Магнус Карлсен - Mozart of chess

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Локација
Охрид, Македонија
Магнус Карлсен е норвешки шаховски грандмастер и акуелен светски шампион со најголем Ело рејтинг во историјата на шахот (2872, според FIDE)

Magnus_Carlsen_Tata_Steel_2013.jpg


Роден е 30 ноември 1990 во норвешкиот град Тонсберг во фамилија на инженери. Татко му го научил да игра шах на 5 години.​
На 13 години тој се здобива со титула ИМ (интернационален мастер), а веќе на 14 е ГМ (грандмастер)​
Во 2004, Магнус одигра реми со тогашниот светски првак Гари Каспаров, и без проблем направи неколку симултанки со повозрасни шахисти.​
reykjavik02.jpg
Magnus_Carlsen_simultan-dscn0443-2.jpeg
Во ноември 2013 Карлсен со резултат 6,5 - 3,5 го совлада В.Ананд(Индија), и стана актуелен светски првак до денес.
Важи за еден од најкреативните и најголемите умови во шахот, иако сеуште не го постигнал својот професионален врв.

Во емисијата 60 минути беше претставен како шаховски Моцарт.


Шахот иако е табла со 64 полиња, неколку различни фигури и нивните правила на движење, сепак бројот на можни различни игри се споредува со бројот на кварки во универзумот :гик:

Неверојатна игра.
 
Штом Ананд изгуби од него, тоа е тоа. :)
Све би дал да видам партија помеѓу Карлсен и Тал.
 
Многу малку се дискутира за шах на форумов, не знам зошто.Иначе на 14 години да му извадиш реми на Каспаров е исто ко да си се качил на месечината.
Прејака игра е, треба ептен мислење и тоа неколку потези унапред, играчи како Магнус, Гари и др. немаат мозок, они имаат машини упм...
 
Секоја чест за баткава, но јас најголем фан сум на партиите од Пол Морфи односно старите шахисти, тие гамбити што тој ги има одиграно не верувам дека некој друг би го можел...еве еден брзо потезен мат без фигури:icon_lol:
http://www.chessgames.com/perl/chessgame?gid=1233404
 
Секоја чест за баткава, но јас најголем фан сум на партиите од Пол Морфи односно старите шахисти, тие гамбити што тој ги има одиграно не верувам дека некој друг би го можел...еве еден брзо потезен мат без фигури:icon_lol:
http://www.chessgames.com/perl/chessgame?gid=1233404

да да оваа партија е во топ 5 "sacrifice games" во историјата :)
И пази, тие со црните фигури се 10тина души заеднички што размислувале..
 
Еве ги сите мечеви на Карлсен
http://www.chessgames.com/perl/chessplayer?pid=52948

Инаку имам прочитано некои злобни забелешки дека има некоја форма на аутизам , јас не верувам.

Не е чудно во поглед со аутизмот , за да подигнеш еден вид на активност на така високо ниво неминовно е да оладиш на друго поле , да не дојде до едноставно паффф во главата ! Е сега дали е баш аутизам или способност за манипулација со работата на мозокот е друго прашање !
Имам прочитано дека врвните резултати на црните спринтери се должи на способноста за максимално опуштање пред трката !
Шахот како игра порано беше многу застапен , сега не гледам нешто значајно да се случува на тоа поле и кај нас и во светот ! Изгледа полесно е да растеш хемороиди на ФБ отколку да замараш мозочни виуги !
 
Добар е, можеби и најдобар на сите времиња...иако си го сакам Каспаров :D Ама далеку од тоа дека шахот е само генијалност, едноставно кажано има многу отварања и разни варијанти на истите да мора да си секогаш начитан за истите. Припремата за играње против одреден шахист е цела наука, тимови работат на случајот. Во делот со Ананд имаме две работи, првата е што Ананд е многу подобро простудиран од Карлсен, и втората е во годините. Како и да е, ќе покаже времето иако некако не му гледам противник.
 
Каспаров е најдобар шахист на сите времиња . Карлсен може да го загрози но има уште работа , дали ќе успее да ја сруши онаа блескава серија на Каспаров непобедливост од 1985 до 1993.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom