Ај вака: Кога би имал избор да одбереш одреден производ кој што е тестиран врз животно(каде каде, поразлична структура на тело и органи од тебе) и производ кој што ги поминал сите стандарди и е тестиран врз човек... што би одбрал? Затоа што, постојат компании кои што го одбрале поскапиот и поквалитетен начин на производство на одредени производи, а притоа користат посовремена технологија (која, замисли постои!) а последниот стадиум на пласирање на пазарот е тестирање врз луѓе, на база на волонтери кои земаат прилично фини пари за тоа. Што би одбрал?
Јас? Со сигурност ти кажувам дека ќе го одберам производот тестиран врз човек, тоа ми пружа сигурност дека стварно делува, а не да бидам уште едно гини пиг од нивните лаборатории. Зашто тоа е тоа што се случува. Помири се со фактот. Поразличен си од животните. Ако некој лек делува врз нив, не значи дека ќе делува и врз тебе.
Тебе? Сеедно ќе ти биде.
мхм а воопшто не ти е гајле дека некој од тие човечки заморчиња можеби си го скратиле животот или пак им се создале некој компликации поради земањето на тие медикаменти ? Битно животните да не се злоупотребувале.
Да секако е посигурно да се употребуваат било какви производи тестирани на луѓе, но не сите нити пак сите медикаменти можат и смеат да се тестираат и испитуваат врз луѓе, замисли си човек болен од карцином или пак сида и сега врз него за прв пат да се испитува некој медикамент, глупава е и самата помисла на тоа зарем не.
Анти венум како предлагаш да се произведува ? На луѓе да им се вбризгува змиски отров па наместо тоа да биде еден кољ или една крава да имаме 30 човечки суштества ?
Што станува со цената на медикаментите и производите кој што се добиени со тестирање на луѓе ? Па поскапи се најмалку дупло од оние кој што се тестираат врз животни, тестирања врз животни не се вршат од вчера.
Да убаво спомна ти дека се побезбедни оние кој што се тестирани на луѓе но ај до некаде да речеме дека е тоа така кај козметиките, ама кај медикаментите !? Колку е ова глупо јас до сега не сум слушнал некој испитаник да бил заразен со вирус/габа ( каквасакашболештинапиши ) за да врз него потоа се тестираат лекарства.
Од друга страна пак имам слушнато за медикаменти кој што во тек на лабараториско испитување и развивање се испитувани и тестирани врз животни а потоа на крајот плус се тестираат врз човечки заморчиња, немам слушнато до сега некој лек или медикамент од старт да биде исклучиво тестиран на човечки испитаници.
Сакаш вака сакаш така сосема небитно, сите поборници за правата на животните нека престанат да употребуваат медикаменти,храна,препарати, пијалаци и се останато кое што од 1800 па навака е добиено со тестирање врз животни па после ќе праиме муабет,најпрво на сите душе брижници би им препорачал да престанат да се вакцинираат, да престанат да примаат инсулин или пак ако познаваат некој таков да му го фрлат целиот во канта и да не му дозволат да го користи истиот, во случај ако ги касне змија да ја замолат истата помала количина да им вбризга за да можат да создадат самите против отров и никако да не отидат во болница за да примат против отров.