Прво што секој муслиман или тој што сака да го прифати исламот треба да научи е да знае што од него бара сведоштвото Ла иллахе илАллах,Мухаммедун ресулАллах.
Односно,кои се условите,што потврдуваш а што негираш.
Услови на шехадетот се:
1. Знаењето
2. Убеденоста
3. Искреното исповедање на верувањето
4. Вистинитоста која е спротивна на лагата.
5. Љубовта
6. Покорувањето
7. Прифаќањето кое е спротивно на отфрлањето
8. Негирањето на сите лажни божества кои се обожуваат.
Значи шехадетот се состои од негација(ла иллахе) со која ги негираш сите божества,и потврда(илАллах) освен Аллах.
Вториот дел од шехадетот,без кој човек не може да биде Муслиман е прифаќањето на Мухаммед с.а.в.с како последен Аллахов пратеник. А вториот дел од шехадетот се состои од 4 услови:
1. Верување дека Мухаммед с.а.в.с. е пратен со Вистината која му е објавена(Куранот)
2. Следење на суннетот,односно извршување на она што наредил
3. Оставање на работите што ги забранил.
4. Да го обожуваш Аллах онака како го обожувал Мухаммед с.а.в.с.
Одиме точка по точка на твоите точки :
1. 2. точка
63. Не правете го повикувањето на Пратеникот помеѓу вас како повикувањето кое вие едни со други си го упатувате; Аллах сигурно ги знае тие меѓу вас кои искрадуваат. Нека внимаваат тие што постапуваат спротивно на наредбата негова, искушение некакво да не ги стигне или страдање болно да не ги снајде.(сура ен-Нур)
Аллах во Куранот вели Нека внимаваат тие што постапуваат спротивно на наредбата на Пратеникот,а тој паметњакович напишал дека Пратеникот не наредува??
80. Кој ќе му се покори на Пратеникот, Му се покорил и на Аллах; а кој главата ќе ја сврти, па Ниене те пративме да им бидеш чувар (сура Ен-Ниса)
3. На исламот не му е ни целта да влегува во нечија глава,говориме за јавно напуштање на исламот или поседување на докази,за тоа има процедура.
4. Нормално дека Куранот има предност,но во овој случај нема Курански текст,но Куранот и Суннетот се надополнуваат бидејќи Аллах во куранот за Мухаммед с.а.в.с. рекол:
1. Се колнам во ѕвездата кога заоѓа,
2. вашиот другар од Вистинскиот пат не скршна и не заталка!
3. Тој не зборува по своја волја.
4. Тоа е само Објавата која што му се доставува.(сура Ен-Неџм)
5. Нагласив порано и сега пак ќе кажам,кога зборам за шеријатски право и шеријатски казни тоа важи исклучиво за земји каде е воспоставено шеријатско право.
6. Исламот потенцира мир,кога треба мир,строгост кога треба строгост,благост кога треба благост итн итн.
7. Хадисите кои говорат за оваа казна се со највисок степен на веродостојност забележени се во двете најверодостојни збирки на Бухари и Муслим.
Првиот хадис:
Пренесува Ибн Аббас дека Пратеникот Мухаммед с.а.в.с. рекол: Кој ќе ја смени својата вера,убијте го. (бележат Бухари и Муслим)
Вториот хадис:
Пренесува Ибн Месуд дека Пратеникот с.а.в.с. рекол: Крвта на еден муслиман(негово убиство) не е дозволено освен во три случаи:
1. Блудот на оженете/омажена.
2. Убиство
3. Оставање на верата.
(бележат Бухари и Муслим)
8. Нема потреба да коментирам повеќе.
Поздрав.