Дали верувате во тројство?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheep
  • Време на започнување Време на започнување
1. Не сум толку достоен за да ми се обраќа Бог.
2.Бог не наредува убиства а дарува љубов.
3.Ако некој ти нареди просто ете така да си го убиеш детето тогаш тоа е лукавиот.
4. Во таков случај помоли се на Бога.
Ти изгледа не си ја читал библијата. Знаеш колку пати Бог во библијата наредувал да се убива? Цели градови, цели нации, со се жени, деца, добиток?
 
Има некој критериум што треба да го исполниш за да бидеш достоен да ти се обрати и од каде знаеш дека не си достоен ?
Од каде знаеш кој е лукавиот а кој бог ? Ако никој не го видел од каде дефиниција за тоа да ги разликуваш еден од друг ? :confused:

Штом си ја читал Библијата би требало да ти е јасно за ’’критериумите’’
И воздухот не го гледаш ама го има и живот дава. И земјата на си видел дека е топка ама претпоставувам веруваш дека е.
 
Пред малку ти пишав за таквите нема место ни на земјата а камоли на небото и ако го прочиташе ова ќе разбереше зошто тоа им случило на тие два града.
Колку малку само треба за да падне таа маска од фини и со љубов исполнети зборови кај вас. Немало место за таквите...!? :tapp: Па зошто ги создал ако немало? Нели Бог е сезнаен и семоќен? Како тоа му се промакнало да не ги предвиди хомосексуалците? Кај била неговата сезнајност и што правела неговата семоќност? Зошто допуштил такви особини и склоности да постојат воопшто ако се непотребни?
Дали знаеш дека еден од "таквите" е заслужен за информатичката технологија и компјутерите, без кои сега немаше да можеш да бидеш на интернет?
 
Ти изгледа не си ја читал библијата. Знаеш колку пати Бог во библијата наредувал да се убива? Цели градови, цели нации, со се жени, деца, добиток?

Колку? и поважното прашање ЗОШТО?
 
Колку? и поважното прашање ЗОШТО?
Чекај првин да разграничиме со тоа што го тврдеше предходно:
2.Бог не наредува убиства а дарува љубов.
3.Ако некој ти нареди просто ете така да си го убиеш детето тогаш тоа е лукавиот.
4. Во таков случај помоли се на Бога.
Дали сеуште стоиш на овие ставови?
 
Ти изгледа не си ја читал библијата. Знаеш колку пати Бог во библијата наредувал да се убива? Цели градови, цели нации, со се жени, деца, добиток?
Не е само да ја читаш библијата треба и да си извадиш сам поука ако ја читаш и слепо веруваш вакви случаи ќе се појавуваат.А они ги уништувал градовите зошто ѕидарите во тоа време не му ги правеле по мерак немале стил .
 
Колку малку само треба за да падне таа маска од фини и со љубов исполнети зборови кај вас. Немало место за таквите...!? :tapp: Па зошто ги создал ако немало? Нели Бог е сезнаен и семоќен? Како тоа му се промакнало да не ги предвиди хомосексуалците? Кај била неговата сезнајност и што правела неговата семоќност? Зошто допуштил такви особини и склоности да постојат воопшто ако се непотребни?
Дали знаеш дека еден од "таквите" е заслужен за информатичката технологија и компјутерите, без кои сега немаше да можеш да бидеш на интернет?

Затоа што не дарил со право на ИЗБОР.
Ако го немаше правото на избор сеуште ќе бевме во Еденската градна. Но Адам и Ева така избраа и еве сме јас и ти тука ти го одрекуваш Бога јас го Прифаќам. ПРАВОТО НА ИЗБОР Е НАША НАГРАДА КОЈА ШТО ЛЕСНО СИ ЈА ПРЕТВОРАМАЕ ВО КАЗНА.
--- надополнето: 13 јануари 2014 во 20:31 ---
Чекај првин да разграничиме со тоа што го тврдеше предходно:

Дали сеуште стоиш на овие ставови?

Споредуваш тврдења во два тотално различни контекста-итро.
 
Затоа што не дарил со право на ИЗБОР.
Ако го немаше правото на избор сеуште ќе бевме во Еденската градна. Но Адам и Ева така избраа и еве сме јас и ти тука ти го одрекуваш Бога јас го Прифаќам. ПРАВОТО НА ИЗБОР Е НАША НАГРАДА КОЈА ШТО ЛЕСНО СИ ЈА ПРЕТВОРАМАЕ ВО КАЗНА.
Кое право на избор го имаат луѓето кое се родиле како хомосексуалци и за кои ти рече дека не им е местото ни на земјата ни на небото?
И каква врска воопшто има изборот со ова? Ете, ти претпоставувам не си хомосексуалец, но тоа не те спречува да направиш избор за други нешта! Ако хомосексуалноста е погрешна, зошто е допуштена? Зошто постои?
Споредуваш тврдења во два тотално различни контекста-итро.
Споредувам тврдења каде јасно се гледа контрадикторноста во истите. Затоа што тврдеше дека бог никаде не барал да се убива, а потоа тоа тврдење го занамари и се обиде да да најдеш оправдување - причина за барањето од страна на Бог да се убива.
 
Каде е сигурноста кога секаде има убиства ? Која е таа сигурност ?

.
Секогаш кога човекот ја игнорирал или девалвирал Мудроста (Милоста) БОЖЈА чиста, се ширела животонепријатноста и убиствата. Секогаш!

Немој да мислиш само затоа што не си убил човек, дека потполно си невиновен за убиствата што се случуваат!

Секој кој што се противи и не соработува во култивирањето на Семето и Царството на Светлината, тој одмага!

Остај го жити се ни самиот не е свесен колку радикално звучи

.

Радикалноста на себе нее нешто лошо.

Мудроста БОЖЈА (Исус) - на пример - беше и е’ радикално животопријатен!

Но, ако радикалноста или игнорантноста (со дело или збор) е животонепријатна , тогаш човекот навистина треба да е крајно предпазлив и да се чува од таквата.

Доколку тебе ти смета мојата радикалност, јас ти препорачувам да направиш со мене истото она што јас го правам со оние кои не само што се слепи, туку и бодат против Христовата Животопријатност.

ignore1.jpg

,
 
Прва опција ми е да те игнорирам ама најпрво морам нешто да ти кажам: Ми се гади кога гледам како некој проповеда било која религија а поготово Христијанската и ми сере за тоа како Исус бил радикален, ми се лоши кога влегувам во нашите цркви и ја гледам морбидната фиксација со смртта прво на Исус и на "светците" - луѓето кои својот живот го дале помагајќи на народот за народот га ги сквернави по фрески а нивните дела остануваат заборавени, ми се гади што само два пати во годината за Божиќ и за Велигден народот ја слави "милоста и мудроста Божја" и влегува на местата каде човечкиот садо мазохизам е фактички пропаганда и нацртан на зидовите и се им е топ, се им е ок а важно им е само кој како се облекол и да протрачарат едно троа, каде претставниците на Хритистијанството со досада во гласот пеат некакви зборови во кои не ни веруваат. Мене не ми треба никаква книга напишана од човечка рака за Божјата милост и мудрост да ме допре, си ја носам со мене каде и да одам така знам да познаам човек на кој му треба помош без никакви трансакции и лицемерија. Затоа престани да се фиксираш на книгите и излези во реалниот живот каде што ќе бидеш по корисен.
 
Кое право на избор го имаат луѓето кое се родиле како хомосексуалци и за кои ти рече дека не им е местото ни на земјата ни на небото?
И каква врска воопшто има изборот со ова? Ете, ти претпоставувам не си хомосексуалец, но тоа не те спречува да направиш избор за други нешта! Ако хомосексуалноста е погрешна, зошто е допуштена? Зошто постои?

Споредувам тврдења каде јасно се гледа контрадикторноста во истите. Затоа што тврдеше дека бог никаде не барал да се убива, а потоа тоа тврдење го занамари и се обиде да да најдеш оправдување - причина за барањето од страна на Бог да се убива.

Зошто се раѓаат хомосексуалци, и ако ме прашаше зошто тешко болни деца се раѓаат ќе беше ептен класично прашање. Затоа што нивните претци според Библијата до 4 колено нешто многу згрешиле при правото на избор. Затоа кога нешто прави лошо човек тоа не само што е лошо а и сбично затоа што ги оштетува и тие преднего.

Споредуваш едното мислење каде што јас одговорив(до некаде неправилно-признавам, затоа што не прашав зошто)и јас го сватив тоа хипотетично прашање како ’’дали ќе си го убиеш детето’’онака од чиста мира. А второто е многу различно за градовите и знаеме зошто. Тотално различни работи не подлежи на споредба.
 
И како ти успева да најдеш оправдување и смисла во казнување на поколенија кои не се ни родени за нешто кое нивните предци го направиле? Каков е тој Бог кој од една страна е семоќен, сезнаен и полн со љубов а од друга страна казнува невини за да се одмазди?!
 
Затоа што ако веднаш има одговор за сторено зло тогаш нема да постои ПРАВОТО НА ИЗБОР. Се ќе беше јасно и никој немаше да го бара Бог,-ќе си бевме во Еден. Тоа не се невини а натоварени со предходна судбина(или карма на хинду)од нивните предци, и треба да има прочистување. Неможе да има бескрајно трупање на зло -баланс на него се пазира целиот универзум.
 
Кое право на избор го има некој од 4-то поколение за нешто кое негов предок го сторил? Како може да бидеш виновен за нешто кое некој го сторил кога ти не си бил ни роден?
 
ИЗБОР има да се освести и да го прекине понатамошното натрупување на негативна судбина(карма).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom