Uchiha Sasuke
Sharingan User
Графити со фашистички пораки и кукасти крстови, османаа утрови на фасадите на битолски Широк Сокак. Со вакви фашистички пароли и симболи, нагрдена е и старата чешма пред Офицеррскиот дом во Битола, како ...
Графити со фашистички пораки и кукасти крстови, османаа утрови на фасадите на битолски Широк Сокак. Со вакви фашистички пароли и симболи, нагрдена е и старата чешма пред Офицеррскиот дом во Битола, како и помошните простории во ОУ„Коле Канински“. Напишани се на македонски, германски и бугарски јазик, со црна и црвена боја, со навредливи содржини по етничка и верска основа Битолчани револтирано велат дека повампирува фашизмот и бараат надлежните да ги откријат сторителите.
-Зарем уште ќе зборуваме за расна дискриминација, фашизам и оживување на духови? Кое време сме сега да се занимаваме со тоа, тоа е страшно, недопустливо, вели еден битолчанец
-Срамно е во денешно време да се пишуваат вакви пораки, кога се бориме за едно подобро општество, за космополитизам. А ние се делиме, што за мене е недопустливо, не го прифаќам тоа, изјави битолчанка.
Иако градот е преплавен со вакви фашистички пораки, од битолската полиција велат дека до нив пристигнала само една пријава, за графити испишани на фасадата од Музејот на албнаската азбука, кои веднаш се избришани и се работи на откривање на сторителите.
Оваа појава во последните години постојано се повторува во Битола. Графити со фашистички содржини беа испишани на повеќе локации и објекти, а исто така, многу често се појавуваат и пароли со кои се велича делото на Тодор Александров.
Инфо:http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=34045