Дали учењето може да ги оглупавува и разболува учениците?

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Спирос, сигурно ЦВ-то ти изгледа импресивно. :icon_lol:
 
D

Daedalus

Гостин
Не е научно докажано дека со учењето може да се оглупаве, туку научно е докажано дека оние кои имаат желба за науката имаат многу празнини во други полиња, како пример земете ги повеќето од научниците, сите имале некои ептен изразени слабости...
Не можеш "научно да докажуваш", колку секоја индивидуа има празнини и во кои полиња и како таа индивидуа има повеќе празнини од индивидуа која не е научник.
У наука имаш создавање на хипотези, правење на теории, ама немаш научно докажување на такви феномени. Секој човек има различен спектар на знаења.

Све што би го глобализирало и генерализирало тоа, е стереотип, а не научно докажан факт.
 

DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
Читајте меѓу редови. Сака да каже авторот дека науката оглупавува а библијата опаметува
То второто делува уште понегативно на човековата интелегенција. Масовно перење на мозоците!
 

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
534
Поени од реакции
1.101
Не можеш "научно да докажуваш", колку секоја индивидуа има празнини и во кои полиња и како таа индивидуа има повеќе празнини од индивидуа која не е научник.
У наука имаш создавање на хипотези, правење на теории, ама немаш научно докажување на такви феномени. Секој човек има различен спектар на знаења.

Све што би го глобализирало и генерализирало тоа, е стереотип, а не научно докажан факт.
Во секој доволно голем примерок, научничките ќе имаат барем една празнина повеќе од научниците.
 
D

Daedalus

Гостин
Во секој доволно голем примерок, научничките ќе имаат барем една празнина повеќе од научниците.
Почна да ми фалиш <3
За научничките, земи во предвид дека таа празнина раѓа полноча.
Дали нешто е празнина ако создава непразно?
Дали надбитието е небитие ако создава битија?
 

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
534
Поени од реакции
1.101
Дали надбитието е небитие ако создава битија?
Небетие создава битие само преку ебитие. Сум читал дека може и поинаку, ама спиро знае подобро за тој случај.
 
D

Daedalus

Гостин
Небетие создава битие само преку ебитие. Сум читал дека може и поинаку, ама спиро знае подобро за тој случај.
Може. Ако ружата мириса убаво. Олфакторната перцепција влијае на нивото на стрес што влијае на имунитетот кој воедно влијае на овулацијата. Постои евиденција дека инсулата се активира секогаш кога помислуваме на мириснатото цвеќе и преку хипокампусот мозокот знае дека треба да го натера хипоталамусот да стимулира лев допамин а хипофизата да пушти хормони низ нашето тело.
Со оглед на тоа дека Бог оперира на квантно ниво, хормоните кои одат низ крвотокот, при менструалниот циклус го менуваат својот протеински состав и стануваат семе божјо кое воедно ја оплодува јајце клетката која не паѓа со крвта туку се задржува на ѕидовите на матката.
Има начин, само на тебе ти фали верба.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Школството кое што не е изградено врз љубов кон животот и децата, е животонепријатно школство и причина за многу неубави работи!

Таквото школство мора да се реформира!
За жал или за среќа морам да кажам оти се слагам со Спирос за оваа негова изјава.

А за тоа дека учењето ги оглупавува учениците, не. Глупавоста не е нешто што се учи. Ако некој си ја има, од раѓање си ја има. :) Па и во нajдобрите школи нека учел и не знам колку книги да прочитал, глупав човек е глупав човек.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Учењето не може да те оглупавува, па макар било погрешно. Едноставно ти си учел дека 2+2=5 и тоа е, не си глуп, ова е точно само за абстрактните или тие општествените науки, бидејќи е измислена работа, затоа и имате дупки во законите, бидејќи најчесто на тие што не им оди математиката одат на правен.
Најчесто стандардниот систем на учење е учење под притисок т.е дека сите мора да ти се петки ако сакаш на Медицина и слично, или пак запиши се Информатика после факултет има работа (а детето не сака да види математика).
И нормално тука е религијата демек треба да те учи на соживот, само што соживотот не го учи религијата туку маката.
Без разлика на оценките, неколку работи треба да се совладаат после излегувањето од школo: да знаеш да се изразиш, да знаеш барем англиски и да имаш добра основа за техничките науки (т.е да знаеш математика).
Да би бил министер би ги укинал сите реформи во образованието после осамостојувањето, реално бројот на неписмен народ е исти како и после втора светска војна.
 

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
991
Зависи кое учење, дали се мисли на само на меморирањето на податоци, факти за светот кои можат во секое време некаде да се прочитаат и најдат или на она учење кое станува вистинско знаење и ни помага во одредена ситуација да го примениме и да се снајдеме.... Јас мислам дека нема потреба од присилено меморирање на некои рандом поими туку да го учиме само она што не интересира и навистина ќе ни притреба или ќе придонесе во нашиот развој и некои навистина општи работи да знаеме да ги разликуваме за да не треснеме некаде некоја глупост па да ни се смее светот, како не пример една школска моја тресна дека парамециумот имал желудник кога ја праша наставникот дали имал:vozbud: а инаку му го раскажа цел учебник...Значи не да се учи само текст и да го меморира туку и да знае што учи, да си има престава за нештата за кои што слушнал или прочитал нешто.
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 08:47 ---
Hier verstehen wir alle alles auf Deutsch :) Könnten wir vielleicht in Deutsch unterhalten :) ?(y)
 
D

Daedalus

Гостин
За жал или за среќа морам да кажам оти се слагам со Спирос за оваа негова изјава.

А за тоа дека учењето ги оглупавува учениците, не. Глупавоста не е нешто што се учи. Ако некој си ја има, од раѓање си ја има. :) Па и во нajдобрите школи нека учел и не знам колку книги да прочитал, глупав човек е глупав човек.
Само што не постои ниту еден дефинитивен критериум за тоа што е глупав, а што паметен човек. :) Сем, ментално хендикепирани секако.
Дали ќе ја оцениш интелигенцијата на некого според неговите вербални, логички, просторни, интро/интра способности, емотивна интелигенција, критичко размислување, знаења, ставови???

Не постои некој унифициран глупав/паметен феномен. Различни луѓе имаат различни способности во различни сфери и сеуште не постои дефинитивен одговор за тоа дали тие способности се вродени, развиени или се комплексна комбинација од двете.

Што знаеме е дека околината го менува мозокот исто како што и генетиката го менува и дека луѓето покажуваат различни интелектуални способности и меморија низ годините (покачени/опаднати). Рекреациони дроги како марихуаната ги менуваат когнитивните способности исто како што стимуланти и константна ментална работа ги качуваат когнитивните способности.
Луѓето учат критичко размислување, развиваат нови способности во животот и нивниот мозок практично се моделира.
Така да како ќе одделиш интелигентен од глуп човек?
Според кој критериум? Некој кој е вербално флуентен може да е катастрофален при решавање на математички проблеми и обратно....Некој може да ги развие своите знаења и способности во различни полиња и сфери, да ги смени своите ставови итн...

Премногу симплифицирано е да го оцениш и окарактеризираш феноменот на интелигенција во глупи/паметни луѓе. Дури и ставот сам по себе е глупав и не зима мнгоубројни фактори во предвид. :X3:

Настрана од тоа што повеќето луѓе ја оценуваат својата интелигенција и интелигенцијата на другите согласно со самодовербата и убеденоста за тоа колку се паметни, (буквално ако земеме повеќе луѓе да те убедуваме дека си глуп/глупа и почнеш да веруваш во тоа, ќе се осеќаш така, ќе се понашаш така и целиот перформанс ќе ти падне, додека пак ако си сигурен/на во себе, ќе зборуваш и ќе се однесуваш поопуштено и поинтелигентно, што укажува на тоа дека самодовербата игра некоја улога во "интелектуалноста")
90% од луѓето имаат нормални интелектуални способности, а меѓусебно се набедуваат и нарекуваат паметни и глупави поради тоа што делат различни ставови. Некои луѓе може да имаат поирационални ставови, глупави и необмислени ставови како овој дека луѓето кои се глупи се глупи цел живот итн....Али нивните ставови и глупавоста/издржаноста на ставовите не кажуваат буквално ништо за интелигенцијата на тој што ги има, само укажуваат на тоа дека погрешно ја користи.

Многу генијалци имаат глупави ставови за некои работи и многу просечни луѓе имаат издржани ставови. Емоциите, образованието, достапноста на инфо, влијанијата од дома/пријателите и други компоненти влијаат на нашето секојдневно расудување, а не тоа колку сме паметни или глупави. Повеќе од сигурен сум дека повеќето тука, почнувајќи од "најглупавите" на форумов, до најголемите "мудреци" и филозофи, се наоѓаме во нормалниот рејнџ на когнитивни способности и интелигенција.
Тоа што не прави различни се нашите ставови и знаења, ништо повеќе.

Денес како ми тргна, само контра да ти идам.:P
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Глупавоста на еден човек можеш да ја процениш од одлуките кои ги носи и постапките кои ги прави. IQ нема врска со ова. Мое мислење, не мора да значи дека е така.
 

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
991
Само што не постои ниту еден дефинитивен критериум за тоа што е глупав, а што паметен човек. :) Сем, ментално хендикепирани секако.
Дали ќе ја оцениш интелигенцијата на некого според неговите вербални, логички, просторни, интро/интра способности, емотивна интелигенција, критичко размислување, знаења, ставови???

Не постои некој унифициран глупав/паметен феномен. Различни луѓе имаат различни способности во различни сфери и сеуште не постои дефинитивен одговор за тоа дали тие способности се вродени, развиени или се комплексна комбинација од двете.

Што знаеме е дека околината го менува мозокот исто како што и генетиката го менува и дека луѓето покажуваат различни интелектуални способности и меморија низ годините (покачени/опаднати). Рекреациони дроги како марихуаната ги менуваат когнитивните способности исто како што стимуланти и константна ментална работа ги качуваат когнитивните способности.
Луѓето учат критичко размислување, развиваат нови способности во животот и нивниот мозок практично се моделира.
Така да како ќе одделиш интелигентен од глуп човек?
Според кој критериум? Некој кој е вербално флуентен може да е катастрофален при решавање на математички проблеми и обратно....Некој може да ги развие своите знаења и способности во различни полиња и сфери, да ги смени своите ставови итн...

Премногу симплифицирано е да го оцениш и окарактеризираш феноменот на интелигенција во глупи/паметни луѓе. Дури и ставот сам по себе е глупав и не зима мнгоубројни фактори во предвид. :X3:

Настрана од тоа што повеќето луѓе ја оценуваат својата интелигенција и интелигенцијата на другите согласно со самодовербата и убеденоста за тоа колку се паметни,
90% од луѓето имаат нормални интелектуални способности, а меѓусебно се набедуваат и нарекуваат паметни и глупави поради тоа што делат различни ставови. Некои луѓе може да имаат поирационални ставови, глупави и необмислени ставови како овој дека луѓето кои се глупи се глупи цел живот итн....Али нивните ставови и глупавоста/издржаноста на ставовите не кажуваат буквално ништо за интелигенцијата на тој што ги има, само укажуваат на тоа дека погрешно ја користи.

Многу генијалци имаат глупави ставови за некои работи и многу просечни луѓе имаат издржани ставови. Емоциите, образованието, достапноста на инфо, влијанијата од дома/пријателите и други компоненти влијаат на нашето секојдневно расудување, а не тоа колку сме паметни или глупави. Повеќе од сигурен сум дека повеќето тука, почнувајќи од "најглупавите" на форумов, до најголемите "мудреци" и филозофи, се наоѓаме во нормалниот рејнџ на когнитивни способности и интелигенција.
Тоа што не прави различни се нашите ставови и знаења, ништо повеќе.

Денес како ми тргна, само контра да ти идам.:P
Па токму тоа учење е со цел за да инвидуата изгради поглед на свет, да има свои ставови, откако нели ке учи преку генерализација,апстракција,синтеза,анализа и како врв на се критичкото размислување а не она класично учење на памет, па тука се и искуствата, од нив најмногу се учи, никој не се родил паметен да било така како прост пример ке го дадам малото бебе кое со самото раѓање ги учи основните правила и принципи на однесување, ако се раѓаше паметен тогаш зошто уште одма од раѓање плачи за глупости а потоа со време ги губи тие навики и се навикнува сам да стои на свои нозе...тука станува збор за еден развиток, развој, човекот можеби има генетски препозиции побрзо да ги сфќа нештата од другите но поголема улога играат искуствата и самата ангажираност на оно кој учи и цело време ги прекројува когнитивните структури со самото асимилирање на нови информации...
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Кој начин е најдобар да се откријат индивидуалните способности кај една личност?
Дали откривање и развивање на индивидуалните способности се дел од целите на задолжителното образование, или се резултат на лична иницијатива?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom