Тема "маргинализирани заедници", треба да вклучува :
- сликата од мај, со тоа што можеле да вклучат кревет и бањарка, можеби девојката како си мачка некоја крема, и насмевка/поглед меѓу нив двајцата, нешто што ќе укаже на комфорноста и отвореноста на машко-женскиот однос.
- сликата од ноември е солидна, укажува на поделбата на домашните обврски меѓу двајцата партнери, само требало и женски да уфрлат на сликата, со тоа што би правеле некои "нетипични работи", од типот молерисување, а машките на "полесните" како миење садови. Истовремено, ќе се дадат хинтови за полигамија, што исто така е маргинализирана тематика.
- треба да се додадат слики за циганчињата по улица кои ќе се гушкаат меѓу себе, од сиромашните што питаат со осврт на брчките на нивните раце и отсјајот на железната 50-денарка што им се дава во раката, од инвалид што се вози во парк со куче покрај него, од болни со карактеристична физичка манифестација (Даунов синдром на пример) со нивното семејство, слика од меѓучовечка силна прегратка со реченицата дека некои работи само се чувствуваат, а не се гледаат (за слепите).
Но, ова не е за календар, никој не сака ова да му стои на ѕид.
Така што, можат да бидат било какви фотографии со уметчнички примеси, црно-бели/сепиа, фотографии од прегратки, од меѓучовечки контакт, со насмевки, пријателство, љубов (партнерска, мајчинска, кон постарите)...
И сето тоа, ќе дава некаква позитива и човечност, она што е основата на хуманитарноста.
Било каде да се донираат ваквите слики (на маргинализирани или не-маргинализирани), ја имаат истата хумана и благопријатна-за-гледање-на-ѕид вредност.
Може линк од ланскиот? Не сум упатена, не знаев ни овој дека постои.