Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Таман и Суарез ќе си го земиме и се тип топ :D
 
Колку се неспособни Кастиља :facepalm:
Цел саат беа со два играчи повеќе и не успеаа да го задржат водството.
 
Кога гледаш како покриваат, како цврсто и агресивно влегуваат во дуели, секогаш на раб на фаул па дури и со прљави удари и бутања, самото ниво на дисциплина кое постои на теренот, особено кога ги гледаш и Виља и Коста на своја половина у линија, па дури и брзината со која се консолидира формацијата после силен притисок на противниците, е за почит. Какви интервенции имаа Фелипе Луис, Хуан Фран и Годин, па и Туран на средината, мајко моја. Не пуштаат пиле да прелета, и од друга страна ја имаш одбраната на Реал и последната бековска линија која при контри едвај стигнува да покрие и кои при нафрлени топки или корнери се ко заспани, последен пример, против Валенсија, кога играч со 165 сантима успеа гол со глава да даде а на Рамос касно му текна што треба да прави. Секоја чест, ја имаат најдобрата одбрана во Ла Лига Атлетико, и ако Реал успее да извади нерешено на гости ќе биде голем успех.
 
Mногу коцки друже треба да се поклопат за да сме шампиони. И овие минус три(ако го победиме Еспањол) што ќе ги имаме треба за премија да ги сметаме. Во цела полусезона имавме само 5-6 утакмици на ниво и после еден примен гол(против Осасуна) се случи потоп, како мали деца почнаа ноџињата да им се тресат и оттогаш пак се вративме во никаквата форма и победите ''на мускули''.

Погледни само каков очај сме на гостувањава, од вкупно шесте победи досега само една е со повеќе од 1 гол разлика(таа 0-5 против Алмерија) и тоа и тие победи кои од кои. Против Гранада со 6 одбранбени игравме и пак шанси ни правеа од што сме бедни, со Елче веќе сите знаеме што се деси, Леванте и Валенсија во самиот финиш, Рајо го водевме 0-3 и за 2 минути на 2-3 ни се вратија и илјада шанси ни направија ејј Рајо стигна пресврти да ни прај од 0-3. Од цели 9 утакмици на гости све на све да изиграш само една перфектна е срамота за ваков клуб и вакви ѕвезди и ниеднаш не извадија поука исто си тераат, секоја им чест.

Дупките во тимов се јасни:
-Рамос и другар му Пепе во одбрана 2 ќе изиграат 10 ќе заебат. Марсело една утакмица не изигра во одбрана после повредата лани
-Иско, мува без глава една асистенција не му памтам а за тоа е купен нели
-Бензема, секој збор е мал за да се опише колкаво идиотиште од играч е. Ради овој трупов и Мората си ја изгуби формата, што убаво си газеше на почеток

И за една чудо никој од овие не е критикуван од медиумите ниту од навивачите, освен на овој последниов што му подсвирнаа 1-2 пати и тоа не сите. Битно Ди Марија една и пол утакмица не изиграл како што треба и одма свирења, санкции, протести... Тој идиотот еден гол од пинг-понг дал и одма во Марка ''Бензема се враќа во форма'' :cuc:

Kaпак на све се повредите на клучните играчи за одбрана Кедира, Варан и Коентрао.
 
Не дека одбранбените играчи на Атлетико не се посигурни од нашите, ама рака на срце и судиите премногу им гледаат низ прсти за грубата игра. Габи, Миранда и Хуанфран прават пожестоки фаули од Рамос, нема чисто одземање топка, речиси секое е на граница на фаул, но добиваат предност. Али и за таква игра треба да си умешен. Сакам и од Реал да видам такава, но мислам дека ќе се одрази дополнително врз дисциплината. Последната сезона кога игравме така (2010/11) имавме големи проблеми со судењето...
 
Не се Атлетико јаки ние сме слаби сезонава соочете се со тоа, лани купот го изгубивме а имавме милион шанси (стативи, пречки) Бенз и Озил промашуваа од 2 метра, додека они ја искористија единствената шанса. Оваа година е друго го нема Мур и играме некоја глупа игра против појаки екипи и далеку сме од гол шанси...се некако на мускули ебаго. Предност може да ни биде индивидуалната игра каде сме каде појаки и од Атлетико и од Барса, ако е тоа некоја предност.
 
Ваќа ќе биде последно коло :D

1012916_453544341438748_1106117150_n.jpg
 
ај баш да видиме вечер дали ќе има промени во играта кога знаат дека барса и атлетико одиграа во наша полза..
Баш ме интересира дали би имало пожртвуваност како со борусија втората,или на тешки маки ќе сме пак....
 
Знае доста незгодно да биде гостувањето кај Еспањол.
Последното гостување заврши без победник (1-1)

Но по секоја цена мора да се добие натпреваров и да се доближиме на 3 бода до Атлетико и Барса
 
Vecer startuvame so Iker na golot, Lopez imal stomacen virus.

Nekoj od tuka spomnuvase deka madridizmot u timot e pogolem so Iker na gol, ete prilika da se uverime dali e taka

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk 2
 
Еспањол ќе си ги бранат комшиите има да играат ко на тромадоли. Ги решаваме јас мислам средината ни е во најјака форма моментално :love: Само Јувентус со Видал и Сити со Туре ни парираат, Чави и Иниеста ептен се опаднати по то вчера шо го видов.
 
Дане знаете точно во колку сатот е доделувањето на златна топка утре ? :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom