Сонови, толкување на сонови

Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Сонував како сум си ја испеглала косата и после штом сум прошла со рака пола косата ми останала во раце, и ми целата почнала да ми паѓа. Знам дека е на лошо, ама на колку лошо?:(
 
Член од
21 ноември 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
zdravo.Imam dosta nejasni sonovi i sakav da mi pomognete okolu tolkuvanjeto....Odnapred vi blagodaram.. Minatata nok sonuvav kako da bilo Badniki i so moeto semejstvo ja krsevme pogacata so parice i parickata se padna kaj mene..
--- надополнето: 19 јануари 2014 во 00:24 ---
Vo vrska sum skoro 9 godini i deckoto me pobara za zena i mi dade prste n no seuste nemame napraveno veridba oficijalno...Pa pred izvesno vreme sonuvav kako naednas dvajcata se najdovme vo dvorot na manastirot Sv,Jovan Bigorski, tamu imase mnogu luge stranci-posetiteli. Naednas mojot verenik mi rece ajde dodeka sme tuka da se vencame tuka a svadba i maticno ke si bide nekoj drug den.No jas se poglednav i vidov deka na mene imav trenerki i mu rekov jas ke odam do gradot nabrzina da kupam vencanica deka sakam vo vencanica da se vencam a toj ostana da me ceka da se vratam...Se kaciv vo avtobus i stignav vo gradot no ne bese mojot grad nalikuvase kako vo stranstvo da se naogam. Pred avtobusot imase 4-5 devojki i megu koi i crnkinja :) i na angliski se razbravme sto e rabotata a tie mi se ponudija da dojdat da mi pomognat vo izborot....Vencanica probav se poglednav vo ogledalo i mi se dopadna mnogu no vo oci mi padna toa sto okolu pojasot imase nekoja srebrena lenta...A za na glava mi napravija pleten venec na koj imase 2 ili 3 beli rozi preubavi....I ne go dosonuvav se probudiv...Mnogu bi mi znacelo dokolki mig i protolkuvate ovi dva sonovi...
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Сонував како сум си ја испеглала косата и после штом сум прошла со рака пола косата ми останала во раце, и ми целата почнала да ми паѓа. Знам дека е на лошо, ама на колку лошо?:(
Значи дека не си задоволна од фактот што ти е виткана косата. Сакаш да го смениш тоа, ама те плаши кој ќе биде исходот....дали ќе ти личи :D
Погодив?
 

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
991
Сонував како сум си ја испеглала косата и после штом сум прошла со рака пола косата ми останала во раце, и ми целата почнала да ми паѓа. Знам дека е на лошо, ама на колку лошо?:(
Знам дека кога на сон си ја стрижиш косата ке се ослоодиш од некоја мака, односно косата преставува мака а бидејќи ти паднала би требало да ти падни некој терет кој што го имаш... Не е лош сонот според мене....
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Знам дека кога на сон си ја стрижиш косата ке се ослоодиш од некоја мака, односно косата преставува мака а бидејќи ти паднала би требало да ти падни некој терет кој што го имаш... Не е лош сонот според мене....

Да и јас сум слушнала дека шишање - паѓање на коса значи ослободување од мака, проблеми...
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Ај еве ме и мене овде :)
Јас обично моите сонови сама си ги толкувам и добро ми оди зашто верувам дека соновите се продолжение на работите/проблемите што не окупираат преку ден само на некој позаебан нечин :D
Сега еве го мојот сон.
Шетаме со другарка ми низ еден трговски центар, она облечена како Оливер Твист а јас како холандска млекарка. По едно време ја наоѓам неа како стои пред една куќа и ми вика дека чека гулаб да и даделе. Јас продолжувам сама да одам накај куќата на моите и по пат си размишљам кои идиоти биле ова холандезиве што измислиле глупи дрвени кломпи во споредба со нашите македонски кожни опинци лесни за носење (бтв имам носено опинци кога идев на играорна порано :D). Доаѓам пред куќата на моите а таа целосно обрасната со зелен бршлен и одлучувам да пробам да влезам од задниот двор. Кога таму гледам дворот направен како терен за голф со убава зелена трева и мали ридчиња и една ептен голема дупка. И се чудам што идеја имал татко ми што направил вакво нешто ...и се разбудив.

Еве ми го толкувањето.
Пред сонов другарка ми ми кажуваше дека полагала за јавен службеник за работа во детска градинка (ваљда Оливер Твист на моево мозоче му било најблиска симболика за работа со деца :D). Гулабот - брка врски по штабови, ја маткаат дојди не оваа среда - другиот петок. Бршленот кај куќата на моите - средуваат документи околу легализација и прават планови за надворешна изолација и фасада (со ова некако би се задоволила сега за сега :D).Задниот двор како голф терен - ПОЈМА НЕМАМ. Ама најмногу од се ме збунува што се сонував облечена како холанска млекарка со дрвените кломпи! Ова никако неможам да си го протолкувам. Немам врска со фарми, крави или млекари.

Некој некаква идеја?
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Да и јас сум слушнала дека шишање - паѓање на коса значи ослободување од мака, проблеми...

Да ама ова не беше шишање, ова беше оќелавување. Од памет ме извади самиот сон, а тек па кога почнав да размислувам што може да значи:)
--- надополнето: 19 јануари 2014 во 16:36 ---
Значи дека не си задоволна од фактот што ти е виткана косата. Сакаш да го смениш тоа, ама те плаши кој ќе биде исходот....дали ќе ти личи :D
Погодив?


Хахаха не :))) ја пеглам косата со години наназад и немам проблем со тоа како ми стои:) Али фала на обид:)
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
Сонував како сум си ја испеглала косата и после штом сум прошла со рака пола косата ми останала во раце, и ми целата почнала да ми паѓа. Знам дека е на лошо, ама на колку лошо?:(

Губиш психичка сила, изморена си и смачено ти е од нешто. Почнуваш да размислуваш како да излезеш од некоја ситуација, време е за елиминација на непотребни навики.
 

gata salvaje

matufa
Член од
2 декември 2011
Мислења
6.882
Поени од реакции
10.440
Kakvo znacenje ima da sonuvas razni insekti, bubacki, skorpiii so nenormalna golemina, zmii .....kako gazam megu niv, a okolu rasfrlani kupovi so drva?
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Губиш психичка сила, изморена си и смачено ти е од нешто. Почнуваш да размислуваш како да излезеш од некоја ситуација, време е за елиминација на непотребни навики.

Се знаеме од некаде?:) Фала на толкувањето, ова е вистина, и се надевам дека на тоа ќе остане.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
Се знаеме од некаде?:) Фала на толкувањето, ова е вистина, и се надевам дека на тоа ќе остане.

Не верувам дека се знаеме. Не само да остане, туку и да го сториш тоа што мислиш дека е најдобро:)
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Што значи да ви се обеси многу драга личност на сон?
 
Член од
22 јануари 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Сонував многу блесав сон, ако може некој да ми каже што би можело да значи :)
Вака: Прво јас сум имала стан во центар и си седам на прозр и од прозарот се гледало право во едни кафичи... и така си ги гледам луѓето што шеткаат, а у меѓувреме уствари си серам :facepalm: и у тој момент ми ѕвони другарка ми на мобилен и ми кажува дека ќе се мажи за неколку минути и да дојдам веднаш во матично, а јас и кажувам дека си какам додека си гледам низ прозор и се смеам демек ногу јако нешто сум направила :facepalm: и во тој момент гледам дека до мојот прозор имало момчиња кои ги познавам, ме слушнале, ми се смеат и се засрамив. И станувам јас од пред прозор ја ставам завесата да не ме гледаат момчињата и гледам дека сум седела на кофа во која се олеснував :D и уствари станот гледам дека бил тој на таа другарката што ми се јави. И викам сеа како да ги фрлам овие го*на и ги гледам во кофата се малце а низ собата имало други и зимам да ги собирам со лопатка, таман ги собрав, ама имаше едни малецки се засушиле и залепиле за теписонот и ги стругам, стругам не можам да ги извадам па фатив со рака. :sick: И целата испаничена да не дојде другарка ми и дека треба да се спремам, не знам што да облечам и и ѕвонам пак на мобилен и од таму место она „претплатникот не е достапен“ слушам политички реклами за СДСМ :D и нервозна така, дознавам (некако) дека сум ја испуштила церемонијата и требало да идеме да не чести кафе во некој кафич :rolleyes: и одам јас нешто се пакувам и одеднш сум на автобуска и требало да идам у Италија на некој испит за вработување ама во Мк во државна служба :cautious: и таман да се качам у еден автобус -тргнува, трчам кон друг и тој тргнува, и трет така... ич не чекале, а јас исплашена дека ке ги испуштам, и ми кажуваат : не се тие за тебе, тие се за некои фудбалери иделе по цели тимови и ми го посочија мојот и јас се качив во автобусот и тргам, гледам некако мизерен беше внатре и многу различни луге околу мене и како забава нешто да имаше во автобусот.... и на крај завршив на некоја матурска или дипломска прослава кај на дечко ми-од брат- другар :D и ги гледам другите како се веселат а ајс нешто некое овошје држам во рака..... и толку o_O и што значи ова? м оже ми каже некој? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom