Дали учењето може да ги оглупавува и разболува учениците?

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
991
Кој начин е најдобар да се откријат индивидуалните способности кај една личност?
Дали откривање и развивање на индивидуалните способности се дел од целите на задолжителното образование, или се резултат на лична иницијатива?
Ако не проба се, не може да знае за што се го бива...Потоа ке си избере со што сака најмногу да се занимава...
Нашето задолжително образование звучи убаво на хартија сосе неговите цели и триста украси ама колку е напнато во пракса тоа никаде не го пишува...

Кога ќе тргниме од самите родители, нив ги интересира само која оценка ја добиле учениците по предметот а не колку навистина научиле, кој родител денес ке го праша своето дете кажи ми ти сине што научи ти денес? Туку: Што оценка доби денеска ?
Дури и мене ми беше поставувано истото прашање од мајка, која е педагог со тапија.

Од самата средина прво дома, си активиран да мислиш да научиш само за добра оценка.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Кој начин е најдобар да се откријат индивидуалните способности кај една личност?
Дали откривање и развивање на индивидуалните способности се дел од целите на задолжителното образование, или се резултат на лична иницијатива?
Треба да бидат, ама за жал кај нас барем не се. И тоа уште од најмала возраст, за веќе кога ќе дојде детето до изборот на средно образование, да знае каде да учи. И после веќе самоиницијативноста за развој на способностите да дојде до израз и да има можност истата да ја оствари. Што пак зависи од редовниот образовен систем и можностите кои тој ги нуди.
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Ајде... Ајде...
Како можете да „ оглупите и да се разболите од учење “
Не се шегувајте, туку земете учете
Уште да додадам нешто:
Учењето предизвикува развој на интелектуалните способности:
На пример учење на стихотворби или слични текстови напамет
Математиката има многу мала практична примена во обичниот живот, но решавање на математички задачи силно влијае на развој на мозокот. Не случајно правниците се најчесто одлични математичари.

Дали јас само немам сретнато правници јаки математичари, повеќе од мојава сфера и општо од техничките науки би рекол дека се математичари ;)
Он
Со нашиов образовен систем и тоа како може да се затупи, посрање учебни програми и учебници мислам дека нема на планетава, се е само кружење и нафрлување на непотребни работи ништо конкретно од тоа што се користи во она што сакате да го работите во иднина, али затоа може пак самите да го надополниме тоа со неформално образование :) мозокот се развива со учење е сега какво ќе биде тоа учење дали преку формално или неформално образование зависи индивидуално. А за разболување се разболува од секое дремење било да е учење или излежување и седење по цел ден пред компјутер, без никаква физичка активност. Луѓе учете али учете она што мислите дека ќе го искористите во животот, голем процент од тоа што учите еден ден ќе си најде своја примена и нема да е залудно, но организирајте си го времето и одвоете си време и за по некоја физичка активност.
 
Член од
31 декември 2013
Мислења
101
Поени од реакции
192
Образованието во Р.М. не те затупува, туку те ограничува. Се што се учи е по шаблон и професорите не дозволуваат учениците да размислуваат надвор од кутијата. Предавањата се површни, да си го одработат своето, а учењето е на памет. И не може да не биде на памет кога (во гимназија конкретно) има 12 предмети на кои се прави тест со материјал од 30-40 страни во 2 недели. Никој не може да постигне да го научи тоа со љубов и разбирање и да засака некоја наука, па затоа и кај нас се толку ретки научниците.

Зошто се препишува на тестови ?
- Затоа што оценките се повеќе вреднувани од ЗНАЕЊЕТО!
 

Shakti

The blue-lidded daughter of Sunset
Член од
6 ноември 2012
Мислења
918
Поени од реакции
3.372
Зошто се препишува на тестови ?
- Затоа што оценките се повеќе вреднувани од ЗНАЕЊЕТО!
Потполно се сложувам.
Ќе дадам и сопствен пример.Никогаш не препишував и секогаш учев со разбирање и без разлика која оценка ќе ја добиев, знаев дека сум ја добила со труд.Е сега во средно, имав еден професор кој воопшто не се трудеше, а предаваше по стручен предмет што ако продолжев со истата струка и на факултет ќе ми беше од огромна важност тоа знаење.Кружеа гласини дека кај него се препишувало на тестови.Не препишував се разбира и добив 4, а сите што препишуваа добија 5.Поучена од ова и секако револтирана, од следниот пат и јас препишував и резултатот беше повеќе од јасен.
И како мало надополнување... 1506515_10151941535141840_1912582220_n.jpg
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
сите знаеме дека денешново школо работи по шаблон. се е сведено на оценка која се добива врз база на моментално мемориран текст, сакал ти да го учиш или не. за да научиш нешто треба многу време, а многу од работите денес во школо се само моментална меморија за тест,испрашување. тоа не претвара во роботи кој и се потребни на економската машина. на неа не и се потребни луѓе со идеи, кој мислат пошироко од другите, туку се потребни слуги од ограничени луѓе што ќе работат тоа што ќе им се каже без да се побунат. јас мислам дека школото не тренира да станеме такви слуги така што не оглупавува. на школото не му е гајле за твојот физички и ментален развој, ти си таму само за да седиш 6 саати на стол и да слушаш како некој ти збори, без разлика дали те интересира или не. затоа мислам дека оглупавува.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Потполно се сложувам.
Ќе дадам и сопствен пример.Никогаш не препишував и секогаш учев со разбирање и без разлика која оценка ќе ја добиев, знаев дека сум ја добила со труд.Е сега во средно, имав еден професор кој воопшто не се трудеше, а предаваше по стручен предмет што ако продолжев со истата струка и на факултет ќе ми беше од огромна важност тоа знаење.Кружеа гласини дека кај него се препишувало на тестови.Не препишував се разбира и добив 4, а сите што препишуваа добија 5.Поучена од ова и секако револтирана, од следниот пат и јас препишував и резултатот беше повеќе од јасен.
И како мало надополнување...

Зошто јас препишував пијан од сабајле на училиште сум одел после цела вечер, па види што човек сум :icon_lol:.

И често ми се случува да ми речат: А ти многу знајш.

Па и да бидам нескромен си знам бе шо?
 
Ф

Флеш

Гостин
Мое размислување е дека овој моментален начин на учење,дали во Македонија,дали во светот , преставува лош начин на учење .... Се работи на метода, кој научил,научил,кој не научил,негов проблем е ,а тоа незнаење ќе се наголемува и ќе стане швајцарско сирење кај луѓето .... Ќе потенцира, на моменталниот модел на училишта кои постојат во светот ... 30 деца во еден клас по еден учител .... 15 деца ќе ти научат математика , но 15 деца нема да ти научат ... што правиме со тие 15 деца што не научиле и нема да научат .... ништо не се прави со нив ... кој научил, научил метода .... ќе поминуваат 5,6,7,8,9 одделение, средно .... пак не научиле геометрија .... и таа дупка создадена ,расте ,расте и едноставно станува реков, Сирење .... потенцирам дека воошто не е ефикасен овој модел на учење моментално ... мора да се преиспита , да еволуира ... овој модел ти е уште од пред 100 години од Индустријална Британија и си опстојува .... сите алармираат за проблемот , но малку се превзема во глобала ... џабе ми кокодакате , еј само Македонија проблем е ... Саше Мијалков е умешан :гомце: .....
наметнете глобална слика и дали прашајте ,дали е ок моментален систем на учење .... јас заради проклет Геро во 8летка во основно , немав појма математика се до средно 3та година , кој да е жив и здрав братучед ми Бојан ,инженер на ФЕИТ завршено , ми покажа алгебра шо како се префрла ,загради итн ... значи таа дупка си се тлее си се тлее итн до средно 3та година ... сеа кој е крив ... шо еден Геро го мрзеше да не научи самостојно да решаваме задачи, како постапката е на решавање на задачи ,шо да се прави нишо од тоа .... 4/5 задачи реши и тоа ти е тоа .... нема бекап нема нишо ... кој научил научил ... кој има роднина добар математичар уше порано ќе научи ... Благослов има .... но пак ќе потенцирам .... имам пола семејство во Белгија ,роднини .... истиот проблем и таму е со нив ... кој научил,научил ... зборуваме за високо развиена земја како Белгија .... истиот проблем и они .... дури и искрено поглупи се од нас на Балканот ... не знаат ни Јапонија кај се наоѓа на мапата .... анти-таленти се .... шо да се прави .... како и да е ,тоа е тоа ....

http://www.ted.com/talks/salman_khan_let_s_use_video_to_reinvent_education.html
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
.

Се’ повеќе научници и филозофи доаѓаат до заклучок, дека начинот на кој што школството се обидува да ги образува учениците е погрешно и дури штетно.

Што мислите вие?

Може ли начинот на кој што се’уште се учи по училиштата да ги невротизира и дури оглупавува учениците, што засигурно не би требало да е неговта вистинска цел?

Има ли алтернатива за денешниот начин на учење?


........

.
Се разбира дека има. Си чул ли ти за Монтезори или за Валдорф училиштата?
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
"The ultimate goal of the educational system is to shift to the individual the burden of pursing his own education. This will not be a widely shared pursuit until we get over our odd conviction that education is what goes on in school buildings and nowhere else." - John W. Gardner


Еве ви еден цитат од паметен човек со кој што се сложувам. Целта на образовниот систем не треба да биде да произведува генијалци. Никој не станал генијалец во школо. Целта е да ти створи навики и да ти овозможи средина каде што ти ќе можеш да се образоваш сам себе за тоа што те интересира.

Некој, на претходните страници, рече дека нема чиста дефиниција за тоа што е паметен, а што глуп човек. Може нема, ама има јасна граница помеѓу човек што се вложил себе си во своето образование и човек што го потрошил истото време во учење, а ништо од тоа што го знае и умее да го сработи не го разбира суштински т.е интуитивно.

Вториот вид на луѓе за мене се глупи.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вториот вид на луѓе за мене се глупи.
Никогаш не сум сретнал глуп човек.
Сум сретнал срамежливи, плашливи, безобразни, расипани, образувани, необразовани, збунети, неискусни, високи , ниски, слаби , дебели, млади стари и секакви други
Но глуп човек никогаш не сума сретнал
 

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
991
Никогаш не сум сретнал глуп човек.
Сум сретнал срамежливи, плашливи, безобразни, расипани, образувани, необразовани, збунети, неискусни, високи , ниски, слаби , дебели, млади стари и секакви други
Но глуп човек никогаш не сума сретнал
Воспитание и образование одат заедно, ама кај нас во училиштата воспитанието е занемарено....:)
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Мое размислување е дека овој моментален начин на учење,дали во Македонија,дали во светот , преставува лош начин на учење .... Се работи на метода, кој научил,научил,кој не научил,негов проблем е ,а тоа незнаење ќе се наголемува и ќе стане швајцарско сирење кај луѓето .... Ќе потенцира, на моменталниот модел на училишта кои постојат во светот ... 30 деца во еден клас по еден учител .... 15 деца ќе ти научат математика , но 15 деца нема да ти научат ... што правиме со тие 15 деца што не научиле и нема да научат .... ништо не се прави со нив ... кој научил, научил метода .... ќе поминуваат 5,6,7,8,9 одделение, средно .... пак не научиле геометрија .... и таа дупка создадена ,расте ,расте и едноставно станува реков, Сирење .... потенцирам дека воошто не е ефикасен овој модел на учење моментално ... мора да се преиспита , да еволуира ... овој модел ти е уште од пред 100 години од Индустријална Британија и си опстојува .... сите алармираат за проблемот , но малку се превзема во глобала ... џабе ми кокодакате , еј само Македонија проблем е ... Саше Мијалков е умешан :гомце: .....
наметнете глобална слика и дали прашајте ,дали е ок моментален систем на учење .... јас заради проклет Геро во 8летка во основно , немав појма математика се до средно 3та година , кој да е жив и здрав братучед ми Бојан ,инженер на ФЕИТ завршено , ми покажа алгебра шо како се префрла ,загради итн ... значи таа дупка си се тлее си се тлее итн до средно 3та година ... сеа кој е крив ... шо еден Геро го мрзеше да не научи самостојно да решаваме задачи, како постапката е на решавање на задачи ,шо да се прави нишо од тоа .... 4/5 задачи реши и тоа ти е тоа .... нема бекап нема нишо ... кој научил научил ... кој има роднина добар математичар уше порано ќе научи ... Благослов има .... но пак ќе потенцирам .... имам пола семејство во Белгија ,роднини .... истиот проблем и таму е со нив ... кој научил,научил ... зборуваме за високо развиена земја како Белгија .... истиот проблем и они .... дури и искрено поглупи се од нас на Балканот ... не знаат ни Јапонија кај се наоѓа на мапата .... анти-таленти се .... шо да се прави .... како и да е ,тоа е тоа ....

http://www.ted.com/talks/salman_khan_let_s_use_video_to_reinvent_education.html

Значи не си го разбрал концептот на едукација, неможиш ти некој со сила да го тераш да учи ако не сака, значи уште од најараните години на децата им се кажува што се можностите ако се едуцираш и што можности имаш ако несакаш да се едуцираш. Како би имало работници во секој сектор ако сите беа гениалци и научници, како би било ако училиштето ги тера сите со сила да учат и сите се доктори на науки? Дали би функционирал некој систем како таков?

Секој си одредува за својата судбина, па затоа и основното / средното образование е задолжително (зависи од државата) потоа сам одлучуваш за себе.
Јас лично од тоа што учев во средно(гимназија) употребив околу 10-20 % на факултет надвор од Македонија а тоа што го научив на факултет околу 80 % го употребувам денес на работа, и тоа е така затоа што на факултет имав премногу слобода си учиш колку што сакаш, веќе си возрасен и можеш самиот да прецениш исто имав само еден задолжителен предмет на семестар се друго беше изборно така да самиот си се градиш. Од 70 студени на специјалноста која што ја учев околу 10 дипломираа и сите тие се вработени и се квалитетен кадар. Тоа ти е природна селекција и така функционира општеството подобро.
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Никогаш не сум сретнал глуп човек.
Сум сретнал срамежливи, плашливи, безобразни, расипани, образувани, необразовани, збунети, неискусни, високи , ниски, слаби , дебели, млади стари и секакви други
Но глуп човек никогаш не сума сретнал
Не знам што да ти кажам тогаш. Moже Џон Клиз ќе помогне. :D

 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.050
Поени од реакции
12.592
Секако дека учењето може да ги оглупавува и разболува учениците.

Особено македонскиот образовен систем кој претежно се занимава со 99% теорија и едвај 1% пракса, нормално дека ваквиот начин на образовање на учениците може да резултира со нивно оглупување и разболување.

Основната задача на образовниот систем треба да биде да ги подготви учениците за самостојно да учат од животот и од животните искуства, бидејќи човекот учи додека е жив, но македонскиот образовен систем ги прави учениците да се чувствуваат инфериорни кон знаењето.

Кога наставникот/наставничката или професорот/професорката, кој(а) е претежно заинтересиран(а) за исполнување на својот стаж и заработување на месечната плата, ги третира учениците како предмети кои треба да снимат информација и потоа да ја вратат истата таа информација во облик на одговор на усно или писмено прашање или во облик на решение на задача, тогаш се знае дека учениците нема да научат ништо од таквиот наставник/професор, односно од таквата наставничка/професорка.

Кога на ученикот нема да му стане јасно една работа, а наставникот/професорот или наставничката/професорката само ќе ја продлабочи нејаснотијата со своето неинтерактивно и неразбирливо сложено објаснување, во мозокот на ученикот се активира кукавичкиот самоодбранбен систем кој вели:

Јас ова не можам да го разберам, ова не е за мене бидејќи сум инфериорен/инфериорна.

Благодарејќи на ваквиот психички развој кај учениците, добар дел од нив не се осмелуваат да го прифатат предизвикот кој со себеси носи секакви ризици, како на пример, предизвикот за учество во спортски тим или за учество во некоја културна или уметничка манифестација, бидејќи се чувствуваат инфериорни.

Тоа чувство на инфериорност им е всадено во главите уште во училишните клупи и неговото откорнување бара долг и макотрпен напор за да почне некогашниот ученик/студент, односно некогашната ученичка/студентка, да се соочува со животните предизвици и да почне да учи од нив и од сопствените животни успеси и неуспеси.

Не за џабе една позната американска народна поговорка гласи:

Тие кои не ги бива за работа стануваат наставници/професори, односно наставнички/професорки.
Тие кои не ги бива ниту за да бидат наставници/професори, односно наставнички/професорки, стануваат наставници/професори, односно наставнички/професорки по физичко.

Или на англиски:

Those who can't do, teach.
Those who can't teach, teach gym.

Кога вакви луѓе ги образоваат идните генерации, сосема нормално и очекувано е младите да бидат изложени на ризикот да оглупават и да се разболат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom