Како што реков,ајетот горе е повеќе од јасен,пред добрите дела прво е спомнато верувањето.
Аллах вели во сура Али Имран:
19. За Аллах единствено исламот е вистинска вера. А тие на кои им е дадена Книгата се раздвоија во моментот кога им дојде знаењето и тоа од меѓусебна завист. А Аллах брзо ќе се пресмета со тие што не веруваат во Аллаховите зборови.
Во сура Ел-Маида вели:
3. Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен сум исламот да ви биде вера.
Сура Али Имран.
84. Кажи: „Ние веруваме и во Аллах и во тоа што ни е објавено нам, и во тоа што им е објавено на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб и на потомците; и во тоа што им е дадено на Муса и на Иса и на веровесниците од Господарот нивен; ние никаква разлика меѓу нив не правиме и само Нему искрено Му се предаваме.“
85. А тој што сака друга вера освен исламот, нема да му биде примена, и тој на оној свет ќе биде меѓу губитниците.
Ајетите се повеќе од јасни.
Предуслов за џеннетот е исламот,па тогаш добрите дела кои се исто така неопходни.
но како што веќе гласи и ајетот кој најпрво ти го цитирав: Сите луѓе губат,освен тие што веруваат и прават добри дела....
Тоа што џан убаво го дообјасни е тоа дека подобро е да правиш добри отколку лоши дела,па го молам Аллах да те упати на вистинската вера.
Инаку,без верувањето во Аллах,мелеките,пратениците,Судниот ден.. онака како Аллах наредил да се верува нема успех на Судниот ден.
без потврдување со срце,зборови и дела на Ла иллахе илАллах,Мухамедун ресулАллах, нема успех на Оној свет.
Ако тоа не му било дозволено на Ебу Талиб,чичкото на Мухаммед с.а.в.с. кој го помагал и учестувал со него во битките,но сепак останал на верата на неговите предци.. нема да ни помогне ни мене ни тебе ако на Оној свет отидеме без верување во Аллах и покорност само Нему.