- Член од
- 7 мај 2013
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 387
За првиот дел,погрешно си ме разбрал,мислев дека темата на муабет не е берик, туку прашања за исламот.. ако и мурањи мислел на тоа а најверојатно мислел.Јас при една дискусија ти кажав дека никого не сакам да напаѓам некој кој сам се брани. Ситуацијава моментално е 1-1 и можам слободно да те нападнам кроз дискусија бидејќи се наоѓам на твоја територија. Зошто сметаш дека темава не е за Берик кога темава гласи прашања за исламот и одговарање на тие прашања од муслиманите!?Веројатно има право да постави прашање и на истото да добие одговор, а со самото тоа што ќе постави прашање станува дел од таа дискусија и самата тема!
Прашање- одговор!
Така на тематски или на краен испит ме прашуваа, но ова не се тестови туку дискусии и треба да се дискутира, по мое мислење.
Одговорите се наоѓаат во книгите, па така сега наместо та мавам по тастатура можам да ја долистам книгата која ја читам, но со неа нема да можам да дискутирам!
Еве прашање што твојот колега не ми го одговори.
Зошто во Коранот името Алах стои како гледиште и не личи како тој самиот да го пишувал Коранот?
А ако не ми го разбираш прашањето мислам на претходната страна го прецизирав.
А не дека берик нема право да постави прашање итн.
Вториот дел:
Концептот на темава е таков,се поставува прашање на кое одговара муслиман и дава одговор од исламски аспект.
И нема потреба од дискусија после тоа,значи ти и секој што поставува прашање на оваа тема,поставува прашање за да го дознае исламскиот одговор на тоа прашање а не за да се расправаш со мене зошто е тоа така или да ме убедуваш дека е тоа погрешно па ти да ми продаваш некои свои мислења и филозофии.
Со почит за твоето размислување и верување,но не му е место на оваа тема,на друга тема не е проблем ќе дискутираме до утре.
Што се однесува до прашањето.
Мора еден краток увод.
Аллах ги праќал своите пратеници оној момент кога западнале во најголема заблуда и неверување и им давал муџизи(чуда) за да го потврдат тоа што го зборуваат.
Така на пр. Муса а.с. е пратен во време кога меѓу неговиот народ била раширена магијата, па на Муса а.с. Аллах му дал способност да фрли стап и тој да се претвори во змија итн итн.
Иса а.с. е пратен кога меѓу неговиот народ е раширена медицината,односно лечењето на разни начини.. па така Аллах му дал способност да оживува мртви,лечи слепи итн итн.
Така и Мухаммед с.а.в.с. е пратен кога меѓу Арапите е најмногу развиена поезијата,арапскиот јазик е познат како јазик со голем број на фондови и развиена поезија и до ден денес.
Куранот е муџиза на Мухаммед а.с. која е непроменета од денот кога почнала објавата,и ден денес има иљадници луѓе кои го знаат напамет и го учат наизуст,што не е случај со ниедна друга книга во светот.
Кога денеска би претпоставиле дека сите,ама баш сите религиски книги во светот ги снемало,нема ниеден ракопис од книгите,што мислиш....Која книга би можеле пак да ја напишеме онаква како што е објавена??

А сега,зошто името Аллах стои како гледиште,не е тоа низ целата книга туку на некои места,некогаш во вид на наредба,некогаш во вид на предупредување,некогаш во вид на одговор,некогаш како дел од разговор кој Аллах го спомнува во Куранот.
Треба да го читаш Куранот за да видиш дека не е така низ целата книга.