добро споредуваме два различни системи, западна демократија со исламска диктатура во саудија. Иако во саудиска арабија беа основани цркви уште пред исламот да настане - денес со закон не постои друга вера освен муслиманство. Немаат христијаните ни цркви ни можност легално да си ја спроведуваат верската практика. Има многу стррански работници во саудиска арабија кои не смеат да ја исполат својата вера - но муслиманите во лондон имаат на пример можност во џамија да си ја практикуваат верата.
Кога од неутрална гледна точка споредуваш два системи,тогаш зборуваш реално и објективно.
но со самата употреба на изразот Исламска диктатура во саудија,од старт се гледа во која насока ќе ја водиш дискусијата и за кого навиваш.
А кога веќе збориме за примерот кој го наведе има една многу битна работа.
кога тие странски работници одат во с. арабија да работат,знаат каде одат и знаат дека таму владеат други закони и сами си бираат дали се согласуваат со тие услови или не,никој не ги мава по уши да одат.
Додека,на муслиманите во лондон или било кое друго место,на хартија им е загарантирано правото на слободно исповедање на религијата.
На пр. Ти знаеш дека јас сум верник,муслиман и ми нудиш работа на пр. во Шведска и ми велиш: Има работа во шведска,ќе работиш тоа и тоа но нема да бидеш во можност да ја исполиш својата вера,работодавецот не дозволува да се обавува молитва таму каде што работиш.
Јас друже воопшто нема да ја земам во обзир таа понуда ако не ми одговара,а не да ја прифатам па после да се бунам затоа што ќе нема каде да клањам,а нагласено ми е дека тоа нема да ми биде дозволено.