куче.
Потребно е многу време, трпение и љубов. Не за џабе на зафатени луѓе многу повеќе им се препорчаува мачка отколку куче зошто бара помалку време и внимание, научно докажан факт. Не велам дека треба да и посветувате 15 мин. дневно, никако но мачката e повеќе самец ама и лесно се навредува ако не и посветуваш доволно внимание додека кучето е исклучително социјално суштество кое aко не му посветуваш внимание нема толку да се навреди колку што ќе пати и буквално ќе овене.
Сепак, зависи и од расата.
Сум ги чувала и двете но секогаш кучето ќе ми биде помило и да треба да бирам што да чувам, ќе речам куче.
Во моментов немам ниту едното ни другото, а до пред два месеци чував хаски, 14 години. Најсакан мој, никогаш нема да го преболам.