Бидејќи сум инатлив(ова зависи кога-како ме фаќа), мрзлив(исто зависи мрзата како-кога ме фаќа, ама ако ме фати и сум на кревет да затворам една врата ќе ме мрзи), потоа несмасен, трапав и невнимателен(често поради невнимателност правам глупост со што ќе заебам напорна работа)
Да продолжам понатаму. Ниту се сметам за човек со извонредна убавина, ниту недостижливиот талент достоен да биде слика на идол во нечиј ум.
А, да ме мрази некој поради внатрешниот карактер....Нарцистичното нагласување дека јас сум најразбирливата личност кој некој некогаш ја запознал не функционира кај мене.
Како личност отсекогаш сум се трудел и отсекогаш ќе се трудам да го внесам мојот карактер во водите на перфекцијата. И без разлика на тоа што перфекцијата не може никогаш да се достигне, сепак се трудам да стигнам блиску до истата(без разлика што од првонаведените особини тешко стојат долг период заклучени надвор). Пробувам да бидам праведен колку што еден човек може да биде, да враќам со добро на оние што ми направиле и ми прават добро, и да останам ладнокрвен кон сите тие што нанесувале и ми нанесуваат лошо. Доколку некој сака да ме повлече кон спротивното се трудам да го направам нем за моите уши.
Исто така, сум дрзок. Можеби и оваа особина за прв пат се појави или пак едноставно за прв пат ја увидов годинава, ама сепак е особина која постои во мене. Мразам кога некој соли памет за нешто што не го знае и можам во лице да го исмеам(без разлика на тоа јас колку знам за предметот, ако знам дека тоа што го кажува не е точно) иако знам дека може во истиот момент да ме згмечи ко мравка. Мразам кога некој сака да ми наметне негово мислење кое и не е факт туку е само лична филозофија. Сум се испокарал со наставник кој се надевам дека нема да земе во предвид дрскост на ученик во пишување на оценка.Јас самиот можам да основам мислење за било што, ако не сега, со време. Единствено примам совет од родител, и повторно совет, а не наметнато мислење. Го мразам тоа што некој повозрасен од мене се дига наведувајќи ги годините како факт зошто не би водел дискусија со мене. Кон сите овие сум дрзок и им одговорам на начин после кој би ми го сечеле јазикот.
И за крај го оставам материјалното. Не се гордеам со тоа што некои луѓе би ми завидувале заради моето богатство. Само се надевам дека еден ден овие шупливи топки ќе увидат што всушност човекот го прави човек.
И тоа е се отприлка :helou: