Па вака... Постои една добра филозофска мисла која кажува --> Да не беа луѓето смртни, немаше да веруваат во Бог...
Навраќајќи се далеку далеку во минатото, од кога се знае дека постои човекот како единствено разумно суштество; се знае дека тој човек верувал во Богови. Примитивните луѓе, оние кои ни се познати како хомо сапиенс, верувале дека Сонцето е нивни Бог, и кога ќе врнело дожд мислеле дека Господ им се лути... Но од денешна гледна точка најкрајно јасно ни е што е Сонцето уствари, и зошто врне дожд...
Поентата е дека можеби кога луѓето сфатиле дека се смртни, почнале да бараат надеж дека после овој живот ќе живеат вечно во некој друг живот, и со тоа сакале да ја надминат нивната неспособност и ограниченост на нивниот тек на живеење. Има потврдени факти и докази за ова... Некои научници пронашле траги од поленов прав на некој гроб стар илјадници години, и тоа укажува дека луѓето уште тогаш ги чествувале своите мртви, а тоа е многу јасен факт дека верувале во живот после смртта. Јас не негирам дека не постои живот после смртта, и не сум никаков неверник. По вероисповед сум Православен Христијанин и го поштувам тоа што го кажал Исус, но факт е дека исто така не можам да тврдам и дека постои живот после смртта. Но да зборувам малку паралелно со темата....
Христијанството е само една од многуте религии во која се зборува за Бог...Но од друга гледна точка тоа што е напишано во Библијата, НОРМАЛНО дека не може да е така, од проста причина што самиот Исус апсолутно НИШТО не напишал....значи Библијата ја пишувале луѓе...Поминати се 2007 години до ден денешен и многу јасно дека од рака на рака...изменети се многу работи од оние првичните, кои и тие првични ГОЛЕМО прашање е дали се точни и дали го кажуваат тоа што Исус го проповедал. И на крајот на краиштата сведок сум на посебно "религиозните" Папи и Попови кои лежат по затвори, лажат, крадат, т.е. во потесна смисла на зборот НЕ ПОЧИТУВААТ НИЕДНА ЗАПОВЕД од 10-те наведени според Христијанската религија, и истите тие ќаруваат на грбот на храмот од Исус, а тоа е Црквата. Пред некој ден слушнав една доста "фасцинантна" случка --> Поп продал Манастир, купил плац и сега на тој плац си гради куќа... Добро луѓе на која вера припаѓа овој проповедник на Христијанството? На самото Христијанство СИГУРНО НЕ!!! Патем, сведоци сме на 11234923498 војни во минатото кои ги воделе самите Христијани ширејќи го Христијанството. Но тие не воделе војни само против другите религии. Главната војна била помеѓу нив самите. Не знам точно во која година...некаде во 19-иот век, кога за само една ноќ се убиени 30 000 Протестантски верници од страна на Католици. Овој настан е впишан во историјата на најкрвави настани кои некогаш се случиле и тоа помеѓу луѓе од иста верска припадност (Христијани).
Исламот е следната религија после Христијанството... Не сум го читал целосно Коранот, но од она што знам за него е дека зборува НЕ МНОГУ различно од Христијанството...
Ајде сега во најтесна и најпроста смисла да ги реализираме двете религии: Постои Бог нели? И тој е СОВРШЕН! Да, и јас велам дека е така! Но ако тој Бог е совршен, дали може да направи бесмислена работа, која е толку бесмислена, што и ние самите направени, т.е. створени од тој Бог, сфаќаме дека е бесмислена?
Христијанството - познато ни е на сите дека Исус пиел вино, а оттука следствено е јасно дека Христијанството не само што не забранува да се пие алкохол, туку и НЕМА ПРАВО да забрани!
Муслиманството - го забранува конзумирањето на алкохол!
Е сега, на кого да му верувам јас како Христијанин, ти како Муслиман, и тој како (на пример Будист, кај кој има сосема различно толкување не само за алкохолот, туку и за многу други работи)? Дали првобитните луѓе верувале дека Сонцето (т.е. нивниот тогашен Бог), им забранувал да пијат алкохол, или не им забранувал? И што треба да се заклучи од ова сега? Дека Бог направил едни луѓе да пијат алкохол, едни не, едни да веруваат во тоа што го кажал Исус, едни во тоа што го кажал Алах итн...А сите ние луѓе сме исти. Помешај Христијанин и Муслиман...и тие можат да остават потомок, можат да направат дете...Значи нема граница помеѓу НИКОЈ од луѓето...И сеа тоа дете каде ќе припаѓа? Па нели ни е јасно дека е ова една кочница која ние самите си ја правиме? Па не е Бог толку глупав да направи такви бесмисленици...Да ги дели луѓето на класи, па после смрртта, на секоја од тие класи РАЗЛИЧНО да им суди? На крајот на краиштата зошто да им суди?
Како што хомо сапиенс не знаел дека Сонцето е само една ебана ѕвезда од МИЛИЈАРДИТЕ ѕвезди низ овој Универзум, така ниту Исус, ниту Мухамед не знаеле за законите на гравитацијата, не знаеле за квантната физика и самите закони во неа (логички пред се), според кои се погазуваат правците на било која религија................и се така во иднината ќе се појавуваат уште МНОГУ МНОГУ теории кои ќе ги погазуваат старите религии... и ќе се појавуват нови и нови религии кои ќе серат за една иста вистина... дека постои Бог, и ќе се обидуваат да го објаснат... но нажалост, НИКОГАШ нема да можат да го направат тоа...Ова му доаѓа нешто као, кога роботот ќе сфати дека е направен од човекот, и ќе почне да се објаснува, пред се самиот себе, па следствено ќе почне да го објаснува и неговиот создавател, т.е. човекот........ Е ТОГАШ МОЖЕБИ И НИЕ ЌЕ СИ ЗЕМЕМЕ ЗА ПРАВО ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА БОГ И ДА ГО ОБЈАСНУВАМЕ!!! Бог е само она што НИКОГАШ не можеме да си го замислиме... т.е. НИШТО од она што си го објаснуваме и го имаме како претстава за Бог, НЕ Е БОГ!!!