Христијанска догматика

Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Веб-сајт
www.angelfire.com
За да не би отишла во насока во која не е предвидено да оди темата за споредба на Христијанството со Исламот, ја отворам оваа тема.
Во оваа тема можеме да зборуваме и за други нешта врзани со Христијанството

Почнувам со одговор за divine

Напишано од divine
Јас поп имам прашано за оваа појава што од секогаш ме бунела. Ми објаснуваше слично како на Павел постот, а на крај ми кажа за да ми е најјасно што ми зборува еве еден пример ... водата и нејзините три појави: течна, тврда и гасовита ... значи и водата како течност, и мразот и пареата се вода.

Во Евангелието според Јован на почетокот се вели: ’... Бога никој никогаш не го видел, Единородниот Бог кој е во Прегратката на Таткото - Тој Го објави’. Дали истата една личност си е во прегратка сама себе во различни форми или се работи за две Личности.

’... и ја видовме неговата слава, слава што ја има како Единороден од Отецот’ - две Личности

’На почетокот беше Словото и словото беше со Бог и Бог беше Словото...’ - две Личности

Значи не се работи за форми, според мене, туку Личности.
Да не бидам погрешно сфатен: не се препирам, само го изнесувам својот став и сфаќање
 
Dani^:
И тоа што го напиша е точно.Ама така ако гледаме тогаш кој е Исус?Ако не е дел од господ-дел што господ го оддели од себе и го претвори во човечка форма за да ги спаси грешниците на земјата?и јас не се препирам туку прашувам зошто оваа полемика мислам дека е најмистеризна од целата библија и христијанството?

Според Православната Црква, Божјиот Син е роден од Отецот пред сите векови

’...Ти Ме љубеше уште пред создавањето на светот’ - вели Исус на Отецот во Застапничката Молитва

’а сега Татко прослави ме Ти со Себе Самиот со славата што ја имав кај Тебе уште пред создавањето на светот’ - во истата Молитва вели Исус
 
Крстителот напиша:
Значи не се работи за форми, според мене, туку Личности.
Да не бидам погрешно сфатен: не се препирам, само го изнесувам својот став и сфаќање

Сватен си како што треба, ако не се сложувам со тоа, незначи дека не го поштовам истото. :)
 
прашање до крстителот и до останатите на форумов Што Претставува Бог? Кој е Господ бог?
 
Крстителот напиша:
Значи не се работи за форми, според мене, туку Личности.
Да не бидам погрешно сфатен: не се препирам, само го изнесувам својот став и сфаќање

И јас имам прашано не поп туку владика...ме вртеше едно пола саат и на крај останав позбунет.

ама кога прочитав подобро... да да две личности се не три(светиот дух е божјата активна сила)

е сега ако Исус е едната личност тогаш која е Другата-- Таткото се разбира.

Но она што сакам да го прашам е - Една личност има Име
На исус го знаеме , но кое е името на другата личност???
 
Kiko напиша:

Нема ни 3 ни 2 личности туку тоа е една појава(а не личност).Со едно име-господ-Бог а се појавува во 3 форми-земска или човечка-Исус, како божество т.е господ е втората и светиот дух како сила која кружи околу господ.Значи има само едно име за 3те делови од таа една единствена појава Бог.
 
Dani^^^ напиша:

Дани, дали Божјиот Син постоел пред создавањето на Универзумот и пред времето?
 
Dani^^^ напиша:
Нема ни 3 ни 2 личности туку тоа е една појава(а не личност).Со едно име-господ-Бог а се појавува во 3 форми-земска или човечка-Исус, како божество т.е господ е втората и светиот дух како сила која кружи околу господ.Значи има само едно име за 3те делови од таа една единствена појава Бог.

Не би рекол зошто тогаш стојат две титули Господ(Господин, Господар)
и Бог тоа ти е исто како да речеш "пријателот другар"

Ако некој ми го објасни Тројството тогаш јас честам
 
Крстителот напиша:
За да не би отишла во насока во која не е предвидено да оди темата за споредба на Христијанството со Исламот, ја отворам оваа тема.
Во оваа тема можеме да зборуваме и за други нешта врзани со Христијанството

Почнувам со одговор за divine

Напишано од divine
Јас поп имам прашано за оваа појава што од секогаш ме бунела. Ми објаснуваше слично како на Павел постот, а на крај ми кажа за да ми е најјасно што ми зборува еве еден пример ... водата и нејзините три појави: течна, тврда и гасовита ... значи и водата како течност, и мразот и пареата се вода.

Во Евангелието според Јован на почетокот се вели: ’... Бога никој никогаш не го видел, Единородниот Бог кој е во Прегратката на Таткото - Тој Го објави’. Дали истата една личност си е во прегратка сама себе во различни форми или се работи за две Личности.

’... и ја видовме неговата слава, слава што ја има како Единороден од Отецот’ - две Личности

’На почетокот беше Словото и словото беше со Бог и Бог беше Словото...’ - две Личности

Значи не се работи за форми, според мене, туку Личности.
Да не бидам погрешно сфатен: не се препирам, само го изнесувам својот став и сфаќање

Прочитај го Откровението на Јован Богослов, или поточно обраќањето на Бог до седумте цркви. И кажи ми дали се работи за една личност или за седум. Го срамиш името на Крстителот. Бог да те прекори.
 
CopyOfDeath напиша:
прашање до крстителот и до останатите на форумов Што Претставува Бог? Кој е Господ бог?

abe copy kolku znaes ti tolku znaeme i nie sto sakas da ti kazam
 
Добро ова. Ај сеа да ве прашам нешто.
Одкога постои еден бог се убива во негово име?
Јас се согласувам со ова...
 
Kiko напиша:
Не би рекол зошто тогаш стојат две титули Господ(Господин, Господар)
и Бог тоа ти е исто како да речеш "пријателот другар"

Ако некој ми го објасни Тројството тогаш јас честам

Si chital ili ti chitale kako mal molitvenik za deca?
Vo nego koga te uchat kako da se krstish pishuva deka Trite ramno sostaveni prsta ja oznachuvaat nashata vera vo Triediniot Bog - Koj ima tri lica. Prvoto lice e Bog - Otecot, vtoroto lice e Bog - Sinot i tretoto lice e Bog - Svetiot Duh. Trite lica Bozhji vo chie ime se krstime ne se tri Boga tuku EDEN Bog i se imenuvaat so edno ime - Sveta Troica. Ova nakratko e objasneto i neka ne me sfakja nekoj pogreshno samo se obidov da dadam objasnuvanje bidejki beshe pobarano.....
 
Trilobite напиша:
Ај да пробам јас

Некој рекол: Ако се обидеш да го сфатиш Божјото Тројство, ќе го загубиш умот; ако пак се обидеш да го порекнеш - ќе ја загубиш душата!” (не ми текнува сега кој,можеби Августин) Можеби е ова премногу строго изречено, но има длабина во сето тоа. Светото Тројство подразбира еден Бог, Кој истовремено се манифестира во три Лица: Татко (Отец), Син и Свет Дух. Иако во ова нема математичка лoгика, оваа вистина е прилично нагласено објавена во Светото Писмо - Библијата.
Дека се работи за еден, а не за три богови, Библијата содржи многу цитати.
Еве само неколку:

Вака вели Господ... Господ над војските: Јас сум Првиот и Јас сум Последниот. Нема друг Бог освен Мене , Исаија 44:6.
Вака вели Господ, Кој ги создаде небесата,
Кој ја создаде земјата и ја утврди; Тој не
создаде хаос, не ја создаде да биде
ненаселена: Јас сум Господ и нема друг! ,
Исаија 45:18.
Ти веруваш дека Бог е Еден: добро правиш... , Јаков 2:19.
Зашто, Еден е Бог... ”, 1 Тимотеј 2:5.
Од друга страна, Тој Еден Бог, постојано се објавува во множина (ако се има предвид оригиналниот текст). На пример:
Потоа, Бог рече: да го создадеме човекот... , 1 Мојс. 1:26.
И Бог рече: ете, човекот стана како еденод нас... , 1 Мојс. 3:22

Исто така, еден од најчесто употребуваните зборови за Бог во Стариот Завет, Елохим, е всушност именка во множина (еднина е ”Ел”).
Апостолот Јован пишува во своето Прво послание, 5:7:
Зашто, Тројца се Кои сведочат на небото:
Таткото, Зборот и Светиот Дух; и Тројцата се едно .
”Зборот(на грчки Логос), се однесува на Исус Христос.
Исус Христос нагласуваше: Јас и Таткото сме едно , Јован 10:30.
А за Светиот Дух, пак, Библијата ни објавува дека произлегува од Таткото, и Го испраќа Таткото во името на Синот (Јован 14:25), и Синот - Исус
Христос (Јован 15:26). Троединиот Бог, Кого ние Го веруваме, можеби
најдобро е искажан во формулата за Библиското крштевање:
Одете и научете ги сите народи,
крштевајќи ги во името на Таткото и
Синот и Светиот Дух , Матеј 28:19.
Овде пишува ”во името”, значи еднина, едно име, а сепак се спомнуваат трите Лица на Светото Тројство, како составен дел на тоа име.
Според тоа, наспроти логичките потешкотии,ние не веруваме во три богови, туку во еден Бог, Кој е множина и Кој се објавува во три Лица. Тие три лица се совршено претопени во едно: едномислени се, една волја имаат, еден стандард, итн. Затоа претставуваат еден Бог.
Иако е тешко да се сфати Троединиот Бог, во природата постојат барем приближни илустрацииза нешто слично. Така, на пример, светлината е своевиден феномен, бидејќи има двојна природа:корпускуларна(засебен дел,така му доаѓа,мислам) и бранова. Тоа значи дека се однесува и како да е материјална, составена од честички, а исто така и како да е од бранова природа. Тие две природи на светлината се неразделни, односно, дел се од една иста појава светлината.
Или, на пример, просторот. Тој се состои од три координати и само трите координати заедно можат да го претставуваат поимот простор. Еден поим е, но, во себе содржи три компоненти. Слично може да се разгледува и јајцето, на пример. Тоа се состои од лушпа, белка и жолчка; но, тие три делови сочинуваат една појава- јајцето.
Сите овие и многу други примери од природата,не се идеални илустрации за Троединиот Бог, но корисни се за минимална претстава на едно нешто,
коешто сепак е множина.
Освен ова досега, некои библичари ги посочуваат и творбите и појавите околу нас, кои се индиректна потврда дека Бог е Тројство. Имено, голем број појави и величини, во себе содржат тројни компоненти, што се смета за одраз на самиот
Творец Кој ги создал.
Така, на пример, и самиот човек се смета за тројство: дух, душа и тело. Потоа, природните науки се трокомпонентни:
Хемијата ја дели материјата на елементи, смеси и соединенија.
Физиката зборува за три агрегатни состојби:цврста, течна и гасовита.
Биологијата го изучува живиот свет, којшто опфаќа три глобални групи: растенијата, животните и човекот (ботаника, зоологија и анатомија).
Математиката оперира со позитивно,негативно и нула. Просторните дисциплини
(архитектура, градежништво, итн.) оперираат со должина ширина и висина.
Времето се дели на минато, сегашно и идно.И тако даље. Поентата е, ако е Творецот трокомпонентен, тоа ќе се одрази и во Неговите творби. Секако, дека оваа теза не е занемарлива.

И е доволна.
Имам и графички приказ ама некако комплицирано ми изгледа(ме мрзи) да ја убацувам.

Кико,Скопско ѕидарско....:party2:
:)

RESPECT za muabetov !!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom