Фискална во рака - награда без мака!

  • Креатор на темата Креатор на темата scary
  • Време на започнување Време на започнување
Честито на добитниците , не верувам дека беше наместено.

Јас учествував со 5 пликоа , но по се изгледа не добив ништо ... кога видов колоната кај шаторот , реков нема шанси овдека , уште и вечерва кога ги видов колку се , ох , којзнае кај се закачиле тие моите , на дно таму, ни багер не ќе ги извадеше.

Колку се збогати македонскиот народ:

-600.000 пликоа , од кои најверојатно 400.000 дошле преку пошта , колку што слушнав едно плико преку пошта коштало 20 денари , тоа се 8 милиони денари = 130.000 евра

-Стан од 52м2 , пошто тој стан е изграден од јавно претпријатие , кошта не повеќе од 20.000 евра (не продажна цена , туку коштало изградбата).
-Нека биде и дуќанот 20.000 евра. (пошто се работи за периферија)
-Автомобилот 10.000 евра
-Останатите ваучери 20.000 евра

130.000 дале за пошта = 70.000 евра добиле награди
Народот= -60.000 евра

Се плашам дека ова исто така влијае кај некого да се зарази во играње Лото , со што добива и државна лотарија.

Да можевме сами да купиме станови ... но сепак во денешно време полесно се добива стан измеѓу 600.000 пликоа , него ли од работничка плата.

600.000 пликоа , а само 120 награди ... вечерва на македонскиот народ му се доделија награди во вредност на тестисите на Букефалот на Аце.
 
130.000 дале за пошта = 70.000 евра добиле награди
Народот= -60.000 евра

Ајде, не се жали, тие 130.000 евра ќе одат кај дилберов, па ќе ги инвестира во човекови права. Види го само како е евроатлатско-јонски настроен:

files.php
 
Приметливо е дека не е целосно посветен на евро-атланските интеграции. Му фали едно знаменце.
Веројатно не ги сака НАТО заради тоа што не интервенираа кога требаше, како кај Србите.
 
Приметливо е дека не е целосно посветен на евро-атланските интеграции. Му фали едно знаменце.
Веројатно не ги сака НАТО заради тоа што не интервенираа кога требаше, како кај Србите.
Нели го водеа на екскурзија, кога му снема ужинка во Харачин? Сигурно се колку-толку другарчиња.
 
Нели го водеа на екскурзија, кога му снема ужинка во Харачин? Сигурно се колку-толку другарчиња.

Па мајку му, можел едно крпче да клај на масана, у име на старо пријатељство. Незахвалник. Изглеа го стаиле да седи на најзадните седишта у аутобусот. По лошо ги памти. Другите имаа, а он немаше за цел пут, раце каде да наслони.
 
Од толку многу логирани на форумов како еден од најактивните македонски форуми, ако само еден се јави да каже дека добил макар 1000 ден. ќе речам дека не е наместено...само еден единдствен...
 
Од толку многу логирани на форумов како еден од најактивните македонски форуми, ако само еден се јави да каже дека добил макар 1000 ден. ќе речам дека не е наместено...само еден единдствен...

Дупли јузери... :свиркам:
 
Имаше пликоа од Тетово,Гостивар и Чаир?
 
naredniot pat i jas ke igram,kako se zaebav sto ne prativ i sega nekolku plika
koj mi dava stan,kola i dukan :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom