работам во една компанија по 10-12 часа на ден плус некој пат ( скоро секогаш ) и сабота и недела, ова го започнав чисто онака си велам во животот плус 100-200 долари топ, ама испадна да земам и плата и пол накај две плус со работа од 2-3 саата на ден, сега за сега купувам опрема ( последно што земав 3 пц со процесор 4930к ги користам за 3д рендер ), ја меркав камерата на
сони некс фс700 ама некако скупичка ми е, но напролет ( веќе ги обезбедив финансиите ) ќе земам
сони пхикс зе100 снима 4к а тоа ми е најбитно бидејки 2014 е година каде 4к ќе се промовира во светот и неколку телевизии ќе почнат да емитуваат во 4к ( на ју туб веќе имаш опција во 4к да гледаш ), така да кога ќе се инзнабилдам со добра опрема сигурно ќе си станам сам свој газда, бидејќи во компанијата каде што работам ми се случило да ми кажат не знаеш да сликаш, или не те бидува, малку смешно ама тоа е
Впатем... имаше ден дечко ( Љупчо Смоковски ) идеше на форумот ако не се лажам, подолго време работи сток фотографија и фотките му се едни од најпродаваните ( има некој кој му се продадени и по 2000 до 20000 пати )
како ли да е, во сток ( видео фотографија или било што да е ) најбитно е да набилдаш материјал ( видео или фото ), да имаш топ опрема ( не се потпирај со искуство тука во Македонија, тука дури немаш ни телевизија која емитува фул хд, а камо ли 4к да се спремат, значи со опрема треба да бидеш најмалку чекор пред сите ) и најбитно да не се предаваш, една фотографија која си мислел дека ќе ти се продаде 1000 пати не ти се продало ни еднаш, а онаа која си се двоумел и да ја ставиш воопшто ти се продала 1000 пати