Верски вести III

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.133
Поени од реакции
83.755
Христијанин егзекутиран поради одбивање да стане муслиман
Четврток, 09 Јануари 2014 17:59

Ерменецот Минас бил убиен во Сирија откако одбил да стане муслиман.


Според пишувањата на сајтот khabararmani.com човекот бил убиен од членови на Ал Каеда во еден од затворите во Алепо контролирани од страна на оваа организација.
Смртните случаи во Сирија од граѓанска војна се проценува дека изнесуваат меѓу 95.850 и 130.435. Досега се регистрирани 2.300.000 бегалци, десетици илјади повеќе чекаат да се регистрираат.
Речиси половина од бегалците се девојки и жени, додека една четвртина се момчиња под 18 години.
 
Член од
8 јуни 2013
Мислења
299
Поени од реакции
198
ВИДЕО: Македонец христијанин од Охрид премина на Ислам во централната џамија во Струга

Македонец христијанин од Охрид пред неколку дена во централната џамија во Струга, го прифати самоволно без никакви притисоци го прифати Исламот.

Покрај шехадетот кој го изговори со помош на оџата Мухарем Исмаили тој прифати од тој момент да ги извршува наредбите кои ги бара Аллах џ.ш. од сите муслимани и да се клони од забраните кои ги забранува Исламот.
Како успеале да му го исперат мозокот, алал да му .
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
ВИДЕО: Македонец христијанин од Охрид премина на Ислам во централната џамија во Струга

Македонец христијанин од Охрид пред неколку дена во централната џамија во Струга, го прифати самоволно без никакви притисоци го прифати Исламот.

Покрај шехадетот кој го изговори со помош на оџата Мухарем Исмаили тој прифати од тој момент да ги извршува наредбите кои ги бара Аллах џ.ш. од сите муслимани и да се клони од забраните кои ги забранува Исламот.
Како успеале да му го исперат мозокот, алал да му .
немаштијата, парите си го прават своето. верувам дека човекот нема леб да јаде, деца и сл, и дека подобро да го исмеваат, него децата данемаат леб да јадат. не го оправдувам, никогаш не би направил нешто слично, но сметам дека тоа е причината :(
 
Член од
8 јуни 2013
Мислења
299
Поени од реакции
198
Е така е кога нашине предавници од МПц мислат само како да лапнат пари, исламот колку и да не го сакам секогаш повеќе сметка води за сиромашни луѓе затоа и придобива вакви загубени души. А да и на крај ваквиве новопечени муслимани стануваат вахабии, како тој русинот.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Обновено: Охриѓанецот што ја смена верата се вика Христијан познат по прекарот Мачка


10 January, 03:44


Овој дечко се вика Христијан познат низ Охрид како Мачка. Низ градот кружат гласини дека верата ја сменал за сума од 10.000 евра, и дека сега имал и личен шофер и бил придружуван од група Албанци за да неможе некој да му наштети. Христијан пред неколку денови во централната џамија во Струга се откажал од Христијанската вера и го прифати Исламот.
Покрај шехадетот кој го изговори со помош на оџата Мухарем Исмаили тој прифати од тој момент да ги извршува наредбите кои ги бара Аллах џ.ш. од сите муслимани и да се клони од забраните кои ги забранува Исламот.

http://www.shilomagazine.com.au/mk/кико

--- надополнето: 10 јануари 2014 во 15:51 ---
Сирија, 2014 година: Отсечени главите на 2 христијани


Двајца христијани од Ерменија беа обезглавени поради тоа што одбиле да ја примат исламската вера, со што, истакнуваат тамошните медиуми, уште повеќе го разгори конфликтот и ја направи Сирија уште поопасно место за христијанската заедница.


Според сведоштвото на Курди цивили, кои избегале од заробеништво од Ирак, двајцата христијани биле прво држени во заробеништво.
Телевизискиот канал Иштар пренесува дека 10 жители кои биле киднапирани и однесени во заробеништво, но успеале да избегаат и да се вратат во својот град.
Според Ашид Ариф, еден од оние кои успеале да избегаат, двајцата Ерменци биле донесени во заробеничкиот камп, а по една недела биле изнесени од него.

Кога киднаперите се вратиле по неколку часа, на останатите затвореници им донеле две кутии, им рекле да ги отворат и да јадат.
Ариф додава дека во кутијата била главата на еден од двајцата Ерменци со кои заедно биле во затвор, а киднаперите се заканиле дека наскоро и на останатите ќе им ги отсечат главите.
Останатите затвореници велат дека постојано биле вербално малтретирани, им давале по еден оброк во 24 часа – леб и остатоци од јадењето на киднаперите, а секој втор ден им давале по половина литар вода.

Според Ерменските медиуми, двајцата христијани биле убиени затоа што не сакале да го примат исламот како вера и да се откажат од христијанството.

http://kurir.mk/svet/vesti/143878-Sirija-2014-godina-Otseceni-glavite-na-2-hristijani
--- надополнето: 10 јануари 2014 во 15:53 ---
Момче-херој од Пакистан загинало за да ги спаси своите пријатели од бомбаш-самоубиец (ВИДЕО)
Ајтзаз Хасан Бангаш, момче старо 15 години, стоело со своите пријатели пред училиште во едно село во областа Ханг на северот на Пакистан, кога забележале маж со експлозив. Иако другите ученици се обиделе да го разубедат Хасан, храброто момче му се спротивставило на напаѓачот, кој пак во турканицата успеал да ја активира експлозивната направа, јавува Би-би си.
Неговиот татко, Муџахид Али, кажал дека поради храбриот чин загинатото момче би можело да биде прогласено за шехид – жртва што загинала исполнувајќи ги верските заповеди, што на неговото семејство би можело да му донесе одредена финансиска помош. Таткото додал и дека властите сакаат да го преименуваат училиштето по момчето.
„Иако го загубив својот сакан син, не жалам за она што го направил. Тој изреагирал херојски и се гордеам со неговата храброст“, изјавил натажениот татко.
Државните функционери сѐ уште не го контактирале семејството на Хасан, а на социјалните мрежи момчето го нарекуваат херој и ја повикуваат државата да му го додели највисокото воено признание, наменето за оние што си го жртвувале животот за Пакистан.
--- надополнето: 10 јануари 2014 во 15:54 ---
Мулсиманите ќе ја надминат бројката на христијаните во Британија


Според најновите статистики во Англија и Велс секое десетто дете помладо од четири години е муслиман.
Весникот „Дејли Мејл” објави дека според статистиките во 2001 година 1,6 милиони муслимани претставувале вкупно три отсто од вкупното население, додека во 2011 година таа бројка се зголеми на 2,7 милиони муслимани или 4,8 посто од вкупното население во Англија и Велс.
Дејвид Воас, професор од Есекс напомена дека наталитетот на муслиманите од Пакистан и Бангладеш е многу висок и вели дека мулсиманите кои редовно ја практикуваат својата верата набргу би можеле да ја надмината бројката на христијаните кои редовно му се молат на Господ.
Секојдневно во Велика Британија се отвараат нови муслимански училишта, а официјалните податоци покажуваат во Британија има 1.600 џамии, додека првиот халал фестивал во Велика Британија е одржан минатиот септември.
Членовите на муслиманската заедница, меѓутоа, наведува дека Британците немаат причина за загриженост поради порастот на муслиманската популација, бидејќи муслиманските деца мошне успешно се интегрираат во тамошното општество и ја чуствуваат Велика Британија како своја татковина. http://www.press24.mk/mulsimanite-kje-ja-nadminat-brojkata-na-hristijanite-vo-britanija
--- надополнето: 10 јануари 2014 во 15:58 ---
"Сакаше да почине во светата војна. Не успеавме да го предомислиме"

10.01.2014 | 09:51

Мирза Ганиќ (19) од Нови Пазар, кој им се закануваше со смрт на Расим Љајиќ и на Аида Ќоровиќ, починал вчера во жестока борба недалеку од Алеп, Сирија.

Веста за смртта на Ганиќ и вознемирувачките фотографии од вооружената битка во која починал ги објавил на Фејсбук неговиот соборец и пријател Ебу Малик.

Тој појаснил дека Ганиќ бил ранет во ногата, но многу брзо искрварил и лекарската екипа не стигнала да го превие.



Ени Џемаили, еден од другарите на Мирза кој со него учел во новопазарската гимназија, раскажал за српските медиуми за она што се случувало во Сирија во последните денови, односно она што можел да го дознае од допишувањето на Мирза со училишните другари од Нови Пазар.
„Мирза исклучително го нервираше тоа што не го праќале во првите борбени редови. Ни пишуваше дека својот живот се’ уште не може да му го предаде на Бога, и за тоа му е многу жал. Тоа особено го нагласи пред некој ден, кога на социјалните мрежи беше пренесена лажна вест дека починал. Мирза уште тогаш напиша дека му е жал што е се’ уште жив и што не починал чесно во светата војна. Се обидовме да го предомислиме од сето тоа, но не вредеше“ – раскажува Џемаили.
Неговиот гимназиски другар додава и дека, иако тоа го негираат соборците на Ганиќ, Мирза веројатно со себе носел бомба и имал мисија да ја активира кога ќе дојде до одредиштето на војската на Слободна Сирија. Во тоа не успеал бидејќи близу до него паднала граната, а гелерот го погодил над левото колено.



Мирза Ганиќ замина во Сирија два месеци пред да дипломира во гимназијата во Нови Пазар. Ученикот со сите петки во средно училиште, ученик на генерацијата во Основното училиште во Горње Себечево и примерно момче, се одлучил да оди на пат од кој нема да се врати и го изненадил семејството кое не било запознаено со неговите намери.
Во војната во Сирија заминал веднаш после избивањето на сударот. Последен пат се јавил на семејството пред 3 месеци, кога чичко му и мајка му ги нарекол непријатели бидејќи се противат на тоа што тој станал „свет воин на џихадот“.
Ганиќ беше еден од најгласните вахабисти од Сирија кој им се закануваше со смрт на потпретседателот на владата на Србија, Расим Љајиќ, активистката и до неодамна директорка на НВО Урбан Ин Аида Ќоровиќ, и министерот на БиХ Фахрудин Радончиќ поради иницирање на закон за забрана за заминување во војна.

http://tocka.com.mk/1/115679/sakase-da-pocine-vo-svetata-vojna-ne-uspeavme-da-go-predomislime
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
ИРСКА: ЗА ИЗГРАДБА НА ЏАМИЈАТА 40 МИЛИОНИ ЕВРА

Во Даблин, Ирска, оваа година ќе се започне со изградба на џамија, а вредноста на работите се проценува на близу 40 милиони евра.
Според наводите на ирските власти, изградбата на џамијата во Ирска ќе започне во текот на 2014.година, и ќе се наоаѓа во предградието Кломгрифин, на сверниот дел од Даблин.
Муслиманите во Даблин добиле дозвола од градските власти минатата година за изградба на џамија на три спрата, со многу придружни објекти.
Изградбата на џамијата со две минариња ќе чини 40 милиони евра и ќе може да прими скоро 3.000 верници.
Во рамките на комплексот на џамијта ќе се наоѓаат простории за молитва, културен центар, канцеларии, библиотека, мртовечница, градинка, сала со скоро 600 места, спорски центар и стамбени згради.
Втора најголема религија
Целиот комплекс планиран во рамките на џамијата ќе се простира на 5.573 квадратни метри.
Во Ирска веќе постојат неколку исламски центри, вклучувајчи го и еден од најголемите во Клонскеарг, во Даблин.
Исто така, ирските власти предвидуваат дека исламот ќе стане втората најголема религија во Ирска во наредните 30 години, поради големиот пораст на муслиманите во таа земја, но и поради големите имиграции.
Според пописот од 1991. година, 0.1% од населението во Ирска биле муслимани, а во 2011.година 1.1% , односно 49.204 муслимани од вкупната популација во таа земја.
Во таа земја живеат скоро 84% католици.
Според проценките на ирските власти, во земјата до 2020.година ќе има близу 100.000 муслимани.

Ал Џезира Балканс
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Започна поробувањето на луѓето!


Започна поробувањето на луѓето!

·
АЛАРМАНТНО : Чипувањето на новороденчињата во Европа тргнува од месец мај 2014 . ?!

Чиповите во телата на новороденчињата ќе се вградуваат, како што се наведува, заради се` поголемиот број изгубени деца, па чипот би требало да помогне во нивното пронаоѓање, но, и заради полесно купување и продавање и пренесување на податоците!


Ако може да `и се верува на италијанската интернет страница CorrierediRoma.it, но и според некои германски и француски извори, оваа година Европа, но и останатиот свет ќе се соочат со исполнувањето на најстрашното Библиско пророштво .

Станува збор за „жигот на ѕверот“ пророчено во книгата на Откровението , а според кое луѓето ќе бидат присилени да го вградат во своето тело. Токму ова го најави порталот како факт за мај оваа година.

Иако за чипувањето на луѓето и порано е пишувано и се претпоставувало така, општо е познато дека во Америка веќе со години чиповите се тестираат на одредени групи на луѓе, (психијатриски болни, затвореници...) и други луѓе кои доброволно се согласиле да примат чип во своето тело.

Неговото масовно имплементирање, иако најавено и одобрено уште од пред неколку години, секогаш е попречувано или се одвивало во тајност со образложение дека тоа е само - вакцина!

Оваа страница го најавува чипувањето на новороденчињата овој пат на просторите на Европа и тоа заедно со вакцината која што новороденото дете ја прима првиот ден по раѓањето во болницата.

Можеби и тоа е причината за законски задолжителното вакцинирање во Хрватска, зашто наскоро ќе се воведе и чипување, па нема смисла да се дотерува тој закон дополнително!

Застрашувачки е тоа што оваа страница има потполно афирмативен став кон чипот и го претставува као добар полициски помагач.

Чиповите во телата на новородените деца ќе се вградуваат, како што наведуваат, заради се` поголемиот број изгубени деца, а чипот би требало да помогне во нивното пронаоѓање, но и заради полесно купувње и продавање и пренос на податоци.

Микрочиповите, кои ќе се вградуваат под кожата на секое родено бебе, всушност, се мали технички картички (како зрно роза) на кои ќе бидат испишани, ама баш сите податоци за детето, но и со поставен
ГПС уред кој што ќе мора да се полни секоја втора година во болница и покрај кого ќе бидат инсталирани ГПС системи.

Овој микрочип директно е поврзан со сателит, така што оној кој го носи никако не ќе може да побегне во сопствената приватност - никогаш!

Ќе се вградува во сите јавни болници и на сите бебиња во ЕУ и тоа потполно бесплатно , но ако родителите го сакаат тоа.
Но, како да им се верува дека потајно нема да им се вградуваат и на оние бебиња чии што родители тоа не го сакаат?

Ќе се имплементираат на подрачјето на десниот лакт под кожата .
Но, според оваа страница, но и другите информативни медиуми , микрочипувањето е веќе одамна започнато.

Да се чипуваат заради сопствена „сигурност“ на подрачјето на Европа сега можат и возрасните и децата кои тоа го сакаат. Но, од мај оваа година, секое бебе ќе биде изложена на можност на чипување, но и заплашувањето на родителите кои заради таа лажна „сигурност“, која што ја претставуваат како причина за чипот, навистина би можеле масовно да се согласуваат на ова монструозно етикетирање на човечкото суштество.

Што друго да се каже , освен - Започна!

ПОВЕЌЕ:
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Чипувањето на луѓето, знак е дека Библиските последни времиња се во полн ек и дека против тие знаци потребно е да се бориме со сета сила. Имено, колку тоа нам страшно да ни звучи, факт е дека чипувањето на луѓето е врв на злото од кое сите се плашат , а кое едноставно кога - тогаш, мораше да се појави.

Моќта, контролата и потполната власт над човекот веќе подолго време се многу видливи во нашето општество , а чипувањето на идните генерации е потполно остварување на тој зол план усмерен против човекот.
Секако, и чипот е претставен како мерка на сигурност , зашто тој би требало да го спречи киднапирањето на децата, но и бегствата на затворениците!

Еднакво како и сите закони кои се изгласани во последните години во целиот свет, а кои се претставени како заштита на човекот од човекот. Тоа е потполна лага !

Тие, (елитите) се оние заради кои децата масовно исчезнуваат, кои вршат „дил“ со органи , кои се занимаваат со педофилија и со ритуални злоставувања на децата и кои сега ги поставуваат овие закони со цел да се зароби целото човештво .

Еднаш, кога ќе го дозволите чипот во своето тело, треба да знаете , тоа тело веќе не е ваше, зашто не можете да бидете сигурни дека некој не управува со вашите движења, со вашите мисли и дела.

ЧИПОТ е врвот на одземањето на човековата слобода и тоа е најужасното од се`.

Родени сме од Бога слободни и секој оној кој што ќе се обиде таа слобода да ни ја одземе, да знаеме , не е од Него (од Бога)


11. И видов друг ѕвер како излегува од земјата. Тој имаше два рога како кај јагне и зборуваше како змев.
12. И со сета власт на првиот ѕвер тој дејствуваше пред него и ја тераше целата земја и жителите нејзини да му се поклонат на првиот ѕвер, чија смртна рана се беше исцелила;
13. и правеше големи чуда, па дури и оган да симнува од небото на земјата пред луѓето.
14. И ги мамеше жителите земни со чудата, што му беа дадени да ги врши пред ѕверот, велејќи им на жителите земни да му направат лик на ѕверот, кој што имаше рана од меч и остана жив.
15. И му се даде да вложи дух во ликот на ѕверот, та да прозборува тој и да
направи да бидат убиени оние, кои нема да му се поклонат на ѕверовиот образ.

16. И ќе направи на сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови – да им се стави белег на десната рака или на челата нивни,

17. та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние, што го имаат тој белег, или името на ѕверот, или бројот на името негово.

18. Тука е мудроста. Кој има ум, нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест.
(О ткровение по Јован , (глава 13, 11,- 18).
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Петнаесетгодишниот херој од Пакистан доби највисока награда за храброст



Пакистанското момче Ајцаз Хасан, кое загина откако спречи бомбаш-самоубиец да изврши напад во неговото училиште, денеска доби највисока пакистанска награда за храброст.
Со својот потег петнаесет годишниотАјцан Хасан спаси животи на стотина деца во неговото училиште.
Кабинетот на пакистанскиот премиер Наваз Шариф денеска соопшти дека упатиле препорака до претседателот Мамнун Хусаин да одобри доделување награда Ситара-еШуџат (увезда за храброст) за маченикот Ајцаз Хасан.
Таткото на загинатиот Ајцаз, Муџахид Али изјави: Иако го загубив синот, не жалам заради тоа што го направи, постапил херојски и горд сум заради неговата храброст.
Свет
11.01.2014 - 10:59
http://www.press24.mk/petnaesetgodishniot-heroj-od-pakistan-dobi-najvisoka-nagrada-za-hrabrost
Никаква награда нема да го врати тука, но сигурно Бог го примил во рајот
--- надополнето: 11 јануари 2014 во 11:19 ---
Стражар на Ватикан: Ме посакуваа многу свештеници, дури еден ме посака за вечера!

Свет

10. јануари 2014 - 16:55
Еден од поранешните стражари на Ватикан си ја отвори душата и за Schweiz am Sonntag даде изјава дека го посакувале многу свештеници, а дека еден од нив отишол до таму што го посакал за вечера.

Стражарот вели дека еднас среде ноќ бил побаран од некој човек, а најверојатно се работи за самиот соработник на Папата. Но, според него тоа не бил единствен случај. Според него, додека бил стражар добил понуда од околу 20 свештеници, бискупи и кардинали.
Она што предизвика најголема шокираност кај светската јавност е изјавата на стражарот дека еднаш еден од свештениците за време на вечерата му се обратил со зборовите дека "токму тој е негов десерт".
Исто така, тој тврди и дека сите случаи ги пријавил кај надлежните, но никој не реагирал.

http://maxim.mk/strazhar-na-vatikan-me-posakuvaa-mnogu-sveshtenici-duri-eden-me-posaka-za-vechera
--- надополнето: 11 јануари 2014 во 11:20 ---
Руската православна црква предлага референдум за забрана на хомосексуалните врски

Руската православна црква (РПЦ) денеска предложи распишување на референдум за забрана на врските меѓу лицата со ист пол и покрај притисокот на Западот Русија да ги заштити човековите права пред Зимските олимписки игри во Сочи.
Предлогот на РПЦ всушност е одговор на дебатата во Русија дали Кремљ треба повеќе да се заложи за одбрана на традиционалните вредности, соочувајќи се со притисокот од Европската унија и САД.
Портпаролот на РПЦ, Всевилод Чапљин наведе дека анкетите покажуваат оти за над една третина од Русите хомосексуалноста е болест.
- Убеден сум дека таквите сексуални контакти треба во целост да се исклучат од нашето општество. Ако тоа успеме да го направиме со морален притисок, дотолку подобро. Но, ако мораме да побараме помош од законот, тогаш ајде да го прашаме народот дали е подготвен за тоа, посочи Чапљин.
Советскиот Сојуз во 1934 година го прогласи одржувањето на хомосексуални врски за криминално дело. Постсоветска Русија ја укина забраната во 1993 година, но правата на хомосексуалците и понатаму се спорна тема.

http://www.sitel.com.mk/mk/ruskata-pravoslavna-crkva-predlaga-referendum-za-zabrana-na-homoseksualnite-vrski
--- надополнето: 11 јануари 2014 во 11:24 ---
Ново заострување на релација МПЦ – ПОА

http://mk.voanews.com/content/macedonian-serbian-churches/1827610.html
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.133
Поени од реакции
83.755
КОСОВСКИОТ ПРВ МУФТИЈА АПЕЛИРА ДА НЕ СЕ ОДИ ВО СИРИЈА

По се почестите заминувања на млади Косовци на боиштата во Сирија и зголемениот број загинати, Претседателот на Исламската верска заедница на Косово, Муфтијата Наим Трнава , упати јавен повик до младите Косовци да не заминуваат за Сирија. Според него војната во оваа блискоисточна земја нема ништо заедничко со верата и оти oние кои се убиени не се херои или шехиди, зашто таму, соред него, се води братоубиствена војна. |

-Заминувањето во Сирија нема ништо заедничко со исламските начела. Умирањето на сириска почва нема ништо со вредностите кои може да ги има еден херој или еден шехид кој гине во војна кога има потреба од негово загинување, - изјавил Трнава за косовската радио телевизија.

Првиот човек на ИВЗ на Косово апелираше и до Министерsтвото за внатрешни работи, но и до семејствата многу повеќе да работат во спречувањето на младите да заминат за Сирија и да се ангажираат за враќање на оние кои веќе се таму.

Само во последните неколку дена во Сирија убиени се најмалку петмина Косовци и неколку други Албанци но сеуште не се знае од кој дел на Балканот се.

Мнозинството Албанци кои војуваат во Сирија се во северниот дел на земјата, поточно на границата меѓу Сирија и Турција во провинциите Идлиб и Алепо. Врз оносва на веќе познато сценарио мнозинството албански доброволци на сириска територија пристигнуваат преку Турција. (В.Т.)

 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Во постов не успеав да разберам дали ќе биде задолжтелно за сите новороденчиња или само по желба? Нај страшно ако се прави тајно без да се знае.
Ако оваа вест е вистинска тогаш повеќе од јасно е дека наближуваат последните времињ,. нас само ни останува да познаеме и да избегаме од жигот.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Во постов не успеав да разберам дали ќе биде задолжтелно за сите новороденчиња или само по желба? Нај страшно ако се прави тајно без да се знае.
Ако оваа вест е вистинска тогаш повеќе од јасно е дека наближуваат последните времињ,. нас само ни останува да познаеме и да избегаме од жигот.
добро пишува во постот дека се работи за многу мал чип, и тие кои ке сакаат да ги имаат доброволно ке знаат за него, но останатите ке бидат преварени, односно ке мислат дека е некаква вакцина
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
добро пишува во постот дека се работи за многу мал чип, и тие кои ке сакаат да ги имаат доброволно ке знаат за него, но останатите ке бидат преварени, односно ке мислат дека е некаква вакцина
Ова навистина е загрижувачки.
Незнам дали може да направиме нешто против ова да се заштитиме некако, или само ни преостанува да се одкажеме од цивилизазијата и в планина.
 
Член од
26 април 2013
Мислења
558
Поени од реакции
114
Чипувањето на луѓето, знак е дека Библиските последни времиња се во полн ек и дека против тие знаци потребно е да се бориме со сета сила. Имено, колку тоа нам страшно да ни звучи, факт е дека чипувањето на луѓето е врв на злото од кое сите се плашат , а кое едноставно кога - тогаш, мораше да се појави.

Моќта, контролата и потполната власт над човекот веќе подолго време се многу видливи во нашето општество , а чипувањето на идните генерации е потполно остварување на тој зол план усмерен против човекот.
Секако, и чипот е претставен како мерка на сигурност , зашто тој би требало да го спречи киднапирањето на децата, но и бегствата на затворениците!

Еднакво како и сите закони кои се изгласани во последните години во целиот свет, а кои се претставени како заштита на човекот од човекот. Тоа е потполна лага !

Тие, (елитите) се оние заради кои децата масовно исчезнуваат, кои вршат „дил“ со органи , кои се занимаваат со педофилија и со ритуални злоставувања на децата и кои сега ги поставуваат овие закони со цел да се зароби целото човештво .

Еднаш, кога ќе го дозволите чипот во своето тело, треба да знаете , тоа тело веќе не е ваше, зашто не можете да бидете сигурни дека некој не управува со вашите движења, со вашите мисли и дела.

ЧИПОТ е врвот на одземањето на човековата слобода и тоа е најужасното од се`.

Родени сме од Бога слободни и секој оној кој што ќе се обиде таа слобода да ни ја одземе, да знаеме , не е од Него (од Бога)


11. И видов друг ѕвер како излегува од земјата. Тој имаше два рога како кај јагне и зборуваше како змев.
12. И со сета власт на првиот ѕвер тој дејствуваше пред него и ја тераше целата земја и жителите нејзини да му се поклонат на првиот ѕвер, чија смртна рана се беше исцелила;
13. и правеше големи чуда, па дури и оган да симнува од небото на земјата пред луѓето.
14. И ги мамеше жителите земни со чудата, што му беа дадени да ги врши пред ѕверот, велејќи им на жителите земни да му направат лик на ѕверот, кој што имаше рана од меч и остана жив.
15. И му се даде да вложи дух во ликот на ѕверот, та да прозборува тој и да
направи да бидат убиени оние, кои нема да му се поклонат на ѕверовиот образ.

16. И ќе направи на сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови – да им се стави белег на десната рака или на челата нивни,

17. та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние, што го имаат тој белег, или името на ѕверот, или бројот на името негово.

18. Тука е мудроста. Кој има ум, нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест.
(О ткровение по Јован , (глава 13, 11,- 18).
јасно пишува дека е број на човек односно број на име на човек ама тоа е за на друга тема
 

Kajgana Shop

На врв Bottom