Соопштение за обложувачите

  • Креатор на темата Avenger99
  • Време на започнување

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Моја нога не стапнува во нашите кладилници се додека постои овој закон.

Законот е толку дебилен, што ми се чини дека намерно е вака направен да иритира секакво чувство на логика и здрав разум. И плус ќе даде финансиски контрефект за државата, бидејќи данокот кој ќе го соберат од играчите и од кладилниците, ќе биде помал од оној кој го собираа само од кладилниците. Еднаш веќе се преебаа со укинувањето на паушалот од 100 000 денари по уплатно место, ова ќе биде по втор пат. Единствено ако не постои некаков план да се затворат сите приватни кладилници за да се отвори монопол државна кладилница со идиотски коефициенти за пензионери.
Се надевам нема да го видат ова будалите :unsure:
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Инаку тоа со државна кладилница ти држи вода, све е можно во Македонија.
Ако не се лажам, во Грција има државна кладилница и е само таа (или не беше државна ама беше само една компанија што го држи сето тоа, во превод монопол).
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Ако не се лажам, во Грција има државна кладилница и е само таа (или не беше државна ама беше само една компанија што го држи сето тоа, во превод монопол).
Сериозно дај да не ја развиваме идејава повеќе, ќе прочита некој службеник утре ова.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Па пред избори тие семејства носат одприлика 2000 гласови, збориме за Спортлајф. Каде се останатите кладилници тука губат многу гласови. Нема логика ова шо го праат али ај им се може.

не се секирајте....веќе е искомпензирано со вработените во Македонски Шуми

...инаку ова не е за чудење...за чудење би било кога би се донел некој позитивен и стимулирачки закон без политичка заднина и дискриминација.....во Скопје во 2014 година има обележана патека за пајтон, но не и функционална велосипедска патека....но така и ни треба...не поделија на сите можни основи и не е*ат како што сакаат

за акции како французите можеме само да сонуваме

и нормално...секое чудо за 3 дена....ќе промрчиме по форумов и малку на улица и потоа со секое ливче ќе се приложува документ за идентификација за да арачот од 10% заврши во нечиј џеб....дури и за владеењето на турските Султани не го цеделе народот со вакви бесмислени даноци
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ако не се лажам, во Грција има државна кладилница и е само таа (или не беше државна ама беше само една компанија што го држи сето тоа, во превод монопол).

Монопол е во Грција, ОПАП, монопол е во Бугарија. Коефициентите на настани со бинарен можен исход им е 1.65-1.65. Ме боли главата од пресметка на маргините со кои работат.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
1.082
Поени од реакции
870
И сега ние малолетните нема да можеме да подигаме пари?
Во кој кладилници важи овој закон?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Се надевам нема да го видат ова будалите :unsure:

Сеедно е сега, после оовој закон. Дали ќе биде една кладилница со идиотски коефициенти, или овие сега со 10% рекет, невозможно е долгорочно да оствариш профит во двата случаи. Математиката е против тебе.
--- надополнето: 8 јануари 2014 во 01:11 ---
И сега ние малолетните нема да можеме да подигаме пари?
Во кој кладилници важи овој закон?

Во неколку во Руанда, и една во Тунгузија.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
Зошто мислите дека кладилнициве ќе затворат и 1000 луѓе ќе останат без работа. Нормално дека ќе падне работа, место сто милиони профит сега ќе прават пола од тоа. Се ќе си остане по старо. Грешката на законот е што удира по играчот а не по кладилницата. Ова кладилнициве станаа држава во држава, апсолутно некако треба да се сопрат ама не на ваков начин со овој закон.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.520
Поени од реакции
29.016
не се секирајте....веќе е искомпензирано со вработените во Македонски Шуми

...инаку ова не е за чудење...за чудење би било кога би се донел некој позитивен и стимулирачки закон без политичка заднина и дискриминација.....во Скопје во 2014 година има обележана патека за пајтон, но не и функционална велосипедска патека....но така и ни треба...не поделија на сите можни основи и не е*ат како што сакаат

за акции како французите можеме само да сонуваме

и нормално...секое чудо за 3 дена....ќе промрчиме по форумов и малку на улица и потоа со секое ливче ќе се приложува документ за идентификација за да арачот од 10% заврши во нечиј џеб....дури и за владеењето на турските Султани не цеделе со вакви бесмислени даноци
Па таков народ сме за се ќутиме. Ај ситница е ова, ај ситница она може и полошо бла бла. Некој убаво напиша утре и на коледарите 10% данок ќе им удрат на собраната сума. У државава пола фамилии крај со крај неможат да сврзат, а они упорно удираат по џебот. Бар јас познавам 2 фамилии што активно играат вакви игри со мала сума за да ја дуплираат уплатената, а има и такви на големи суми што играат.

Не гледам јас поента зошто некој би ми зимал пари на мој сопствен труд на мое ливче со мој одиграни комбинации.
--- надополнето: 8 јануари 2014 во 01:13 ---
Зошто мислите дека кладилнициве ќе затворат и 1000 луѓе ќе останат без работа. Нормално дека ќе падне работа, место сто милиони профит сега ќе прават пола од тоа. Се ќе си остане по старо. Грешката на законот е што удира по играчот а не по кладилницата. Ова кладилнициве станаа држава во држава, апсолутно некако треба да се сопрат ама не на ваков начин со овој закон.
Автоматски со намалување на профитот се намалуваат и работните места. Башка што газдите кога ќе видат што е со законов и како опаѓа работата пола кладилници ќе ги испозатворат.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Зошто мислите дека кладилнициве ќе затворат и 1000 луѓе ќе останат без работа. Нормално дека ќе падне работа, место сто милиони профит сега ќе прават пола од тоа. Се ќе си остане по старо. Грешката на законот е што удира по играчот а не по кладилницата. Ова кладилнициве станаа држава во држава, апсолутно некако треба да се сопрат ама не на ваков начин со овој закон.

А што мислиш ти, колкава е профитна стапка во кладилниците, и колку имаат трошоци? Со намалувањето на уплатата се доаѓа до ситуација каде разликата помеќу уплатата и исплатата не може да ги покрие трошоците, а да не зборуваме за профит.

Видете вака. Прво, од кладилниците ќе исчезнат сите арбери, односно оние кои ги затвараа утакмиците на Бетфер. Потоа ќе исчезнат сите посилни играчи, освен ако не се комплетни идиоти. Сите кои играа синглови немаат што да бараат повеќе во нашите кладилници. Тоа нема да биде многу во број на талони, но мислам дека една третина од вкупната парична маса која се вртеше по кладилниците ќе секне. Кладилниците ќе бидат на раб на солвентност.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
Па таков народ сме за се ќутиме. Ај ситница е ова, ај ситница она може и полошо бла бла. Некој убаво напиша утре и на коледарите 10% данок ќе им удрат на собраната сума. У државава пола фамилии крај со крај неможат да сврзат, а они упорно удираат по џебот. Бар јас познавам 2 фамилии што активно играат вакви игри со мала сума за да ја дуплираат уплатената, а има и такви на големи суми што играат.

Не гледам јас поента зошто некој би ми зимал пари на мој сопствен труд на мое ливче со мој одиграни комбинации.
--- надополнето: 8 јануари 2014 во 01:13 ---

Автоматски со намалување на профитот се намалуваат и работните места. Башка што газдите кога ќе видат што е со законов и како опаѓа работата пола кладилници ќе ги испозатворат.
Не би се согласил. Кладилниците нема да се откажат и од половичен профит од овој што го имаат сега. Пак ќе мораат да работат во две смени, под услов дека имаат оптимум работници денес, немаат којзнае колкава можност за редуцирање на работници.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Сериозно дај да не ја развиваме идејава повеќе, ќе прочита некој службеник утре ова.

Има неколку држави каде што доминира еден систем на кај нас популарно наречената „Спортска прогноза“ од лотарија. Така да не се секирајте, знаат они за тоа. :D Па ако го приспособат и овде ќе биде со објаснување од типот (пример): „Шпанија, Словенија и Турција веќе го имаат спроведено ова и нивното искуство е одлично...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom