Груевски најави зголемување на минималната плата на 10.080 денари

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е убава вест?! o_O
Ова е бре траги-комична вест. Кога ја прочитав не знаев дали да се смеам или да плачам.
Добро бре, имаш ли ти здрав разум? Или шо даат, даат. Битно дават. Па не е битно колку.
Не ми се верува што прочитав. :facepalm: Убава вест... :facepalm:
поубаво ти беше кога беше законот со помала плата или уште поубаво ти беше кога воопшто немаше минимална со закон? саде да се тролало
--- надополнето: 22 јануари 2014 во 00:42 ---
Се придвижува инфлацијата/цените нагоре, мора некако да се стабилизира народот за да не мисли дека нема пари. А, математиката во 2016, значи не денес (ко преживи, причаче) - е тоа да маслото за јадење ако денес е 80тина денари, во 2016 ќе рипне за истиот процент за кој што ја зголемуваат минималната плата (поради зголеменост на цените на сите вмешани страни при производството).

Уште нешто интересно - "Со оваа мерка ќе се зголемат примањата на околу 65.000 работници во државата“, изјави премиерот Груевски."

Не е мала бројкава?
--- надополнето: 21 јануари 2014 во 04:03 ---



Aбе дур во земјава нема работа секој втор (или помалку од тоа?), има да си ја чуваш работата за корка леб и за да си нараниш семејство. Ова не е Запад за да фино лепо си ги пријавиш сите - од шеф до газда во фирма ради тоа.

Баш статијава ја погодија денес - link.

Извадок:

За да преживееш мора да работиш нешто. За да работиш нешто, мора да прифатиш каква било работа. "Каква било работа" се такви работни места кои не оставаат никаква можност да заштедиш било што за да можеш да се спремиш за подобро платена работа. Тоа е магепсаниот круг на сиромаштијата која првенствено на примерот на жените го анализира Барбара Еренраих чии наоди покажуваат дека некогаш е е поскапо да си сиромашен: ако не можеш да собереш доволно пари за депозит за кирија (прв и последен месец) принуден си да преноќуваш во мотел, ако немаш кујна или фрижидер, пазариш поскапи производи, ако итно да ти требаат пари, ги позајмуваш по најлоши услови, ако возиш крнтија од кола те сопира полицаец и ти пишува пријава за немање ретровизор по што мора да најдеш пари за казната која ќе биде поголема од самиот ретровизор....
а ќе беше добро да не с качеше минималецот а цените/инфлацијата да продолжат нагоре?
 
добро бе луѓе читам и се крстам читам и се крстам како е можно да има вакви слепци во македониа која плата кое покачуванје којни едни се радувате како дете на лижалче а бе луѓето немаат леб да си купат а и вие спаѓата во нив вие што сте најгласни за грујо дома цело семејство се тепате ако некој го пушти бојлерот на скапа струја сте помислиле дека треба да се ожените и да имате деца некој ден и дека ти требаат најмалку 15 000 само ѕа тоа дете :mad:ами тоа дете ќе порасне ќе немаш 50 денари да му дадеш ќе почни да те мрази уште на 13 години на сите ни е позната таа ситуациа кога ќе дојде моментот да се побараат пари за чаршија исто како да си му соопштил дека почнала 3 светска војна и следи комлетен хаос по дома ах бе македонче :facepalm::facepalm::facepalm:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Мојот дедо секогаш ги гледаше вестите, тогаш често зградата на синдикатот беше на ТВ, и денеска се сеќавам на таа зграда од модерното со истакнати клима уреди по целата фасада.
Се сеќавам дека го прашав што работи оваа зграда, пошто сум бил љуботитен секогаш, тој ми одговори: е мој внуче, оваа зграда е најаката институција во државава, ако сакаат тие може да ја сменат власта.

Има добри години од кога синдикатот било тема на вести, затоа таа зграда ја памтам бледо од далечни мемории.
до скоро бизниси со сирење, месо и вино. Сега више ни тоа
 
Пошто гледам пак станала актуелна темата, јас пак ке прашам според вас колку треба да биди минималната плата. 8000 е малце, 10000 уште помалце. Е добро ајде колку да биди минималната, и веке кога сме тука колку да биди просечната?
И колку да биди невработеноста веќе ако се расприкажавме.
Да ја заокружиме на 30% или да ја замислиме дека е 5%.
Инаку јас сеуште си седам на моето дека не треба да има загарантирана минимална плата и дека платата треба да саморегулира со понудата и побарувачката на пазарот на трудот.
И ке додадам дека сум на ставот дека треба да се ограничи максималната и минималната плата во некоја фирма или на ниво на држава, како е позгодно и тоа во однос некаде 1 према 10 масимум. Со други зборови ако минималната ете сега ќе речиме дека е 10000 денари максималната да не смее да надмини 100000 денари по никој основ вклучувајќи ги и бонусите и разноразните додатоци.
 
Замисли чудо заев да дојде на влас па изборната лага да ја реализирапа и минималната плата во МКД ќе биде дури 450евра.
 
Што дека ќе се зголемат во 2016 кога во 2016 та ќе се покачи бензинот ,храната и се .И како баш пред избори се одлучуваат да покачат се (не дека ќе покачат ) исто ќе биде пак стандардот пак ќе биде ист :facepalm:.Тогаш бензинот ќе биде 100-че кило ,додека во европа ќе летаат со вселенски бродови ние уште ќе идеме на магариња и коњи и селски патчиња ,зашто бе вака се мачиме дај за тоа нека не ги покачува плативе нека плати некој да направи една атомска и да ни ги скратат маките .
 
Значи во оваа држава проблем е и кога минималецот го дигаш за 20-25% :facepalm:
 
Значи во оваа држава проблем е и кога минималецот го дигаш за 20-25% :facepalm:
Не е тоа проблемот. Проблемот е што ветуваат дека ќе го дигнат наредните 3 години. Да го дигнат за 20% годинава, воопшто нема да биде проблем. Ова е типично партиско предизборно ветување. За тоа е и траги-комично.
 
Не е тоа проблемот. Проблемот е што ветуваат дека ќе го дигнат наредните 3 години. Да го дигнат за 20% годинава, воопшто нема да биде проблем. Ова е типично партиско предизборно ветување. За тоа е и траги-комично.


Значи ветува покачување од 7-8% годишно. На запад обично ти дигаат плата 2-3% колку што е инфлација. Пак е солидно покачување. Не мораа да ветат иначе и без ова ветување ќе си победат.
 
па ние сме виновни што лоповите ги направивме бизнис елита.. а најмногу што ме нервира кога ќе слушнам муабети од типот абе човекот знае да краде се снајде, такво време дошло снајди се па живеј :tapp::tapp: а да им ги легнат жените баш тогаш ме интересираа како креативноста ќе проработи...

А ке им ги легнат пошто парите се кај нив, и многу од сиромашните и ќутлести на кои им требаат пари би направиле сешто за нивните мали дечиња да одат на екскурзија да јадат хамбургер наместо геврек и да не ги зезаат другарчињата дека немаат пари, ако ми ја разбирате поентата.
 
Интересно е како голем процент од оние (коментаторите на темава) што ја поздравуваат одлуката да се зголеми минималната плата се веќе заминати надвор од Македонија. Повелете, вратете се назад. Имате 2000 денари ПЛУС за трошење. Во 2016.
 
А уште поинтересно е како ниеден од коментаторите кои се моментално во мк и на кои им смета покачувањето не зимаат 8000ден плата.
 
А уште поинтересно е како ниеден од коментаторите кои се моментално во мк и на кои им смета покачувањето не зимаат 8000ден плата.


Најтоп интересно е што самиот си создаваш слика дека смета покачувањето, а убаво ти е објаснето низ постовите дека реално и нема зголемување туку си на нула. ВО 2016та.
 
Најтоп интересно е што самиот си создаваш слика дека смета покачувањето, а убаво ти е објаснето низ постовите дека реално и нема зголемување туку си на нула. ВО 2016та.


Сите пишуваат за некакво зголемување на минималната плата; и јас едно време говорев наоколу дека сум братучед од на татко ми страната на Супермен од Криптон и тврдев дека со „уринирање“ правам дупка во писоарот (резултат на моите натприродни моќи) па излезе на крајот дека не сум и дека немам натприродни моќи.Ако ми ја разбираш поентата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom