Фан Клуб: Пелистер

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Информира дека е завршено едно игралиште со вештачка трева преку Агенцијата за млади и спорт и подвлече дека одлука на Општината е максимално да го поддржува спортот.
- Најверојатно според бројот на жители сме општина која што максимално финансира во спортот. Оваа година тоа се околу 40 милиони денари, еден голем дел околу 9 милиони денари се само за фудбалскиот тим Пелистер и останите се делат на останатите спортски клубови. Општина Битола распишаниот тендер го заврши и потпиша договор за главен проект за изградба на фудбалски стадион во Битола, кој што ќе биде со капацитет од 12 илјади гледачи, значи 2 трибини по 4 илјади и две помали трибини по 2 илјади гледачи очекувам проектот некаде на пролет да биде завршен, а потоа ќе почнеме со реализација, рече Талески.
Дел од отчетот на Двојче.
Таман за изборите треба да е готов проектот, а реализацијата за наредните избори.
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.468
Поени од реакции
5.934
ФК Пелистер - пролет 2014, можеме или не ?





Уште од осамостојувањето на Р.Македонија, битолчани копнеат за титула под Тумбе Кафе. Дали е созреано времето и тоа да се случи ќе видиме во пролетната полусезона оваа година. Уште во Југославија се родија ривалства со другите клубови од републиката: Вардар, Победа, Работнички итн итн. Сите други во минатите дваесет и неколку години освоиа титула, само Пелистер секогаш остануваше со празни раце. После осамостојувањето Вардар доминираше првите сезони на крилата на организационата и играчка комплетираност од времето кога се натпреваруваше во Првата Лига на СФРЈ. Следеше период на доминација на Победа која под патрон на локалните функционери- Хаџи Ристевски, Забрчанец, Стојковски господареше и на терените и во управата на Фудбалската Федерација каде откинуваа некои бодови.


Истото го правеше и Ѕинго за својот Силекс, политиката длабоко ги има(ше) вмешано прстите во нашиот фудбал и Пелистер секогаш, секогаш остануваше со празни раце. Некогаш бевме слаби и играчки и организационо, но некогаш и им бевме трн во око на фудбалските моќници.
Неколку пати се заканивме дека можеме до титула но никогаш не успеавме.
Дали Битола заслужува да се радува на титула еднаш од постоењето на Македонија ?
Сигурно Да, од секогаш сме биле расадник на таленти, дадовме премногу репрезентативци, имаме прекрасни навивачи и публика која го разбира и сака фудбалот.
За да ги промениме работите во наша корист, мора да го лоцираме проблемот од минатото. Проблемот е во Управите кои се менуваа низ годините и освен првиот Бутлевски кој знаеше да тропни на маса, кој имаше влијание во ФФМ, кој знаеше да купи и продаде фудбалер, сите други беа само марионети на некого, сите други повеќе се фолираа дека нешто работат и вложуваат а повеќе плачеа по фирмите молејќи за малку пари со кои би купиле мир од еден месец во соблекувалната и би ни ги замачкале очите на армијата верни навивачи. Да не зборуваме за горчливиот проблем кој има длабоки корени пуштено во Пелистер, проблемот со разно-разните менаџери кои носат и продаваат играчи, тренери, луѓе кои ја кројат политиката на клубот.
Е сега дилемата дали годинава заслужуваме титула? Е тоа сигурно НЕ.
Не знаеме кој е претседател, кој издава наредби, кој прави трансфери, чиј играч е овој, чиј играч е оној ?
Кој е главен во Пелистер ? Градоначалникот ? Кашкавалот ? Миљачот ? Монголот ? Џате ?
Ех ништо не знаеме! А кога ќе земаат редовно фудбалерите плата и премии е тоа сите знаеме - Никогаш. Фудбалерите ќе одат Анталија на припреми а плати им се каснат.
Е затоа не можеме да бидеме шампиони!
Се поставува и прашањето дали можеме фудбалски да бидеме први ? Е тоа сигурно можеме!
Стручниот штаб искусен со безброј натпревари на клупата на некој прволигаш ( Бочевски, Хусеин ) , голман - Пашовски ( исто така искусен чувар на мрежата) во одбраната Бугаринот Ковачев( кој можеби беше најдобар поединец минатата есен) , Брдаровски (репрезентативец кој нешто вреди и на трансфер пазарот), Бабата ( кој со своето искуство и знаење е плус за било кој прволигаш) , Драгарски ( млад репрезентативец ) и нивните замени Ивановиќ, Атанасовски ....


Во средниот ред, сигурно сме најјаки во лигата- Врапчето ( па нека му го загорчи животот на Вардар, како некогаш што не победуваше нас, можеби најталентираниот фантазист во Прва Лига) , Петар Љамчевски ( кој тргна по стапките на брат му и го надмина ) , Николај Христов ( одигра стандардно добро и е еден од посигурните избори на неговата позиција ) , ќе го заборавев Ѓорги Мојсов ( љубимецот на битолските Чкембари во неговите два мандати под Тумбе Кафе ) , потоа Бугаринот Љубенов, младиот Атанасов ( кој е најблиску до првите единаесет од останатите млади играчи ), а можат и позитивно да изненадат и Филип Миленковски, Бурхан Мустафов, Љубен Љубенов, Мартин Мирчевски, Дејан Велевски и другите млади играчи.
Во нападот го продадовме Стенио на Шкендија, но го купивме Морено, 19 годишен Колумбиец, репрезентативец на својата земја, се опорави Благојче Главевски( има талент, го има генот на чичко му Дејви, па нека ги растури противниците оваа пролет)
Воденичаров ( даде неколку клучни голови оваа есен и ги оправда очекувањата ) , Дуков и Милевски се џокери кои ќе му го чуваат грбот на првите напаѓачи.


Што ни преостанува нам на навивачите ?
Да го бодриме со цело срце нашиот клуб, да му пркосиме на неправдите од ФФМ, и да бараме чесно работење на нашата управа.
Само еден клуб, само еден град, само ПЕЛИСТЕР само БИТОЛА.

 
Член од
20 октомври 2010
Мислења
56
Поени од реакции
22
Кажете некое инфо околу фк Пелистер многу штури се информациите како да сме некој милионски град па никој нема познати во управата и околу неа па неможиме да извлечиме ништо од нив, инаку не сме нормален клуб па да излегват на пресконференции па мораме вака криумчариме со информации
 
Член од
21 јануари 2014
Мислења
23
Поени од реакции
7
Миле Петковски ќе се врати сигурно, веќе тренира се чека да потпиши.
Нема да се оди Анталија ќе се оди Охрид.:facepalm:
Задоволен ?
--- надополнето: 22 јануари 2014 во 19:28 ---
Миле Петковски ќе се врати сигурно, веќе тренира се чека да потпиши.
Нема да се оди Анталија ќе се оди Охрид.:facepalm:
Задоволен ?
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Снема кеш наеднаш за Анталија...:tapp:
 
Член од
20 октомври 2010
Мислења
56
Поени од реакции
22
Зошто ми одиш на сила ??? шо муабет е тој задоволен небаре ќе иди евра или во најмала рака николче новески ќе се враќа па и задоволен , гледам прв пост ти е можи уште не знајш какосе комуницира на форум, но сепак фала на информацијата.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Миле Петковски ако не се лажам нема играно цела година откако го шутнаа од Металург....(нека ме попрај некој)
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.468
Поени од реакции
5.934
Миле Петковски ако не се лажам нема играно цела година откако го шутнаа од Металург....(нека ме попрај некој)
Не цела пола година 7 месеци во Јуни го шутнаа :D.
п.с.Ќе треба и него како Мацата да го разигруват до крај на сезоната за после да им замини.
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
887
Поени од реакции
360
Која позиција игра Миле Петкоски?На кое место можи да пополни кај нас?
 
Д

Дуле Пацов

Гостин
Дали со носењето на Миле се спрема теренот за заминување на Владица во Вардар ?:cautious:
Или во пакет со Драгарски ќе му ги пуштиме , со се панделка...
 
Член од
21 јануари 2014
Мислења
23
Поени од реакции
7
Зошто ми одиш на сила ??? шо муабет е тој задоволен небаре ќе иди евра или во најмала рака николче новески ќе се враќа па и задоволен , гледам прв пост ти е можи уште не знајш какосе комуницира на форум, но сепак фала на информацијата.
Немав таква намера. Извини ако се осети нападнат.
--- надополнето: 23 јануари 2014 во 10:25 ---
Дали со носењето на Миле се спрема теренот за заминување на Владица во Вардар ?:cautious:
Или во пакет со Драгарски ќе му ги пуштиме , со се панделка...
Не. Ако некој понуди кеш, шо ќе го задоволи и него и Монголо, Владица ќе си оди без разлика дали ќе дојде некој, инаку Миле Петковски го спремаат за по лево.
 

Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
831
Поени од реакции
991
Нема врска муабетите шо ги прајте дека Владица ќе си оди или Драгарски, за оваа информација со глава можам да гарантирам. Друго ќе пуштат тројца (најверојатно Милан, Дарко Милевски и Дуков), а денес еден играч од младинскиот погон потпишва договор со Пелистер (за то со повеќе детали во текот на денот). Иначе Мичо не е шутнат од Металург незнам од каде таа информација, Пелистер него го договори уште во Јуни месец, а договорот му истеква мислам во Јуни оваа година така да не е точно дека го шутнаа. За Охрид место Анталија уште не е сигурно каде ... И да Владица можи да си оди само ако некој плати 100.000 евра и ни денар помалце ! :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom