Верски вести III

Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Брисел: БЕЗ ПАНТАЛОНИ ВО МЕТРО - кога моралот ќе постане пречка

Белгија - дека човечката глупост е неограничена како вселената,докажува и случката од претходната недела која што се одвивала во Бриселското метро.

Повеќе тука: http://sandzak.eu/brisel-bez-pantalona-u-metrou-kada-moral-postane-smetnja/
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
и пофторно совршениот ислам во несовршена појава
ВО КПД „ИДРИЗОВО“

Затвореници вахабисти си формирале ќелија и шират радикален ислам

Затвореници во затворот „Идризово" во последниве неколку години успеале да формираат радикална вахабистичка ќелија што го пропагира џихадот и работи на регрутирање нови членови, дознаваме од извори во затворот.
Според нив, тие успеале една од затворските ќелии шестото крило да го преуредат во импровизирана џамија во која закачиле три знамиња испишани со пароли на арапски јазик, а пароли на истиот јазик пишувале и по ѕидовите на ќелијата. Главниот идеолог и организатор на оваа вахабистичка ќелија бил затвореник од Косово, а негови соработници биле тројца затвореници од Македонија и еден од Сирија.
МКД.МК за ваквите информации се обрати до Управата за санкции и до Министерството за внатрешни работи.
Од МВР изјавија дека имале одредени сознанија дека во КПД „Идризово“ постоеле затвореници што применувале верски обреди кои не се во согласност со традиционалниот ислам, но дека досега од нивна страна немало никакви нарушувања на безбедноста во затворот.
„Станува збор за група затвореници што верските обреди ги држат на поинаков начин од оној што го налага традиционалниот ислам. Но тоа си е нивно право. Засега од нивна страна не се забележани никакви активности што би укажале на некакво загрозување на редот и безбедноста во затворот“, изјави Иво Котевски, заменик-министер задолжен за односи со јавноста.
Како што тврдат нашите извори, групата вахабисти во затворот живеела и функционирала по строги вахабистички правила.
„Тие се молат, односно се клањаат по пет пати на ден и тоа во ходникот пред самата ќелија. По цел ден читаат исламски книги и го учат арапскиот јазик. Телевизија никогаш не гледаат, а телевизорот го користат за да гледаат цд - ња од Ирак, Авганистан, Сирија и Чеченија. Еден период имаа и лаптоп што го користеа за да гледаат видео клипови со експлицитни содржини од боиштата каде војуваат муџахедини. Сега немаат лаптоп, но затоа имаат СМАРТ телефони преку кои ги вршат истите активности. Додека се поклонуваат ним им се приклучуваат и затвореници од другите ќелии. Меѓу осудениците од тоа затворско крило има лица осудени за тероризам и за незаконско поседување оружје“, истакнуваат тие.
Понатаму, по секоја молитва оваа радикална група во ќелијата држела верски предавања, а за што понепречено да ги извршуваат ваквите активности наводно им помагал еден од затворските чувари, кој по националност бил Албанец. Ова лице на лидерот на групата му овозможувало посети од лица од Косово и од Македонија, кои не му биле роднини и кои немале право да го посетуваат бидејќи така наложувал куќниот ред на КПД „Идризово“.
Посетителите на водачот на групата му носеле верска литература која потоа тој им ја делел и презентирал на други затвореници, а со цел да ги регрутира во групата. Тој често бил посетуван и од неговиот брат од Косово, кој бил припадник на радикалната исламистичка група наречена „СЕЛАФИ“.
Инаку, нашите извори наведуваат дека на радикалната група во затворот им се приклучувале затвореници што биле наркозависници и криминалци, а кои од зависноста се ослободувале преку вахабистичкото учење што им го презентирал лидерот од Косово.
Исто така, оваа радикална група наводно била во контакт и со исламисти од селото Горна Маоча, во БиХ, каде што живеат вахабисти и каде што босанската полиција досега неколкупати спроведуваше акции во кои апсеше радикали и запленуваше поголеми количества оружје. Пред да бидат затворени, некои од припадниците на оваа група дури и престојувале во босанското село од каде добиле инструкции и во Македонија да организираат ист начин на живот, по строги вахабистички правила, а за таа цел било одбрано едно кумановско село и им била дадена поголема сума пари.

--- надополнето: 18 јануари 2014 во 17:16 ---
Џихадистите можеби претераа

http://a1on.mk/wordpress/archives/267981
--- надополнето: 18 јануари 2014 во 17:29 ---
Сатанисти силувале коњ и овци, потоа ги искасапиле


http://brif.mk/?p=120178&utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%d1%81%d0%b0%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b8-%d1%81%d0%b8%d0%bb%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%bb%d0%b5-%d0%ba%d0%be%d1%9a-%d0%b8-%d0%be%d0%b2%d1%86%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d1%82%d0%be%d0%b0-%d0%b3%d0%b8
--- надополнето: 18 јануари 2014 во 17:31 ---
Добил казна затвор зошто исмејувал монах



http://www.press24.mk/dobil-kazna-zatvor-zoshto-ismejuval-monah
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
Чудо: Калуѓерка не знаела дека е бремена, родила здраво дете!

18.01.2014 | 16:57
Извор: Точка
Во италијанскиот град Риети се случила една несекојдневна работа - во една од болниците, калуѓерка родила дете.

Калуѓерката, чие име не е познато, во вторникот навечер родила здраво момче во една болница во Риети. Имено, по силните болки кои ги почувствувала во стомакот, нејзините колешки повикале Итна помош. Била пренесена во болница, каде што родила дете тешко 3,5 килограми.

Вработените во болницата се' уште не дале официјална потврда за случајот. Нејзината приватност настојувале да ја заштитат, па така ја одвоиле од останатите пациенти, пишува "Анса". Меѓутоа, тоа не спречило веста да се прошири на социјалните мрежи.



Инаку, калуѓерката е со потекло од Ел Салвадор, а на детето му го дала името Франческо, слично на името на актуелниот папа.

Според пишувањата на AFP, калуѓерката наводно не знаела дека е бремена
Koj li ja zabremenil ovaa kalugerka>?

A papata frajno se cudi i prasuva sto li pravat kalugerkite sto ne mozat da se javat na telefon?


Папата Фрањо оставил говорна порака: Што прават калуѓерките, што не можат да се јават на телефон?



На петнаесет минути пред Новата година, папата Фрањо се јавил во малиот манастир на калуѓерките во Кордоба. Но, тие успеале да го разочараат со тоа што не се јавиле на телефон.

Поради тоа, папата им оставил говорна порака на шпански јазик, која во превод гласи вака: „Што работат калуѓерките за да не можат да се јават на телефон? Јас сум папата Фрањо и сакав да ве поздравам на крајот од оваа година. Ќе се обидам да ви се јавам подоцна. Бог да ве благослови!“.
Како изворно звучи снимката од неговата порака, слушнете овде.
--- надополнето: 18 јануари 2014 во 19:55 ---
Останал без палец во невремето: Гром ја оштетил статуата од Исус Христос во Рио

18.01.2014 | 12:30
Извор: Точка
Огромниот споменик од Исус Христос и туристичка атракција во Рио де Жанеиро, останал без палец кога во него удрил гром, по силното невреме кое го зафатило бразилскиот град во четвртокот.

Бразилскиот институт за метеоролошка прогноза соопштил дека невремето било толку силно што инструментите забележале 40.000 удари од громови.

Статуата од Исус Христос е најпозната туристичка локација во Рио, а во 2007. година била прогласена за Осмо светско чудо.
Ова не прв пат статуата да биде оштетена од невреме. Имено, минатиот месец споменикот останал без прст на десната рака. Пред четири години биле вложени 4 милиони долари за репарација на статуата, за лицето и рацете да добијат нов сјај
--- надополнето: 18 јануари 2014 во 20:07 ---
сабота, 18 јануари 2014, 16:58

Европа
Расчинети 400 католички свештеници поради злоупотребa на деца
Поранешниот папа Бенедикт Шестнаесетти во период од две години расчини речиси 400 свештеници поради сексуално злоупотребување на деца, јави Танјуг.

Статистиката за 2011 и 2012 година покажува драматичен пораст на бројот на расчинетите католични свештеници во однос на 2008 и 2009 година (првите две години кога ватиканската Конгрегација за доктрина на верата почна да објавува податоци за бројот на расчинетите свештеници), кога свештеничките титули им се одземени на 171 свештено лице.

Пред 2008 година е објавен само бројот на пријавени случаи на наводна злоупотреба на деца и бројот на судења за тие дела, кои Конгрегацијата ги одобри.

Едно од можните појаснувања за порастот на случаите на расчинување во 2011, е тоа што во 2010 година во европските и светските медиуми значително е зголемен бројот на текстовите посветени на сексуалното вознемирување на деца од страна на католичките свештеници. Оваа година не е објавен бројот на расчинети свештеници, но Ватикан воведе нови прописи, со кои процесот на расчинување се олеснува и забрзува.
Документот за расчинување во периодот 2011-2012 година е изготвен со цел одбрана на Светата столица пред Комитетот на ОН за човекови права во Женева.
Највисока казна за сексуално вознемирување на деца за католичките свештеници е расчинувањето. Не постои ништо слично на затворска казна, ниту има мерки, со кои би се спречиле расчинетите свештеници да го повторат делото за кое се осудени.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Даниел Дончевски го фати крстот во Вардар

http://kajgana.com/daniel-donchevski-go-fati-krstot-vo-vardar
--- надополнето: 19 јануари 2014 во 15:09 ---
Како беше прославен Водици низ светот?

http://kajgana.com/kako-beshe-proslaven-vodici-niz-svetot
--- надополнето: 19 јануари 2014 во 15:11 ---
Акција за доградба на црквата “Св.Петка” во Точила во Прилеп


http://denesen.mk/web/2014/01/15/akcija-za-dogradba-na-crkvata-sv-petka-vo-tocila-vo-prilep/
--- надополнето: 19 јануари 2014 во 15:14 ---
Незадоволство и свирежи по фрлањето на крстот во Охрид



http://kanal77.com.mk/mk/vesti/makedonija/item/7458-nezadovolstvo-i-svirezi-po-frlanjeto-na-krstot-vo-ohrid.html#
--- надополнето: 19 јануари 2014 во 15:19 ---
Мајка од пеколот: Со нож убила две деца истерувајќи го од нив ѓаволот (ВИДЕО)


http://www.mkd.mk/svet/vesti/majka-od-pekolot-so-nozh-ubila-dve-deca-isteruvajkji-go-od-niv-gjavolot-video
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
CAR: Ubijene 23 osobe, od toga troje djece

19 Jan 2014 Izmijenjeno 19:16 CET
U pucnjavi na muslimane koji su bježali od sektaškog nasilja u Centralnoafričkoj Republici poginule 23 osobe, od toga troje

djece



Robert Lankenau smatra kako je napad pokazao da afričke i francuske mirovne snage ne mogu pokriti udaljena područja zahvaćena nasiljem [Reuters/Arhiva]
.
U napadu na konvoj muslimana koji su bježali iz Centralnoafričke Republike zbog sukoba u ovoj zemlji poginule su 23 osobe, dok su još 22 osobe ozlijeđene, javlja Anadolija.
Očevici navode da su postavljeni vojnici mirovne misije Afričke unije u blizini Lakwangae, kako bi muslimani nakon napada mogli biti evakuirani na siguran način.
Poginulo troje djece
Izvor: Agencije

--- надополнето: 19 јануари 2014 во 22:26 ---
CAR: Ubijene 23 osobe, od toga troje djece

19 Jan 2014 Izmijenjeno 19:16 CET
U pucnjavi na muslimane koji su bježali od sektaškog nasilja u Centralnoafričkoj Republici poginule 23 osobe, od toga troje

djece



Robert Lankenau smatra kako je napad pokazao da afričke i francuske mirovne snage ne mogu pokriti udaljena područja zahvaćena nasiljem [Reuters/Arhiva]
.
U napadu na konvoj muslimana koji su bježali iz Centralnoafričke Republike zbog sukoba u ovoj zemlji poginule su 23 osobe, dok su još 22 osobe ozlijeđene, javlja Anadolija.
Očevici navode da su postavljeni vojnici mirovne misije Afričke unije u blizini Lakwangae, kako bi muslimani nakon napada mogli biti evakuirani na siguran način.
Poginulo troje djece
Izvor: Agencije
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Осветени водите во реките и во езерата во Македонија
--- надополнето: 20 јануари 2014 во 14:08 ---
Алармот е вклучен- Безредие недолично за Христијанството

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=18&vest=11102
--- надополнето: 20 јануари 2014 во 14:09 ---
Ал Каеда обучува британски и европски џихадисти во Сирија


http://brif.mk/?p=120687&utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%d0%b0%d0%bb-%d0%ba%d0%b0%d0%b5%d0%b4%d0%b0-%d0%be%d0%b1%d1%83%d1%87%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%b1%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b8-%d0%b5%d0%b2%d1%80%d0%be%d0%bf%d1%81%d0%ba%d0%b8
--- надополнето: 20 јануари 2014 во 14:11 ---
Терористи со закана за Зимските олимписки игри: Ви подготвуваме изненадување! (ВИДЕО)


http://www.mkd.mk/svet/vesti/teroristi-so-zakana-za-zimskite-olimpiski-igri-vi-podgotvuvame-iznenaduvanje-video
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
ПЕКОЛОТ НЕ ПОСТОИ

http://think.mk/2014/01/22/pekolot-ne-postoi-adam-i-eva-ne-postojat-veli-papata-frentsis-za-tajm-magazin/
--- надополнето: 22 јануари 2014 во 18:50 ---
Ограбен манастирот на Качавенда ( ПЕДЕР)

http://www.sky.mk/svet/403835-ograben-manastirot-na-kachavenda
--- надополнето: 22 јануари 2014 во 18:50 ---
Дваесет загинати во судири во Јемен

http://24vesti.mk/dvaeset-zaginati-vo-sudiri-vo-jemen
--- надополнето: 22 јануари 2014 во 18:53 ---
18+ ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА
КАКО ВАХАБИСТИТЕ ВРБУВААТ МЛАДИ ЗА ВОЈНАТА ВО СИРИЈА

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=28808
--- надополнето: 22 јануари 2014 во 19:13 ---
ВЕХАБИСТИТЕ ЗАБРАНЕТИ НА „ФЕЈСБУК“
Страницата „Вијести умета“, која безбедносните експерти ја поврзуваа со вехабистите во Босна и Херцеговина, не постои веќе на „Фејсбук“ откако беше забранета од управата на популарната социјална мрежа, пишува бањалучкиот весник „Независне новине“.

Станува збор за страница на која следбениците на радикалниот ислам најавуваа дека се спремаат за заминување на сириското боиште. Дека страницата е згасната потврдиле и авторите на веб-страницата, кои не ја кријат огорченоста поради тоа, а бившиот администратор на „Фејсбук“ за југоисточна Европа, Душко Бјелиќ, не е изненаден од одлуката на социјалната мрежа.
- Имав можност да ја погледнам таа страница. Содржините што таму се обавуваа беа спорни. С` што, да речеме, им штети на децата не треба да биде на „Фејсбук“ - укажува Бјелиќ.
Претседателката на парламентарната Заедничка комисија за одбрана и безбедност во БиХ, Душанка Мајкиќ, вели дека не ја гледала спорната страница, но истакнува дека во државата и понатаму се присутни веб-страници што претставуваат сериозен безбедносен предизвик и закана. Безбедносните експерти и претходно говореа дека освен згаснатата страница, закана за безбедноста претставуваат и страниците како „Путвјерника“, „Исламбосна“, „Балканскиемират“ и други.

http://dnevnik.mk/?ItemID=717F0C585BEFF746BA2D6A68838F726C
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Украинската црква продолжува да се моли за мир (20.01.2014)

  • БОГ ИСПРАТИ ЧУДНИ МОНАСИ ОД КИЕВО-ПЕЧЕРСКАТА ЛАВРА КОИ ЗАСТАНАА ВО КИЕВ МЕЃУ МИТИНГАШИТЕ И И ПОЛИЦИЈАТА
  • Утрово монасите на Киев-Пeчерската Лавра Отец Гаврил, отец Мелхиседек и Отец Ефрем застанаа на улицата,,Хрушевского,, во Киев со Крст и икони меѓу демонстрантите и полицијата за да престане конфронтацијата. Тие застанаа како миротворци, и не завзедоа страна , ги зедоа своите молитвеници и како светилници се издигнаа и застанаа помеѓу двете комфронтирани страни и се молеа на Бога да Бог го запре ова безумие..и сите заедно со народот ја пееја ,,Христос Воскресе,,и ..,,ДА ВОСКРЕСНЕ БОГ,, ...ПОСЛЕ МОЛИВИТЕ НАСТАНА ЦЕЛОСНО ЗАТИШЈЕ И МОЛК.и....НАСТАНА ЧУДО....КАКО СИТЕ ДА ПАДНАА НА КОЛЕНА И СЕ ОСВЕСТИЈА ОД ГОЛЕМАТА масонско -сатанско-европско лудило ..ЗА МНОГУИЛИЈАДНИОТ НАПАТЕН ПРАВОСЛАВЕН УКРАИНСКИ НАРОД ОВА БЕШЕ БОЖЈО ЧУДО.....НО ИМАШЕ И ЕДЕН МАЛ БРОЈ КОЈ И ПОНАТАМУ ОБЗЕМЕНИ СО нечестивиот и небеа свесни што се случуваше... да се потсетиме... Насилничките судири меѓу демонстрантите и полицијата започна на 19 јануари, по неуспешниот обид да го пробијат полицискиот кордон демонстрантите го блокираа излезот на зградата на ВРХОВНИОТ СУД на Украина. Демонстрантите бараа укинување на законите донесени од страна на 16 јануари.. ДА СЕ ПОМОЛИМЕ ДА ГОСПОД ЈА ИЗБАВИ УКРАИНА ОД ,,евро -масонската-ѓаволска замаеност....
Извор:
http://www.pravmir.ru/bog-uslyshal-molitvu-monaxov-vospolzuyutsya-li-shansom-vlasti-politiki-i-lyudi/#ixzz2r2hDCAMm
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
ФОТО: Откриена црква стара 1.500 години


Тим од израелски археолози во Јудејските ридови на крајот на минатата година пронајдоа урнатини од 1.500 години стара црква, меѓу кои и одлично сочуван под од мозаик, на кој што се претставени лавови, лисици, риби и слично.
-Оваа црква југозападно од Ерусалим, беше активна помеѓу V и VII век од новата ера. Подот на црквата е еден од најубавите мозаици, пронајдени последните неколку години во Израел – изјави лидерот на тимот, Амир Ганор.

Археолозите првин мислеле дека се работи за синагога, но пронашле камења на кои биле изрезбани крстови. Црквата била изградена во римското време, кога територијата била населена со Евреи.
Мрежата од тунели под градбата доведува до заклучок дека во II век од новата ера, тука се криеле еврејски бунтновници кои што биле против римската власт.
http://a1on.mk/wordpress/archives/272221
--- надополнето: 25 јануари 2014 во 14:05 ---
Тајни геј здруженија му се закануваат на папата Франциско!

http://tocka.com.mk/1/116996/tajni-gej-zdruzenija-mu-se-zakanuvaat-na-papata-francisko
--- надополнето: 25 јануари 2014 во 14:05 ---
Девојчето што не си игра со кукли туку со бомби (ФОТО+ВИДЕО)


http://www.mkd.mk/svet/analizi/devojcheto-shto-ne-si-igra-so-kukli-tuku-so-bombi-fotovideo#1
--- надополнето: 25 јануари 2014 во 14:07 ---
http://www.telegraf.mk/aktuelno/svet/96109-nigerija-ubieni-18-lica-pri-napad-od-boko-haram
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Православни светители кои се празнуваат денес


Светите маченици Ермил и Стратоник

Царот Ликиниј покрена луто гонење на христијаните. Св. Ермил, христијанин и ѓакон при една црква, го фатија и го изведоа на суд. Кога му кажаа дека го водат на мачење, тој многу се израдува. Залудно му се закануваше царот, Ермил слободно ја исповеда својата вера во Христа и на заканите му одговори: „Господ ми е помошник, од кого да се бојам, што може да ми направи човек?“ (Пс. 117, 6). После тешки мачења Ермил го фрлија во затвор. А чувар му беше Стратоник, потаен христијанин, којшто со сето срце сострадуваше со Ермил. Кога и Стратоник му го доставија на царот како христијанин, царот пресуди обајцата да се потопат во Дунав. После три дена нивните тела водата ги исфрли на брегот и христијаните ги најдоа и ги погребаа на осумнаесет стадиони далечина од Белград. Овие славни маченици пострадаа за Христа и се прославија во 315 година.
Свети Јаков, епископ Нисибиски
Живееше како отшелник во лето на отворено поле, а зимно време во пештера. Еднаш слезе во градот Нисибија за да види како успева верата христијанска и како живеат христијаните. Но тука го избраа за епископ. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор и го заштитуваше Православието од Ариевата ерес. Се случи еднаш незнабожните Персијанци со војска ја нападнаа Нисибија. Свети Јаков излезе со литија на градските бедеми и самиот се искачи на бедемот и шеташе по него не плашејќи се од непријателските стрели што беа управени на него. Шетајќи така светителот Го молеше Бога да го сочува градот и верните во него така што ќе испрати муви и комарци врз Персијанците за да ги изгонат од нисибиските бедеми. Не бараше смрт на непријателите ниту друга погибел или пораз, туку една малечка здодевност што би ги истерала оттаму. И Бог ја услиши молитвата на Својот угодник и испрати многу муви и комарци врз Персијанците, та нив ги изгони, а градот Нисибија го спаси. Свети Јаков поживеа долго и чесно, а во длабоката старост се упокои мирно, во 350 година.
Преподобен Максим Капсокаливит
Во 14 век се подвизуваше како монах на Света Гора на особен начин. Имено, се правеше по малку јуродив и постојано го менуваше престојувалиштето. А престојувалиште му беше колиба од гранки. Една по друга колиба тој ги подигаше и ги палеше, заради што и е наречен Капсокаливит, што значи Паликолиба. Го сметаа за луд с ѐ додека на Света Гора не дојде Св. Григориј Синајски, којшто во Максим откри единствен подвижник, чудотворен молитвеник и „ангел во тело“. Се престави кај Господ во 1320 година.
Извор: МПЦ

http://denesen.mk/web/2014/01/26/pravoslvni-svetiteli-koi-se-praznuvaat-denes/
 
Член од
30 октомври 2013
Мислења
5
Поени од реакции
0
Прилепската чарши џамија како зона на camrakot

Чарши-џамија, споменик на културата којшто датира од 1475 година го нагрдува центарот на Прилеп,бидејќи е оставена на забот на времето, по пожарот на 8 август, 2001 година, кога кај Карпалак беа убиени десетте мина прилепски резервисти. Остатоците од овој објект, некогаш уникатен, по своите архитектонски решенија, бидејќи џамија имаше два балкона на своето минаре, денес е собиралиште на зависници од дрога, бездомници, на деца питачи кои тука ноќеваат, палат оган за да се стоплат. Несовесните граѓани тука фрлаат секакви отпадоци, на некои им служи како тоалет. Поставена веднаш до Градскиот саат, опожарената Чарши џамија е само потврда дека во градот се уште живеат сенките на минатото.

Повеќе прочитај те на следниот линк..

http://www.mkdpress.com/?p=7790
 

Kajgana Shop

На врв Bottom