- Член од
- 21 ноември 2012
- Мислења
- 162
- Поени од реакции
- 33
Океј....кажи ми колку проценти од тие што живеат во становите во МК се сопственици? и Колку проценти од тие во УСА се сопственици?Мои роднини почнаа од нула. И двајцата со една плата, едниот во една, другиот во друга држава. И двајцата немаат свој приватен бизнис, работат за друг, немаат ни партиски бенефити. Сега нивните деца се школувани, имаат работа, имаат свои куќи и станови и ред други нормални услови за живот. Дел од животот, младоста нормално го жртвувале за да го постигнат сево ова.
Прашањето е дали во Македонија ако почнеш од нула, без работа на црно и без партиски бенефити, како работник за друг газда, можеш да купиш макар и 1 стан? Ако пресметаш дури и со 2 факултетски плати (кои просечно се 15-25 илјади) што претполага подобри примања во нормална држава, без помош од страна е практично невозможно. Ако живееш максимално штедливо, со овие цени во нагорна линија, каматите, платите и несигурните работни места потребни се негде цел работен век за само 1 стан...а децата, а работа и дом за нив? И ова е под услов редовно да примаш плата согласно пораст на цени, ниеднаш да не си отпуштен ниту да имаш одвишок трошоци за бела техника, свадба, возило...живот како амишите. И пред се услов да имаш нешто за под хипотека.
Ова го пресметале и Јутарњи.хр, но и без тоа пресметај колку се трошоци од потрошувачка кошница или колку трошиш месечно и спореди го тоа со нека се и 2 плати од по 20.000. Ова подолу се пресметки кога цените беа многу пониски.
Станот како доживотно прашање
Со просечна цена на метар квадратен од 1.100 евра, толкав стан во Скопје кој се отплаќа 25 години со камата на кредит од 9,70%, чини 175.800 евра. Со оглед на просечната македонска плата од 330 евра, за тој стан мора да се работи 44,4 години и тоа под услов да се дава целата плата, иако таа не е доволна да се покрие ратата од 586 евра.
За 60 квадрати стан во Љубљана, Словенец со тамошна просечна плата од 970 евра треба да работи 16 години,
Во Белград за стан од 60 квадрати, мора целата своја плата да ја издвојува секој месец следните 52 години.
Сараевчанец со просечна плата од 400 евра, станот ќе го отплаќа 43 години и 9 месеци.
жителите на Подгорица за кров над глава мора да работат 25 години и 3 месеци.
Хрват со просечна плата од 736 евра, ќе мора да работи 22,6 години за стан кој сосе каматата од 6,75% би чинел 198.173 евра
Ај еден хинт: 95% македонци имаат сопственост на станот, nasproti 65 vo usa...
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_home_ownership_rate
--- надополнето: 29 декември 2013 во 15:58 ---
Ова ја сумира цела тема и нема потреба од коментар.Не е побогат. Финтата е што со емигрирањето почнуваш ептем од нула. Дипломата најчесто не ти ја признаваат. Во најдобар случај ако ти ја признаат наоѓање работа по струка е скоро невозможна мисија исто ко и тука. Си има западот свои кадри, да чекаа на нас кај ќе им беше крајот.
Се на се ќе ти одат 10 години од животот колку толку минимално да се снајдиш. Али битно на лето гастербајтерот мора да дојди и да се чалами, демек еве богат сум видете ме. А на одење дома си зема ајвар да ја помини годината со лепче и ајварче.