Сменила трнер? Страшна работа. Затоа што ниеден друг клуб не мења тренер, посебно кога одат лошо работите. А доколку се погоди Сидорф, тогаш заслугите одат кај татко и... изборот е негов.
И зошто пристигнуваа тие фудбалери што ги наброја? Затоа што немаше пари, така? Освен Матри, друго е се за џабе и нати го - дај ми го. А пари треба да даде? Барбара и нејзиното семејство. Може да те потсетам колку пати заеба Силвио, а сосема поинаку ќе беше. Почнувајќи од летото 2011 година, кога не дозволи Милан да направи голем трансфер... па до продавањето на Ибрахимовиќ и Силва.
Тоа беше негова одлука, само што други ги извршуваа. Како што сега остана Галијани како последен на кого ќе се префрла одговорност. Се гледа тоа, тој е следната жртва за да се заштити семејството Берлускони.
И не кажав дека Барбара не е во право... Во право е, но тоа го збори најмалку уште од натпреварот со Арсенал (за толку сум сигурен), а можеби и порано. Дека работите ќе се постават строго професионално и што ти знам, во меѓувреме видовме како го задржува Пато... многу професионално.
Јас се надевам дека ќе почне и да работи, а не само да збори. Затоа што ми се допаѓаат нејзините идеи и пишав уште пред година дена дека Силвио треба да и остави простор, а не се да биде оставено на неговите понегоаш не баш разумни одлуки. Но, до сега освен зборење многу не видов... очекувам да почне со дела. И да, Галијани и така е стар, нормално е дека нема да остане уште долго во Милан, потребен е само таа транзиција да се заврши добро, дали ќе е е оној од Верона или некој друг е нивна одлука. Но, тој дел да го вршат луѓе од струка, а Барбара да нема многу влијание.