Што се однесува до прашањето.
Мора еден краток увод.
Аллах ги праќал своите пратеници оној момент кога западнале во најголема заблуда и неверување и им давал муџизи(чуда) за да го потврдат тоа што го зборуваат.
Така на пр. Муса а.с. е пратен во време кога меѓу неговиот народ била раширена магијата, па на Муса а.с. Аллах му дал способност да фрли стап и тој да се претвори во змија итн итн.
Иса а.с. е пратен кога меѓу неговиот народ е раширена медицината,односно лечењето на разни начини.. па така Аллах му дал способност да оживува мртви,лечи слепи итн итн.
Така и Мухаммед с.а.в.с. е пратен кога меѓу Арапите е најмногу развиена поезијата,арапскиот јазик е познат како јазик со голем број на фондови и развиена поезија и до ден денес.
Куранот е муџиза на Мухаммед а.с. која е непроменета од денот кога почнала објавата,и ден денес има иљадници луѓе кои го знаат напамет и го учат наизуст,што не е случај со ниедна друга книга во светот.
Кога денеска би претпоставиле дека сите,ама баш сите религиски книги во светот ги снемало,нема ниеден ракопис од книгите,што мислиш....Која книга би можеле пак да ја напишеме онаква како што е објавена??
А сега,зошто името Аллах стои како гледиште,не е тоа низ целата книга туку на некои места,некогаш во вид на наредба,некогаш во вид на предупредување,некогаш во вид на одговор,некогаш како дел од разговор кој Аллах го спомнува во Куранот.
Треба да го читаш Куранот за да видиш дека не е така низ целата книга.