Верската полиција забрани прослава на Нова година у САУДИСКА АРАБИЈА

  • Креатор на темата Креатор на темата CrookedYoung93
  • Време на започнување Време на започнување
59. О, Веровеснику, кажи им на жените свои, и на ќерките свои, и на жените на верниците нека си го покријат целото тело со своите наметки. Така најлесно ќе бидат препознаени, па нема да бидат вознемирувани. А Аллах простува и Милостив е.
(сура Ел-Ахзаб)

овде зборуваш за наметка, не за покривање на лицето.
 
А само честа на муслиманките е света?
На сите други вернички на други религии и невернички не е света? Само за тоа што не се муслиманки?
Нив може да ги вознемируваш и да ги тормозиш, физички, сексуално, психички?
Мојата чест не е света? Пошто јас не сум муслиманка.
Ај дојди вознемирувај ме, па јас да ти покажам убаво колку мојата чест е света.

Е тука е проблемот друже. Кога ќе тргнуваме од фактот дека сите сме луѓе и дека секој од нас е посебен и свет, нема да има потреба од поделби на религиска основа. Само кој да го разбере тоа.

Че го пукаш :D
Се зезам, добро кажано.....арно ама за луѓето што ја немаат осетено таа космичка компонента во свеста се осакатени на некој начин. Ако не за религијата ќе убиваат за државата.....на крај истото важи и за потесното семејство, ама тоа е повеќе од табу.
 
За мене како муслиман,честа на муслиманките е света.
За другите не знам,нити ги вознемирувам нити имам нешто против,но имам против кога ја вознемируваат жената муслиманка.

Значи ти ако видиш на улица жена која е вознемирувана или нападната од било кој, па еве и од муслиман нека биде, некој од твојата религија, а жената не е муслиманка, само ќе си ја завртиш главата и ќе си продолжиш? Е браво.
За тебе како човек, честа на секој друг човек треба да ти биде света.
 
па како да не забранат кога каури ја измислија нова година.
 
овде зборуваш за наметка, не за покривање на лицето.

Веќе реков дека се тоа општи ајети кои во себе содржат обврска за покривање.
За покривањето на лицето има различни ставови кај исламските учењаци,едните сметаат дека покривањето на лицето е обврска а другите сметаат дека покривањето на лицето е суннет.
Јас лично сметам дека е доволен хиџаб,според прописите на исламот но ако некоја жена сака да си го покрие и лицето,немам против и и честитам за тоа,бидејќи и тоа е исламски пропис.
Значи не е тоа нешто што е ново воведено туку исламски пропис,а учењаците само имаат различни ставови околу тоа дали на секоја муслиманка и е обврска да си го покрие и лицето,или тоа е доброволна одлука на секоја муслиманка.
Докази имаат и едните и другите,преовладува мислењето дека хиџабот е доволен,а ако сака да носи никаб,уште поубаво.
Се надевам дека сум појасен.
 
па како да не забранат кога каури ја измислија нова година.

Што е битно кој ја измислил друже,не е муслиманска и тука е крај на приказната.
Може и од кинези да е измислена пак е ист прописот за неславење и нечеститање на празник кој не е исламски.
 
ти славеше нова година?
 
Се надмина.
Ех.
 
Значи ти ако видиш на улица жена која е вознемирувана или нападната од било кој, па еве и од муслиман нека биде, некој од твојата религија, а жената не е муслиманка, само ќе си ја завртиш главата и ќе си продолжиш? Е браво.
За тебе како човек, честа на секој друг човек треба да ти биде света.

Не,ќе реагирам ако сум во ситуација да помогнам,како и секој човек но само муслиманката е света.
А ако е муслиман тој што вознемирува може и полошо да помине, бидејќи муслиман човек нема потреба да вознемирува жени на улица туку да спушти поглед и да помине.
Јадници се тие кои свиркаат,им дофрлуваат,навредуваат жени на улица,било да се муслиманки или немуслиманки.
--- надополнето: 3 јануари 2014 во 01:29 ---
ти славеше нова година?

Не,веќе реков погоре низ темава.
Како и секоја нормална вечер,новата година за мене претставува само формалност,
ако вчера сум пишувал 2013 на датуми,сега ќе пишувам 2014,и толку.
Инаку и на форум бев овде,ама пусто беше ко Скопје во август :)
 
Дубаи влезе во гинис,шест минутен огномет по повод новата година виснски спектакл.Позитивна енергија на сите страни...и сега ти идиш тука со цел памет да велиш дека тоа е погрешно и неправилно?!
 
всушност од 25 Октобар треба да пишуваш 1435 наместо 1434
 
А зошто мене би ме интересирало кај влезе Дубаи.
--- надополнето: 3 јануари 2014 во 01:43 ---
всушност од 25 Октобар треба да пишуваш 1435 наместо 1434

Неофицијално да,си водам сметка.
Говорев за официјални административни работи,бидејќи сум граѓанин на држава која го користи грегоријанскиот календар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom