[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Да се пресметаме 1vs1 ? :icon_mrgr:
Не бе не е за тоа, прелистај назад за комплетната слика.
А ако си за дуел би прифатил али не за нешто толку тривијално како помфрит :D
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Леандра, бидејќи Новогодишната трпеза е широк поим т.е. содржи повеќе јадења...... дали ќе може едно од нив да сликаме или мора цела трпеза? :)
Со едно софра не се прави, мин три :)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Со мене почнува годината, као најкуварка :D

Да ми се тргне од глава, плус и бадник/божиќ без зелник не иде, оваа недела ќе треба да се помачите.

Зелник:
Потребни состојки:

500 гр. брашно
100 мл. масло за јадење (+ )
½ коцка квасец
Сол и малку шеќер


За фил:
2 главици праз
100 гр. ориз
Мешан зачин
Сол
Бибер


Најпрво го подготвуваме филот. Во тава на оган ставаме да се пржи ситно сечканиот праз, додека да омекне, а потоа го додаваме оризот, зачинуваме со сол, мешан зачин и мелен бибер. Тавата ја тргаме од огнот, а потоа го подготвуваме тестото. Квасецот го раствораме со топла вода, додаваме малку шеќер и 3 лажици брашно, го мешаме додека да стане како каша и го оставаме да стаса. Брашното го сееме и го ставаме во подлабок сад, додаваме малку сол, маслото за јадење, и го замесуваме со смесата од квасец. По потреба додаваме уште малку млака вода. Замесуваме среднотврдо тесто и го оставаме да поткисне малку, а потоа го размесуваме, го делиме на топчиња,а секое топче е една кора за сукање. Потоа, сукаме три кори една по една поголеми од тавата за печење. Ги ставаме една по една во тавата за печење и меѓу нив попрскуваме со масло за јадење. На средината го ставаме филот од праз и го поклопуваме со две помали сукани кори. Од корите што излегуваат преку тавата за печење ги свиткуваме краевите навнатре формирајќи венец. Зелникот го попрскуваме со масло за јадење и го оставаме да отстои. Го печиме на температура од 200оС околу 30 минути (додека да зарумени).

th.jpg
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
nazdravje.jpg
Јас ставам само од загревањето!
Со домаќинот се направивме земја-земја!

пс: невестите и момите да ми простат за излупениот лак, ама после пола ден поминат у кујна, немав сила да се лакирам, а и немаше смисла да се расипуваат сите тие убави мириси со ацетон.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom